Кристен Бел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристен Бел
Head and shoulders of young, blond woman with hair curling below her shoulders, smiling.
Роден(а) јули 18 1980 (1980-07-18) (33 г.)
Хјунингтон Вудс, Мичиген, САД
Занимање актерка
Партнер Дакс Шепард (2007-)

Кристен Ен Бел (родена на 18 јули 1980) е американска актерка. И покрај тоа што нејзината прва улога во “Полска Венчавка” не беше акредитирана, таа претходно се појави во театарската продукција. Во 2001 таа го направи своето прво деби на Бродвеј, играјќи ја улогата на Беки Тачер во филмот “Авантурите на Том Соер”. По преселувањето во Лос Анџелес, Кристен гостуваше во различки телевизии и играше некои мали улоги, пред да и биде доделена главната улога во филмот “Спартанец” во режија на Дејвид Мамет. Таа стекна слава и доби добра критика за нејзината улога во телевизиската серија “Вероника Марс” која се емитуваше во периодот од септември 2004 до мај 2007. За нејзината улога во оваа серија многу критичари и гледачи сметаа дека треба да биде номинирана за Еми награда.

Бел ја играше улогата на Мери Лејн во мјузиклот “Мичман Лудило” која е реприза на улогата што ја имаше во Њујоршката театарска продукција, на којашто беше базиран филмот.Таа исто така ја толкуваше главната улога во “Пулс” римејк на филмот “Јапонски хорор”. Во 2007 таа се приклучи на актерската екипа на американската научно-фантастичка телевизиска серија “Херои”, каде ја играше улогата на Ели Бишоп, и во американската драмска телевизиска серија “Озборувачка” таа беше почесен наратор. Во 2008 таа го игра насловниот лик во комедијата “Заборавањето на Сара Маршал”. Оттогаш се појавува во голем број на комедии како што се : “Навивачи”, “Одмор за двојки”, и “Кога сте во Рим”. Бел го позајми својот глас на ликот Кора во цртаниот филм “Астробој”, а исто така го позајми и нејзиниот лик на Луси Стилман во видео играта “Разбојници”. Бел освои “Награда Сателит”, награда “Сатурн”и неколку пати беше номинирана за награда од здружението на филмски критичари и за најдобра тин актерка.


Раните години и семејство[уреди]

Бел е родена и порасната во Хунтингтон Вудс, Мичиген- предградие на Детроит. Таа е ќерка на Том Бел, директор на одделот за вести на телевизијата “WOAI-TV” во Сан Антонио и на Лорелеи Бел- медицинска сестра. Бел има полско и шкотско потекло. Нејзните родители се разведоа кога таа имаше 2 години, и има две полу-сестри, Сара и Џоди, од вториот брак на нејзиниот татко. Таа има 2 полу- браќа и 2 полу-сестри од вториот брак на мајка и со Џон Рејмонд Аведијан : Лаура, Меган, Џон и Мет. Бел има "кривоглед" на нејзиното десно око, кој го има наследено од нејзината мајка која го корегирала тоа како дете. Бел вели дека ако не се наспие доволно, болеста се влошува. Нејзиното десно око таа го нарекува “Wonky”(криво).

Кога Бел имала 4 години таа не си го сакала името. Нејзината мајка ја убедила да го употребува нејзиното средно име Ана наместо Кристен. Таа го користела името Ана се до средно училиште. Завршила основно училиште во Хантингтон Вудс. Непосредно пред нејзината прва година во средно училиште нејзините родители одлучиле да ја повлечат од јавниот школски систем. По што таа учеше во Католичката гимназија во близина на Ројал Оак, каде што членуваше во драмскиот и музичкиот клуб. За време на нејзините средношколски години таа ја доби главната улога во “Волшебникот од Оз” (1997) играјќи ја улогата на Дороти Гејл, и исто така се појави во “Свирачот на покривот”(1995), мјузиклот” Девојко, биди добра”, и “Лил Абнер”. Во 1997 таа заврши средно училиште. Таа беше избрана за најубава девојка според гласањето на матурантите.

