Шер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шер

Шер на премиерата на филмот "Burlesque" во Декември 2010.
Биографски податоци
Познат(а) и како Шерлин Ла Пјер, Шер Боно [1]
Роден(а) мај 20 1946 (1946-05-20) (67 г.)
Eл Сентро , Калифорнија, Калифорнија
Потекло Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови поп музика, рок музика, фолк музика, денс-поп, диско, поп-рок
Занимања пејачка, актерка, филмски директор, текстописец
Инструменти Вокали
Период на активност 1965–до денес
Издавачи Imperial (1965–1968)
Atlantic (1965–1967)
Atco (1969)
MCA (1971–1974)
Warner Bros. (1975–1977)
Casablanca (1979–1980)
Columbia (1982)
Geffen (1987–1991)
Warner Music UK (1995–2002)
Warner Bros. (2003–present)
Соработници Сони и Шер, Сони Боно, Тина Тарнер, Кристина Агилера, Бети Мидлер
Мреж. место cher.com,
Cher Assinatura.png
Cher's signature

Шер е музички уметник, актер, директор и музички продуцент. Таа е општо позната по својот длабок вокал, а исто и како “Божицата на попот”. Шер ја започна својата кариера како помошен вокал, а подоцна ја доживеа својата слава како дел од поп-рок дуото “Sonny & Cher” со големиот успех на хитот "I God You Babe" во 1965год. Таа подоцна се истакна како соло уметник и стана телевизиска ѕвезда во 1971год. со шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour “ – вариетска претстава за која ja доби наградата “Златен Глобус”. За доброприфатената изведба во филмот “Silkwood” се здоби со номинација од “Academy Award” за Најдобра Актерка во 1984 год. Во подоцнежните години таа глумеше во неколку хит филмови како: “Mask”, “The Witches of Eastwick” и “Moonstruck” (за кој ја доби наградата “Academy Award” за најдобра актерка во 1988год.)

Шер е единствената соло пејачка која успеа да влезе меѓу првите десет во последните четири декади. Нејзиниот хит "Believe" е нејзиниот најдобро продадениот запис, кој исто така беше прогласен за најдобро продаден сингл во 1999год. и тоа во 10 милиони копии ширум светот. Таа е добитник и на награда за најдолга успешна кариера од 33год., почнувајки од 1965год. кога го издаде нејзиниот прв сингл, па се до нејзините последни хитови кои се најдоа на првото место на музичките листи во 1999год. Турнејата "Farewell" во 2005год. беше прогласена за најуспешна турнеја досега направена од соло пејачка. Во својата долга кариера од 45 год. таа има продадена околу 10 милиони записи ширум светот. После тригодишната пауза и одморот од турнејата, Шер се врати на сцената во 2008 год. со своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас.

Почетоци[уреди]

Шер е родена во Ел Сентро, Калифорнија на 20 мај 1946 год. во 7:25мин. Нејзиниот татко Џон Пол Саркисан бил американски возач на камион. Нејзината мајка Џорџија Холт (е родена во Шарп Каутни, Аркансас на 9 Јуни 1927год). Таа била успешна актерка и манекенка со англиско и француско потекло. Шер има и полусестра Георгана Ла Пјер која исто така е актерка. По разводот на нејзините родители за Шер привремено се грижела нејзината мајка која тогаш била во брак со банкарот Гилберт Ла Пјер кој подоцна ја посвоил Шер. Поради финансиски проблеми мајка и подоцна привремено ја однела во дом за деца без родители, но за кратко време успеала да обезбедила финансии за да и помогне во нејзината кариера. Како резултат на тешка Дислексија таа го напуштила средното училиште “Фресно” на 16год. кога била во врска со актерот Варен Бити.

