Амфотерност
Во хемијата, амфотерноста е особина на некои супстанци да покажуваат својство на киселина или база. Зборот потекнува од грчката претставка амфи (αμφί-) што значи "обајцата". Многу метали (како цинк, калај, олово, алуминиум и берилиум, како и повеќето металоиди) имаат амфотерни оксиди или хидроксиди.
Друга класа на амфотерни супстанци се амфипротичните молекули кои можат или да оддадат, или да прифатат протон. Примери за вакви супстанц се амино киселините и протеините, кои имаат амино и карбоксилна група, како и самојонизирачките соединенија како водата и амонијакот.
[уреди] Амфотерни оксиди и хидроксиди[1]
Цинк оксид (ZnO) реагира различно во зависност од pH на растворот:
Во реакција со киселини: ZnO + 2H+ → Zn2+ + H2O
Во реакција со бази: ZnO + H2O + 2OH- → [Zn(OH)4]2-
Овој ефект може да се искористи за да се одделат различни катјони, како на пример, цинкот од манганот.
Алуминиум хидроксидот се однесува на сличен начин:
База (неутрализирајќи киселина): Al(OH)3 + 3HCl → AlCl3 + 3H2O
Киселина (неутрализирајќи база): Al(OH)3 + NaOH → Na[Al(OH)4]
Некои други примери се:
- Берилиум хидроксид
- со киселина: Be(OH)2 + 2HCl → BeCl2 + 2H2O
- со база: Be(OH)2 + 2NaOH → Na2Be(OH)4
- Олово оксид
- со киселина: PbO + 2HCl → PbCl2 + H2O
- со база: PbO + Ca(OH)2 +H2O → Ca2+[Pb(OH)4]2-
- Цинк оксид
- со киселина: ZnO + 2HCl → ZnCl2 + H2O
- со база: ZnO + 2NaOH + H2O → Na22+[Zn(OH)4]2-
Некои други елементи кои образуваат амфотерни оксиди се: Si, Ti, V, Fe, Co, Ge, Zr, Ag, Sn, Au[2]
[уреди] Наводи
- ↑ C.E. Housecroft and A.G. Sharpe, "Inorganic Chemistry" (2nd edn, Pearson 2005), p.173-4
- ↑ CHEMIX школа & лабораторија - софтвер за изучување на хемијата, од Арне Станднес (потребно е симнување на програмата)