Кога таа имаше 17 години, нејзината најдобра другарка која таа ја запозна на возраст од 11 години, загина во сообраќајна несреќа. Во врска со тоа Бел изјави дека тоа било најдобрата и најлошата работа која и се случила {....} “откако ке се научиме да не ги земаме луѓето здраво за готово ке живееме многу посреќен живот “.

Набргу по завршувањето на нејзиното средно училиште, Бел се пресели во Њујорк за да се школува на Њујоршкиот колеџ за уметност- отсек музички театар, кој е еден од 15 колеџи во рамките на Њујоршкиот Универзитет. Во 2001 за време на нејзината последна година од студирањето таа зеде учество во Бродвејската музичка комедија “Авантурите на Том Соер”.

Кариера[уреди]

Почетоци[уреди]

Во 1992 Бел ја имаше својата прва аудиција на која доби двојна улога како банана и дрво во претставата “Парталавите Ен и Енди “ во режија на театраската продукција на предградието Детроит. Нејзината мајка и најми менаџер пред таа да наполни 13 години, кој дозволи таа да се појави во реклами во весници за неколку компании во Детроит како и во телевизиски реклами. Исто така таа почна да посетува и приватни часови по глума. Во 1998 таа имаше неодобрено појавување во филмот “Полска Венчавка”.

Во 2001 Бел го напушти Њујоршкиот Универзитет за да ја игра улогата на Беки Тачер во краткотрајниот бродвејски мјузикал “Авантурите на Том Соер”. Истата година таа ја доби првата акредитирана улога во “Пути Танг”. Во 2002 таа се појави во обновениот “Лов на вештерки” заедно со Лијам Нисон, Ангела Бетис и Лаура Линеј. Бел се пресели во Лос Анџелес, Калифорнија во 2002 поради нејзиното пријателство со режисерите Кевин Марфи и Ден Стјудни, каде што се појави во многу телевизиски шоуа како специјален гостин. Во 2003 таа доби улога во филмот “Кралот и кралицата на месечевиот залив” кој се емитуваше на телевизијата “Халмарк”. Бел се појави и во шоуто “Панк”.

Пробив во филмската индустрија[уреди]

Head and shoulders shot of wide-eyed, young blond woman smiling into the camera.left
Бел на снимањето на Вероника Марс

Во 2004 година Бел се појави во филмот “Изборот на Грејс” кој се емитуваше на телевизијата “Лајфтајм”(Lifetime), и се здоби со голема популарност. Таа го направи своето филмско деби во “Спартанец” во режија на Дејвид Мамет, каде глуми заедно со Вал Килмер, играјќи ја улогата на Лаура Њутон, ќерка на претседателот на САД која е киднапирана. Бел глумеше и во две епизоди во драмата “Дедвуд”, која се прикажува на “HBO” (“Булок се враќа во кампот” и “Страдањето на малите деца”).

На возраст од 24 години таа ја доби насловната улога во драмата “Вероника Марс”, која беше пуштена во етер есента 2004 година. Во режија на Роб Томас, Бел глумеше 17 годишна девојка Вероника заедно со актерите Енрико Колантони, кој го играше нејзиниот татко- Џејсон Доринг, Песи Дагс, и Рајан Хансен. Бел забележа голема сличност помеѓу ликот на Вероника и неа- нејзините родители се разведени и нејзината најдобра пријателка загина, исто како и на Вероника. Филмот доби позитивни оценки од телевизиските критичари, а исто така и глумата на Бел во филмот беше оценета како одлична. Некои критичари сметаа дека била незабележлива меѓутоа заслужува номинaција за Еми награда.

Во 2005 Бел се појави во мјузикот “Мичман лудило” , каде ја репризира улогата која ја толкуваше во краткотрајниот мјузикл на не-бродвејскиот театар во 2001. Филмот беше сатира на истоимениот филм од 1936 година. Премиерата на филмот беше прикажана на телевизијата “Шоутајм” на 16-ти април 2005 година. На 18 септември 2005 Бел ја изведе главната музичка тема од серијата “Слава” на 57-то доделување на Еми наградите. Таа, заедно со актерската екипа од Вероника Марс освоија номинации за 2 тин награди.