Кариера[уреди]

Почетна кариера: 1962-1964[уреди]

Во времето кога Сони Боно работеше за издавачкиот продуцент Фил Спектор во студиотo ”Gold Star” во Холивуд, ја запозна Шер и тие станаа неразделни пријатели, љубовници, а подоцна стапија и во брак. Со помош на Сони, Шер започна да пее во позадина во неколку класични композиции: “The Righteous Brothers”, “You’ve Lost That Loving Feeling”, “A Fine,Fine Boy”, “The Ctystals”, “Da Doo Ron Ron” и “Be My Baby”. Нејзиниот прв сингл е "Ringo, I love You" кој е издаден под псевдонимот на Бони Џо Масон и продуциран од Фил Спектор. Нејзиниот втор обид е "Dream Baby", напишан и продуциран од Сони Боно е издаден во 1964год. Првиот заеднички албум на Шер и Сони Боно е "Caesar and Cleo” и со него привлекоа мало внимание со синглот "The Letter" кој се појави на крајот од 1964год.

Развој на кариерата: 1965-1969[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Sonny & Cher.
Шер со Сони во 1966год.

Пред да бидат познати под името “Cher I Sonny Bono” , тие го издадоа албумот "Caesar and Cleo”, а подоцна во летото 1965год. под името “Cher I Sonny Bono” тие го издадоа албумот “Look at us “. Од овој албум произлезе успешниот сингл "I Got You Babe" кој се искачи на првото место на листата “Billboard top 100” во Август 1965год. кога Шер имаше 19год. а Сони Боно имаше 30год. Потоа следеа уште неколку просечни хитови "Just You," "But you’re mine", "What Noe My Love" и "Little Man", "The Beat Goes On". Последниот хит " The Beat Goes On " се најде меѓу првите десет на музичките листи. Тие заедно издадоа уште единаесет хитови кои се најдоа на листата “Billboard top 40” (во периодот од 1965 до 1972год.), а шест од нив се најдоа меѓу првите десет на музичките листи.

Пеејки ширум светот оваа двојка стана вистинска сензација. Шер се појави во шоуто на Ед Суливан во 1965год. каде водителот Суливан поради печатна грешка ја најави Шер со погрешен акцент. Двојката подоцна се појави и во други телевизиски емисии како “American Bandstand”, “Top of the Pops”, “Hollywood A Go-Go”, “Podunk”, “Hollywood Palace”, “Hullabaloo”, “Beat Club,Ready Steady Go”! и “Shindig!!”. Подоцна Шер стана моден креатор креирајки го новиот тренд на панталони-ѕвонарки, “хипи стилот на облекување” и костимите пренатрупани со детали. Во 1965год. Шер го издаде својот самостоен деби-албум “Аll I Really Want To Do” во продукција на Боб Дилан, кој се искачи на 15-то место на листата ”Billboard top 100” . Во 1966год. Шер го издаде нејзиниот втор соло албум “The Sonny Side Of Cher” кој се искачи на 26-то место во САД и на 11-то во Велика Британија. Од овој албум се песните "Where Do You Do” (кој се најде на 25-то место на листата ”Billboard top 100”), како и "Bang Bang (My Baby Shot Me Down)", (кој се најде на 2-то место на ”Billboard top 100”). Овие два хитови се напишани и продуцирани од страна на Сони Боно. Во САД во 1960год. "The Letter" беше најголем хит. Третиот соло албум насловен како ”Cher”, исто издаден во 1966год. за разлика од претходните немаше голем успех, но сепак синглот "Sunny" успеа да се најде меѓу првите десет на европската музичка листа.

Сакајќи да профитира од почетниот успех, Сони Боно забрзано започна да ангажира почеток на филмски проект во кој ќе се појават заедно со Шер. Во 1967год. синглот “Good Times” стана вистински хит. Следниот албум на Шер е ”Backstage” , но тој не доживеа успех и имаше многу ниска продажба,па затоа нивната кариера во 1968год. беше во застој. Единственото заедничко дете на Шер и Сони Боно, Частити Боно е родена на 4 Март 1969год. Истата година тие имаа уште еден неуспех во филмската индустрија со филмот “Chastity” напишан и продуциран од страна на Сони Боно.Тие разочарани од неуспехот, одат во Лас Вегас каде што ја придобиваат публиката со ново шеговито шоу.

