Оксидационен број

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оксидациониот број или состојба е број со помош на кој полесно се објаснуваат процесите на оксидација и редукција. Неговите вредности се добиваат во зависност од тоа за кој хемиски елемент се работи, потоа дали станува збор за атоми, молекули и слично.

Оксидационите броеви се пишуваат над симболот на дадениот елемент во формулата на молекулата, јонот или дефинираната единка. Притоа, прво се пишува предзнакот (+ или -), а потоа, со арапска бројка, бројната вредност на оксидациониот број.

Вредности на оксидациониот број[уреди]

Оксидациониот број може да ги има следните вредности кај различните хемиски елементи:

  1. Оксидационите броеви на едноатомски јони се еднакви со релативниот електричен полнеж што јоните го имаат.
  2. Оксидционите броеви на атомите во простите супстанции се еднакви на нула.
  3. Оксидационите броеви на атомите од алкалните метали се секогаш еднакви на +1, оние на атомите од земноалкалните метали се секогаш еднакви на +2.
  4. Вредноста на оксидациониот број за атомите од флуорот е секогаш еднаков на -1.
  5. Оксидациониот број на атомите од кислородот во најголем дел од неговите соединенија (без пероксидите и некои други соединенија) е -2.
  6. Оксидациониот број на атомите од водород во најголем дел од неговите соединенија (без хидридите на металите, кои имаат оксидационен број на водородот -1) е +1.
  7. Збирот на оксидационите броеви на сите атоми во една молекула или неутрална дефинирана единка е нула, а во еден јон е еднаков на неговиот релативен електричен полнеж.