Во 2006 Бел ја освои наградата “Сатурн” за најдобра телевизиска актерка за нејзината глума во Вероника Марс, а серијата беше номинирана за најдобро телевизиско шоу. Покрај тоа што Бел беше ангажирана со улогата на Вероника Марс, во април таа ја толкуваше и Грејси во филмот “Педесет апчиња”, запис за филмскиот фестивал Трибека. Таа се појави во краткиот филм со наслов “Рецепт” и хоророт “Римјанин”, кој е во режија на Ангела Бетис, актерка со која ги глумеа главните улоги во “Лов на Вештерки”. Филмот “Пулс” беше пуштен на 11 август 2006 каде Бел ја играше улогата на Мети. Овој филм е римејк на јапонскиот хорор фим “Каиро” и заработи 27.9 милиони долари на светско ниво меѓутоа доби негативни оценки од критичарите. Франк Шек новинар во магазинот “Холивуд Репортер“ даде свој коментар за филмот во кој потенцираше дека на младата актерка подобро и лежи улогата на Вероника Марс отколку онаа што ја игра во овој филм.

Досегашни и идни улоги(2007- до денес)[уреди]

“Вероника Марс” продолжи да се емитува на телевизијата “UPN” до третата сезона. Третата сезона таа беше обновена и започна со емитување на новосодадената телевизија “CW”. На 19 јануари 2007 директорот на телевизијата Дан Остроф објави дека серијата ке биде ставена на пауза, а наместо неа ке биде емитувана нова серија “Пусикет Долс”. На 17 мај 2007 беше најавено укинување на серијата. Дво-часовната финална серија се емитуваше во САД на 22 мај 2007 година, а на 11 јуни 2007 Томас официјално објави дека емитувањето на “Вероника Марс” е укинато од страна на “CW”. Меѓутоа беше дискутирано за продолжение на оваа серија и за кратко време беше предложена уште една соработка меѓу Бел и авторот Томас која не е поврзана со серијата “Вероника Марс“.

По откажувањето на “Вероника Марс”, Бел изрази интерес за учество во американската научно-фантастична серија “Херои”. Пред да биде дел од актерската екипа, Бел била обожавател на серијата. На 29- ти јули 2007 кога Бел се враќала дома во Лос Анџелес, од Конвенцијата во Сан Диего, заедно со актерите од “Херои”- Захари Квинто и Маси Ока, од страна на режсерите таа доби понуда за улога во истоимениот филм, која таа ја прифати. И беше понудена и улога во “Изгубени”, но таа ја одби, па улогата ја доби Шерлот Стејплс Луис. Во август 2007 беше објавено дека Бел ке ја игра улогата на Ели Бишоп “мистериозна млада жена” со “неверојатна моќ”. Таа немаше аудиција за оваа улога. За првпат се појави во оваа улога во епизода која беше емитувана во октомври 2007, и ке биде дел од серијата и во следните 13 епизоди. Паралелно со снимањето на “Херои” таа се појавува и како насловен лик во серијата “Озборувачка”.

Кратко време по откажувањето на Вероника Марс, во почетокот на 2007 година Бел снимаше во Хаваи за нејзината главна улога, во комедијата на Џуд Апатоу “Заборавањето на Сара Маршал”. Таа истакна дека импровизаторската комедија во филмот е “прекрасно искуство”.Сценариото на филмот е напишано од Џејсон Сегел, кој исто така игра улога во филмот, и за прв пат беше пуштен на 18 април 2008. Бел го позајми својот глас во видео играта “Разбојници” која беше пуштена во продажба на 13 ноември 2007 за Плејстејшн 3 (PlayStation 3) и Xbox 360, а на 8 април беше објавена и верзијата на играта за компјутер. Пролетта 2006 Бел го заврши снимањето на Војна на ѕвездите.Бел го позајмува својот глас на ликот Марибел во анимираниот филм “Sheepish”, кој е објавен во 2008. Таа играше и во комедијата “Месечина” заедно со Мег Рајан и во “Одмор за двојки”, каде се прикажани четири двојки кои се на одмор на тропски остров и присуствуваат на сесии за подобрување на нивниот заеднички живот. Џејсон Бејтман го игра нејзиниот сопруг. На 31 март таа започна со снимање на филмот “Кога сте во Рим” во режија на Марк Стивен Џонсон, снимен на локација Њујорк- Рим. Филмот беше пуштен во 2010 година. Во филмот "Американско патување" таа ја репризира улогата на Сара Маршал, продолжение на филмот “Заборавањето на Сара Маршал”, пуштен на 4 јуни 2010.