Телевизиска и музичка слава: 1970-1975[уреди]

Во 1970год. Сони Боно и Шер го започнаа своето телевизиско шоу “The Sonny and Cher Nitty Gritty Hour” , комбинација од фарси,пародии и музика во живо кое постигна голем критчки успех и гледаност во споредба со многубројни други ТВ емисии. Тие со ова шоу го привлекоа вниманието на главниот уредник на телевизијата “CBS”, Фред Силвермен кој им понуди снимање на сопствена вариетска претстава. “Тhe Sonny And Cher Comedy Hour “ започна да се емитува во летото 1971 и набргу стана огромен хит и брзо се најде меѓу првите десет на листата. Ова шоу доби 15 номинации за “Еми” награда за време на неговот емитување и една “Еми” награда за режисирање. Меѓу многуте гости кои беа дел од ова шоу беа: Тина Тарнер, Чак Бери, Карол Бурнет, Џорџ Бурнс, Глен Камбел, Дик Кларк, Тони Куртис, Боби Дарин Филис Дилер, Мерв Грифин, Џери Ли Левис, Стив Мартин, Роналд Реган, Бурт Ринолдс, Лин Андерсон, Дина Шор, Сели Струтерс, Ракел Велч и др. Дуото повторно се врати на својата музичка кариера издавајќи уште четири нови албуми со “Kapp Records” и ”MCA Records”, во кои се најдоа уште два големи хитови "All I Ever Need Is You" во 1971 и "A Cowboy’s Work I s Never Done" во 1972.

На 25год. Шер продолжи да се истакнува како соло пејачка со помош на продуцентот Снуф Гарет. А нејзиниот прв соло хит кој се најде на првото место беше "Gypsys, Tramps and Thieves”. Истоимениот албум е издаден во Септември во 1971год. и се најде на 16-то место на листата “Billboard”, каде остана последователно 45 недели. Друг хит од овој албум е "The Way Of Love" кој се најде на 7-то место во Март 1970год.

Вториот сингл на Шер кој се искачи на првото место беше "Half Breed" издаден во 1973год. според кој беше насловен и самиот албум. Во 1974год. Шер го издаде и третиот сингл број еден "Dark Lady" од истоимениот албум. Во третата сезона од шоуто бракот на Сони Боно и Шер полека се распаѓаше и тие се разделија кон крајот на годината. Истотака и нивното шоу “Тhe Sonny And Cher Comedy Hour” почна да се распаѓа додека сеуште беше меѓу првите десет на листата “Tоп 10”. Конечниот развод беше на 27 Јуни 1975год. Шер доби “Златен Глобус” за најдобра изведба како актерка во во 1974год.

Сони Боно започна свое сопствено шоу насловено како “The Sonny Comedy Revue” во 1974год.,а во исто време Шер истотака објави почеток на свое телевизиско шоу. Шоуто на Bono беше ненадајно откажано набргу по шест недели. Дуото подоцна повторно ќе се соедини во уште две сезони во нивното заедничко шоу. Во шоуто на Шер кое дебитираше како модерно светско ТВ шоу, се појавија Филип Вилсон , Бети Мидлер и Елтон Џон. Клорис Личмен и Џек Албертсон добија “Еми” награда за нивното учество во ова шоу, а самото шоу истотака доби четири номинации за “Еми” награда истата година. Други гости беа: Пат Боне, Давид Бови, Реј Чарлес, Дион, Пати Лабеле, Шерил Лед, Вини Њѕтон, Линда Ронстад, Лили Томлин и Франки Вали. Кон крајот на годината ова шоу се рангираше на 22-то место на музичката листа “Nielsen Reitings”.

