Брзина на звукот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Брзината на звукот c (од лат. celeritas - забрзува) варира во зависност од материјата низ која поминува самиот звук.

Најчесто овој термин се однесува на брзината на звукот во воздухот. Тука брзината зависи од атмосферсите услови, при што најважен фактор е температурата, додека воздушниот притисок нема никакво влијание. Звукот патува побавно со зголемена алтитуда, главно како резултат на промената на температурата. Просечната брзина на звукот (во метри на секунда) може да се пресмета со формулата:


c_{\mathrm{v}} = (331{.}5 + (0{.}6 \cdot \theta)) \ \mathrm{m/s}\,

каде што \theta\, (тета) е температурата во степени Целзиусови.