Нико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нико
Нико при изведба.
Нико при изведба, 1985
Животописни податоци
Родено имеКриста Пефген
Роден(а)16 октомври 1938(1938-10-16)
Келн, Германија
Починал(а)18 јули 1988(1988-07-18) (возр. 49)
Ибица, Шпанија
Жанровиавангардна музика, готски рок, фолк-рок
Занимањапејачка, текстописец, композитор, музичар, модел и глумица
Инструментивокал, синтисајзер
Период на активност1954–1988
Издавачи

Нико (германски: Nico) родена како Криста Пефген (Christa Päffgen, Келн, 16. октомври 1938Ибица, 18. јули 1988), била германска пејачка, текстописец, композитор, музичар, модел и глумица.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Раѓање и младост[уреди | уреди извор]

Родена е на 16 октомври 1938 година во Келн во тогашна нацистичка Германија под името Криста Пефге. На две години се преселила во малиот град Шпревалд во Берлин каде живеела со мајка ѝ и дедо ѝ железничар до крајот на втората светска војна. Татко и починал во Концентрационен логор.

После бегството од руската окупациона зона во 1946 година, Криста и нејзината мајка се нашле во тогашна осиромашена амаериканска окупациона зона во Берлин. За да би преживеела и да би заработила за своето образование, Криста била присилена да почне да работи веќе од своите 13 години како кројачка и благајник во продавница.

После година дена нејзината мајка и пронашла работа како модел во една берлинска модна агенција што ѝ го одредила понатамошниот тек на животот. Во петнаесеттата година по задача на модната агенција била пратена на острвот Ибица каде го запознала фотографот кој ја нарекол Нико, според нејзиниот избеган дечко Нику Папатакису. Подоцна тој фотограф го сретнала и во Париз како сопственик на ноќен локал.

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Нејзиното доаѓање на островот бил почеток на судбинската поврзаност со Ибица, летувалиште на популарните и модни луѓе од филмови и шоу бизнисот. Тие познанства во 1958 ѝ овозможиле улога во кратка сцена на филмот „По првпат“ со тогашниот многу популарен Марио Ланца во режија на Рудолф Мате.

Во 1959 година, во вилата на својот пријател во Рим, Нико го запознала Федерико Фелини кој ја повикал на снимање на својот филм „Сладок живот“ (La dolce vita). Фелини го воочил нејзиниот талент па веднаш ѝ понудил помала улога во овој филм. Така, најзиниот углед во филмскиот и модниот круг пораснал, па Нико и нејзината мајка во Париз потпишале договор со една позната модна агенција. Наскоро, нејзините фотографии се појавиле по рекламите ширум светот. Париз станал нејзин дом во наредните пет години, а времето често го поминувала и на Ибица.

Во 1960 година, Нико како модел отишла во Њујорк каде земала часови за глума кај Lee Strassberg, припремајќи се за сериозна филмска кариера. Во декември 1962 година, таа добила голема улога во францускиот филм „Стриптиз“ каде го запознала Серж Генсбур кој бил продуцент на насловната песна за филмот. Во 1969 година, таа го запознала филмскиот режисер Philippe Garrel во Италија и со него во следните пет години снимила десетина неуспешни филмови на разни необични локации во светот.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Нико во 1964 се сртнала со Брајан Џоунс кој ја запознал со менаџерот на Ролинг Стоунс и така таа го снимила својот прв сингл „I'm Not Sayin“ во продукција на Џими Пејџ.

Кога се вратила во Њујорк на крајот на 1964 година, Нико продолжила со својата работа како модел, но продолжила и со пеење во познатиот Blue Angel Lounge. Во тоа време, таа имала кратка љубовна врска со Ален Делон кого го среднала во 1962 во Италија. Во таа врска, Нико забременила и родила син. Подоцна, во Париз, таа го запознала Боб Дилан кој ѝ ја поклонил песната „I'll Keep It with Mine“ која подоцна била објавена на нејзиниот прв албум „Chelsea Girl“. Дилан подоцна на својот албум „Blonde on Blonde“ напишал и посвета за Нико, наречена „Visions of Johanna“.

Легендата вели дека Нико, запознавајќи се со Енди Ворхол, едноставно рекла: „Сакам да пеам“ и тој ја запознал со членовите на групата Велвет андерграунд кои биле дел од „Exploding Plastic Inevitable“. Тогаш, Нико престанала да се занимава со својата дотогашна работа како модел и целата година ја поминала со членовите на групата на турнејата. Притоа, таа ѝ се придружила на групата и пеела во некои песни од првиот албум на Велвет андерграунд, како: „Femme Fatale“, „All Tomorrow's Parties“ и „I'll Be Your Mirror“, учествувајќи во снимањето на легендарниот албум „Велвет Андерграунд и Нико“ (1967).

Нико паралелно настапувала во познати клубови во кои тогаш настапувале најпопуларните музичари. Тогаш, Нико се свртела кон соло-кариера поради проблематичните одниоси со Џон Кејл и со Лу Рид. Во 1967 година, таа го издала својот прв албум „Chelsea Girl“ кој содржел песни на Рид и Кејл, како и песни на Боб Дилан. Нејзиниот длабок наркотичкни едноличен глас станал нејзин заштитни знак, исто како и нејзиниот изглед.

Џон Кејл бил продуцент на нејзините први три албуми, полни со мрачни тонови, чудни звуци и чувства. На турнеите одела ретко, во главно во Шпанија и Франција, како и во Њујорк. Нејзините настапи во тоа време биле незаборавни искуства. Нејзината музика била преполна со индиски звук и кај слушателите одекнувала многу мистична и интензивно.

1976 година Нико ја поминала во Њујорк а во 1981 година се преселила во Лондон поради снимањето на албумот „Drama of Exile“. Во тоа време, таа повремено настапувала главно со млади музичари, а музичкиот стил ѝ станал мистично-оријентален, што било во контрадикција со нејзините претходни настапи проследени со неизбежните цигари и пијалаци.

Во 1985 година, Нико го издала својот нов албум „Camera Obscura“ со стариот продуцент Џон Кејл. Албумот со својата атмосфера и неговата изведба бил некој вид посвета на темните страни на улицата. Младата публика ја доживеала како панк-божица, а звукот на албумот одлично се вклопил во тогашните текови на музиката во 1980-тите.

Смрт[уреди | уреди извор]

На 18 јули 1988, возејќи се со велосипед на Ибица доживела мозочен удар од кој паднала од велосипедот. Минувачите ја пронашле без свест и истиот ден починала во локалната болница. Нејзиниот пепел бил погребан во Берлин, во гробницата каде е погребана и нејзината мајка Маргарета, во присуство на неколку пријателки.

Влијание[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, режисерката Сузана Никјарели (Susanna Nicchiarelli) го снимила музичко-биографскиот филм „Нико, 1988“ во која е прикажана последната година од животот на Нико, кога таа живеела во Манчестер.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Talevski, Nick (2006). Knocking on Heaven's Door: Rock Obituaries. London, UK: Omnibus Press. стр. 462. ISBN 1846090911.
  2. Nico, 1988., talijansko-belgijski film (пристапено на 3.1.2023)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Нико на Find a Grave (англиски)