Шоуто на Шер се емитуваше две сезони пред таа да одлучи да се соедини со својот бивш маж за обновување на шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour”. Три дена по разводот со Сони, на 30 Јуни 1975год. Шер стапи во брак со рок-музичарот Грег Алман, член на бендот Allman Brothers Band. Во Јули 1976год. тие добија син, Елијан. Тие заедно го издадоа својот заеднички албум “Two the Hard Way” во продукција на ”Allman and Women”, и тој дебитираше како наслов за истоимениот хит на Смуки Робинсон. Овој албум не постигна голем успех и по две години тие се разведоа.

Соло кариера и пропусти: 1976-1981[уреди]

Во периодот помеѓу 1975год. и 1978год. Шер издаде уште три неуспешни албуми: “Stars” , “I’d Rather Believe in You” и “Cherished”. На 2 февруари шоуто “The Sonny and Cher “ дебитираше со висок рејтинг и високи очекувања, искачувајки се мегу првите десет на музичките листи. Некои од гостите кои беа дел од ова шоу се:Франки Авалон, Мухамед Али, Рејмонд Бур, Руд Бузиi, Чаро, Барбара Еден, Тери Гар, Боб Хопе, Дон Нотс, Џери Левис, Тони Орландо, Деби Рејлондс, браќата Смотерс, Тина Тарнерс, Твиги, and Бити Вајт. Но набрзо овој рејтинг отпадна и шоуто беше прекинато после втората сезона. Во 1976год.компанијата “Мега Тојс” издаде линија на играчки и кукли со ликовите на Шер и Сони Боно. Популарноста на овие кукли се совпадна со времето кога се емитуваше шоуто.

Шер ги отпочна и телевизиските спектакли: Cher... Special, во 1978 (каде како специјален гостин гостуваше Доли Партон и за ова гостување доби номинација за Еми Награда), и Cher ... and Other Fantasies во 1979год. Во 1979год. Шер легално го промени своето име во Шер без презиме и средно име. Сони и Шер се појавија последен пат заедно во шоуто ”Miki Daglas” во пролетта 1979год, исполнувајки комбинација од "United We Stand" и "Without You".

Подоцна во 1979год. во соработка со Casablanka Rekords издаде уште сингл киј ке се најде меѓу првите десет "Take me Home". Истоимениот албум беше закитен со злато. За наредниот албум Шер се појави на насловната слика за албумот виртуозно гола врзана со синџири,сакајки да потикне конртроверзност во групите за права на жените и да ги побие гледањата на жената само како “секс робот”. Од овoj албум произлезе големиот хит "Hell on Whiils" чија мелодија дебитираше во филмот ”Roler Boogi”. Во 1980год. Шер ја издаде својата последна песна со диско ритам "Bad Love" за филмот “Foxes” . Подоцна истата година Шер го формира рок бендот “Black Rose” со нејзиниот тогашен партнер, гитаристот Les Durek и заедно го издаваат истоимениот албум ”Black Rose”. И покрај неговата промоција во шоуто The Tonight Show Starring Johnny Carson , албумот беше со многу ниска пробажба и бендот банкротира следната година. Во 1981год. Шер го издаде својот прв хит кој влезе меѓу првите пет во Велика Британија насловен како "Dead Ringer for Love", во дует со Meat Loaf за неговиот албум “Dead Ringer”. Во 1982год. Шер го издаде “I Paralyze” кој го промовираше во "American Bandstand" и "The Tonight Show", но продажбата беше разочарувачка.