Бел изјави дека кога ке заврши со нејзините телевизиски и филмски улоги, сака да се врати повторно во театарот. Таа, Кристина Агилера и Шер се појавуваат во главните улоги во филмот- мјузикал “Бурлески”,чија премиера беше пуштена на Денот на Благодарноста во 2010. Бел имаше кратко појавување во Врисок 4, кој беше пуштен во етер на 15 април 2011. Се појавува и во филмовите “Сите сакаат китови” и “Танцот на Мирлитонoви”.

Бел го прикажува ликот на Марија Магдалена во ”Вистина и живот”- извадок од библијата”.

Во медиумите[уреди]

Во 2005 Бел од страна на магазинот Џејн беше прогласена за “една од 11- те луѓе, кои се најмногу посакувани да бидат видени голи ” а во 2006 Бел беше избрана на “Најсексапилната вегетаријанка во светот ” од страна на оранизацијата за заштита на животните (PETA). Бел се најде на 68-то место на листата за најсекси личности направена од магазинот Максим во 2006, а во 2007 беше на 46-тото место. Исто така магазинот Максим во 2006 ја прогласи Бел за една од најсексипилните полициски инспекторки. Во 2008, таа се најде на 59-тото место на листата направен од веб порталот Ask men.com. Бел од страна на магазинот “Визард” беше изберена за една од 4-те најсекси жени на телевизија.

Таа за себе рече дека никогаш не се сметала за женствена, затоа што секогаш играла улоги на девојки кои се 10 години помлади од неа. Покрај нејзиниот селебрити статус, Бел изјавува дека не е загрижена бидејќи никој и онака не ја препознава. Таа e повремен гостин во ноќното шоу на Крег Фергусон. Во јануари 2011 беше објавено дека таа ке биде новото лице на козметичката компанија “Неутрогена”.

Личен живот[уреди]

Bell leans forward over a table, signing autographs.
Бел во Сан Франциско, 2005

На возраст од 11 години Бел стана вегетаријанка. Во интервју со организацијата за заштитa на животните (PETA) таа изјави: "Отсекогаш сум ги сакала животните.Тешко ми е кога сум одвоена од нив и кога не ги милувам моите миленичиња. Никогаш не ме привлекуваше вкусот на месото. Отсекогаш сум го сакала зеленчукот".

За време на нејзиниот престој во Мичиген, Бел посвои животни од центарот за заштита на животните во Мичиген, и таа ја поддржува кампањата на “организацијата за добробит на животните” во Сан Диего. Бел често учествува на собирањето на добротворни прилози за “Асоцијацијата за заштита на животните”(ASPCA) и други не-профитни организации кои се посветени на заштита на животните.Таа има повеќе кучиња од различни раси : Лола- мешавина од Велшки кардиган и Чау-Чау, Шејки- мешавина од Вешки кардиган и Чивава, и Седи од расата Лабрадор Ретривер, кој имаше 11 години кога беше спасен од ураганот “Катрина” и посвоен од страна на Бел во 2005.

Таа, заедно со тимот кој работеше на Вероника Марс, вклучувајќи го и нејзиниот пријател Рајан Хансен се дел од добротворна организација која е против насилното земање на децата во армијата во Африка. Целта на оваа организација е да ја крене свеста на Северна Уганда која е среде граѓанска војна помеѓу владата и армијата на Џосеф Кони. Бел даде свој допринос и во организацијата за подобрување на начинот на живот “Направете нешто”(Do something).

Бел ја даде својата поддршка на Барак Обама за време на претседатеските избори во 2008. Заедно со Рашида Џонс таа го посети Мисури каде дискутираше за кандидатите и ги охрабри граѓаните да гласаат. Бел ја искажа својата поддршка во штрајкот на “Здружението на писателите на Америка”, во врска со што таа изјави : “Писателите само бараат правда”.

