Елементи од група 3

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Елементите од третата група се хемиски елементи кои ја сочинуваат третата вертикална колона од периодниот систем.

МУЧПХ нема предложено специфична форма на периодниот систем, па затоа се користат најразлични конвенции за третата група. Следните преодни метали од d-блокот се сметаат секогаш за дел од оваа група:

Кога се дефинира остатокот од групата 3, постојат четири различни конвенции. (Види и Број на група на лантанидите и актинидите):

  • Некои периодни системи [1] ги вклучуваат лантанот (La) и актиниумот (Ac), кои се почетните елементи на лантанидите и актинидите, соодветно, како останатите членови на групата 3. Во нивните најчесто вбројувани трипозитивни јонски форми, овие елементи не поседуваат делумно пополнети f-орбитали, како резултат на што имаат својства на елементите од d-блокот.
  • Некои периодни системи [2] ги вклучуваат лутециумот (Lu) и ловренциумот (Lr) како останатите членови на групата 3. Овие елементи се крајни во редовите на лантанидната и актинидната серија, соодветно. Овој распоред е застапуван од Глен Т. Сиборг. Додека f-обвивката е пополнета во најниското енергетско ниво на електронската конфигурација кај двата елемента, тие повеќе се однесуваат како метали од d-блокот на елементи отколку како лантаниди и актиниди, поради што пројавуваат многу слични својства со Sc и Y. За Lr, ова однесување е очекувано, но не е набљудувано бидејќи од овој елемент не можат да се издвојат доволни количества.

Постојат и трета и четврта алтернатива за елементите од третата група:

  • Третата алтернатива е онаа која ги вбројува лутециумот, ловренциумот и сите 28 лантаниди и актиниди во групата 3. Лантанидите, како електропозитивни тривалентни метали имаат блиска хемија и сите покажуваат сличности со Sc и Y.
  • Четвртата алтернатива е онаа која ги изостава лутециумот, ловренциумот, лантанидите и актинидите од групата 3. Лантанидите поседуваат додатни својства карактеристични за нивните полупополнети f-орбитали кои не се својствени за Sc и Y. Понатаму, актинидите покажуваат многу поголема хемија (на пример, со оксидационите броеви) во нивните серии отколку лантанидите, со што споредбите со Sc и Y се помалку корисни.

Наоѓање[уреди]

Скандиумот, итриумот и лантанидите (со исклучок на прометиумот) се наоѓаат заедно во земјината кора и се релативно позастапени во споредба со повеќето метали од d-блокот, но се често потешки за екстракција од нивните руди.

Надворешни врски[уреди]


Листа на елементи

Име | Атомски симбол | Атомски број | Точка на вриење | Точка на топење | Густина | Атомска маса
Групи:   1 -  2 -  3 -  4 -  5 -  6 -  7 -  8 -  9 - 10 - 11 - 12 - 13 - 14 - 15 - 16 - 17 - 18
Периоди:  1  -  2  -  3  -  4  -  5  -  6  -  7  -  8  -  9
Серии:   Алкали  -  Земноалкални  -  Лантанидиs  -  Актиниди  -  Преодни метали  -  Сиромашни метали  -  Металоиди  -  Неметали  -  Халогени  -  Благородни гасови
Блокови:  s-блок  -  p-блок  -  d-блок  -  f-блок  -  g-блок