Филмска слава и музички напредок: 1982-1987[уреди]

Поради ниската продажба на албумот и неуспешните синглови, Шер одлучи да ја продолжи својата кариера во областа на филмот иако нејзините претходни филмови слабо профитираа. Таа се најде во тешка задача да успее да добие веродостојна улога како жена на 30год. со многу мало искуство во глумата. Во тоа време таа изјавила дека не знае дали воопшто некогаш ќе издаде друг албум. Во 1982год. Шер ја доби својата прва главна улога од продукцијата "Бродвеј" во "Come Back to the Five and Dime, Jimmy Dean, Jimmy Dean" . Истата година доби улога во филм продуциран од Роберт Алман и таа улога и донесе номинација за Златен Глобус. Следна доделена улога беше во драмата “Silkwood” во 1983год. во која глумеше заедно со Мерил Стрип и Курт Русел и ја доби својата прва номинација за најдобра актерка. Следна главна улога на Шер беше во филмот “Mask” продуциран од Петар Богданович во 1985год. во кој глумеше заедно со Ерик Столз, Лаура Дерн, Естел Гети и Сем Елиот. Овој филм се искачи на третото место и беше отценет како нејзин прв критички и комерцијален успех како актерка со главна улога во него. За нејзината улога како мајка на хендикепирано дете, Шер доби награда за најдобра актерка на Cannes Film Festival како и номинација за Златен Глобус за најдобра актерка од страна на "Motion Picture Drama".

На 22 Мај 1986год. Шер се појави во шоуто “Late Night with David Letterman”. Во нејзиното прединтервју водителот Давид Летермен и го постави прашањето-зошто досега одбивала да се појави во неговата емисија. А подоцна за време на самото интервјуто во живо тој и го постави истото прашање. И додека таа размислуваше што да му одговори, тој упорно ја притискаше за што побрзо да го добие одговорот. И во тој момент таа навредена одговори ”Поради тоа си вистински кретен”. На овој коментар се слушна гласно смеење од публиката, а Давид Летермен набрзина направи сето ова да изгледа како мала шала. Шер повторно се појави во ова шоу на Давид Летермен на 3 Ноември 1987год. овојпат со нејзиниот бивш сопруг Сони Боно , каде за последен пат ја изведоа песната "I Got You, Babe" . Во 1987год. Шер се појави уште во три филмови. Таа ја глумеше главната женска улога на Александра во научно-фантастичниот филм “The Witches of Eastwick” заедно со Џек Николсон, Сузан Сарандон и Мишел Фифер. Таа се појави во улога на адвокат во трилерот “Suspect” против Денис Кваид, како и во романтичната комедија “Moonstruck” продуциран од Норман Џевисон каде глумеше заедно со Николас Каге и Олимпиа Дукакис. За улогата во овој филм како сметководителка таа доби Академска награда за најдобра актерка во 1987год. Таа истотака доби и Златен Глобус за најдобра актерка во “Musical/Comedy” и за најпопуларна женска улога од страна на “People's Choice Award”.

Враќање на музичкиот успех: 1987-1989[уреди]

Во 1987год. Шер се враќа на својата музичка кариера после 5годишна пауза во соработка со рок продуцентот Џон Калоднер. Во продукција на “Geffen Records” Шер го издава својот прв успешен рок албум на кој ќе се најдат песни напишани од страна на светски познати ѕвезди како Диан Варен, Џон Бон Џови, Ричи Самбора, Десмонд Чил, Марк Манголд и Мишел Болтон. Во овој албум ке се појават и Дарлин Лов и Бони Лилер како помошни вокали. Албумот насловен како “Cher” е издаден во 1987год., на него се најде преработката на синглот "I Found Someone" напишана од Мишел Болтон и Марк Манголд како и синглот "We All Sleep Alone" кој се искачи на 14тото место во 1988год. Овој албум беше вистински хит и се продаде во седум милиони копии ширум светот. Во 1987год. таа го промовираше и својот прв парфем “Uninhibited”.