Во 2007 таа ја прекина 5 годишната врска со нејзиниот вереник Кевин Мен,и започна да се гледа со актерот Дакс Шепард, а во јануари 2010 се вери со него. За магазинот “Комплекс” таа изјави дека отсекогаш била моногамист. Бидејќи нејзиното потекло е од Детроит, таа е обожавател на хокеј тимот Detroit Red Wings.


Филмографија[уреди]

Филм и телевизија
Year Title Role Notes
1998 Polish Wedding Teenage Girl (uncredited)
2001 Pootie Tang Record Executive's Daughter
2002 The Cat Returns Hiromi (voice) English version
2002 People Are Dead Angela's Friend #1
2003 The Shield Jessica Hintel Episode: "The Quick Fix"
2003 American Dreams Amy Fielding Episode: "Act of Contrition"
2003 The O'Keefes Virginia's Owner Episode: "Substitute Teacher"
Episode: "Jobs"
2003 The King and Queen of Moonlight Bay Alison Dodge TV movie
2003 Everwood Stacey Wilson Episode: "Extra Ordinary"
2004 Gracie's Choice Gracie Thompson TV movie
2004 Spartan Laura Newton
2004 Deadwood Flora Anderson Episode: "Bullock Returns to the Camp"
Episode: "Suffer the Little Children"
2004 to 2007 Veronica Mars Veronica Mars 64 episodes
2005 Last Days of America Friend in New York #1 Video
2005 Reefer Madness: The Movie Musical Mary Lane
2005 Deepwater Nurse Laurie
2005 The Receipt Pretty Girl Short film
2006 Fifty Pills Gracie
2006 Pulse Mattie
2006 Roman The Girl / Isis
2007 Flatland: The Movie Hex (voice) Short film
2007 to 2008 Heroes Elle Bishop 12 episodes
2007 to present Gossip Girl Gossip Girl (voice) 87+ episodes
2008 Forgetting Sarah Marshall Sarah Marshall
2008 Fanboys Zoe
2009 Serious Moonlight Sara
2009 The Cleveland Show Mandy (voice) Episode: "Da Doggone Daddy-Daughter Dinner Dance"
2009 Astro Boy Cora (voice)
2009 Couples Retreat Cynthia
2009 to 2010 Party Down Uda Bengt Episode: "Stennheiser-Pong Wedding Reception"

Episode: "Party Down Company Picnic"

2010 When in Rome Beth
2010 Astro Boy vs. The Junkyard Pirates Cora (voice) Video short
2010 Get Him to the Greek Sarah Marshall Cameo
2010 Lost Masterpieces of Pornography June Crenshaw Video short
2010 You Again Marni Olivia Olsen
2010 Burlesque Nikki
2010 Movie 43 Supergirl Post-production
2011 Scream 4 Chloe Hale Cameo
2011 Dance of the Mirlitons Corinne Post-production
2012 Everybody Loves Whales TBA Filming
Theatre
Year Title Role Notes
2001 The Adventures of Tom Sawyer Becky Thatcher
2002 The Crucible Susanna Walcott
2003 Sneaux
2004 A Little Night Music
Video games
Year Title Role Notes
2007 Assassin's Creed Lucy Stillman Voice & likeness
2009 Assassin's Creed II Lucy Stillman Voice & likeness
2009 Astro Boy: The Video Game Cora
2010 Assassin's Creed: Brotherhood Lucy Stillman Voice & likeness

Награди[уреди]

2006 
Saturn Award, for Veronica Mars
Jury Prize at the Austin Fantastic Fest, for Roman
Family Film Award, for Veronica Mars (shared with Enrico Colantoni)
2005 
Satellite Award, for Reefer Madness: The Movie Musical

Номинации[уреди]

2009 
Teen Choice Award, for Heroes
Saturn Award, for Heroes
MTV Movie Award, for Forgetting Sarah Marshall
2008 
Teen Choice Award, for Forgetting Sarah Marshall
2007 
Saturn Award, for Veronica Mars
2006 
Satellite Award, for Veronica Mars
Teen Choice Award, for Veronica Mars
2005 
Satellite Award, for Veronica Mars
Saturn Award, for Veronica Mars
Teen Choice Award, for Veronica Mars
TCA Award, for Veronica Mars

Надворешни линкови[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Шаблон:Good article