Во 1989год. Шер го издаде албумот “Heart of Stone” за чија продукција и пишување беа задолжени Michael Bolton, Jon Bon Jovi, Diane Warren и Desmond Child како и во нејзиниот претходен албум. Насловната слика за албумот е како Шер седи во срце направено од камен. Овој албум исто така се покажа како многу успешен и се продаде во 11 милиони копии ширум светот. Најголемиот хит од овој рок албум е рок химната "If I Could Turn Back Time" која се наоѓаше на врвот на музичките листи во Австралија цели седум недели, на третото место во САД, на шестото место во Велика Британија, како и на други музички листи во светот. Други хитови од овој албум се: "Just Like Jesse James", "Heart of Stone" како и дуетот "After All" со Петар Сетера кој се најде на шестото место во САД.

Видео записот за песната "If I Could Turn Back Time" предизвика голема контраверзност бидејки во него Шер се појави облечена во проѕирна облека преку кој се гледа тетоважа на пеперутка на нејзиниот задник. Многу телевизиски програми меѓу кои и “МТV” веднаш одбија да го прикажуваат спотот во етер поради "делумната разголеност". На програмата на “MTV” спотот се емитуваше само после 21:00h. Во периодот помеѓу 1989 и 1990год. Шер ја одржа својата турнеја насловена како “Heart of Stone” во разни делови од светот. Таа се појави во специјалната ТВ емисија “Cher – Live at the Mirage”, снимена за време на нејзиниот концерт во живо во Лас Вегас. При крајот на 80тите години Шер требаше да ја толкувa улогата на главна вештерка во филмот снимен според делото "The Witches" од Роалд Дол, но улогата и беше доделена на Анџелика Хустон.

Актерски успех и комерцијални хитови: 1990-1992[уреди]

Во 1990год. Шер се појави во филмот “Mermaids” со Боб Хоскинс, Виона Ридер и Кристина Ричи. Овој филм доби многу позитивни критики од филмските критичари.Шер издаде уште две песни "Baby I'm Yours" и "The Shoop Shoop Song (It's in His Kiss)" (кој се пласира многу ниско, дури на дури на 33-то место на листата “Billboard hot 100” во САД). Меѓутоа овој сингл стана мегахит на многу други места ширум светот и се искачи на првото место во Велика Британија, на третото во Франција и Германија и на петото во Австралија. Песната стана најголем хит и се продаде во 6 милиони копии ширум светот. Во 1991год. Шер го продолжи својот договор со “Geffen recording” и го издаде албумот “Love Hurts”. Овој албум остави голем впечаток во Европа како и во останатиот дел од светот, а во Велика Британија се најде на првото место и таму остана шест последователни недели. Овој албум привлече помало внимание во САД за разлика од Европа. На европската насловна страна на овој албум Шер лежи на бела постела и носи црвена перика. Во ова европско издание истотака е вклучен и светскиот хит "The Shoop Shoop Song (It's in His Kiss)",како и хитот "Love and Understanding" кој се искачи на 10-то место во Велика Британија, а во САД се најде меѓу првите десет. Продаден во повеќе од 10 милиони копии ширум светот, овој албум стана нејзиниот стана нејзин најдобро продаден албум во нејзината кариера. Во Германија Шер ја доби наградата “ECHO” за најуспешна пејачка на годината. Таа ја започна својата турнеја за овој албум во 1992год., а во истиот период таа сними и две емисии за фитнес “Cherfitness: A New Attitude” и “Cherfitness: A Body Confidence”. Европската компилација која ги содржи нејзините најголеми хитови од периодот (1965-1992) постигна огромен успех искачувајки се повторна на првото место во Велика Британија каде ќе се задржи три последователни недели, а истотака се пласира и меѓу првите десет во уште седум други земји. Оваа компилација која ги содржи и неодамна оздадените хитови "Oh No Not My Baby", "Many Rivers to Cross" и "Whenever You're Near" беше достапна за САД само како увоз и се продаде во 4.9 милиони копии.

Комерцијални успеси и падови, контрoверзност и смртта на Сони Боно (1992-1997)[уреди]

Во 1992год. Шер направи една мала пауза поради широко распостранетиот вирус Epstein-Barr. Во овој период таа се појавуваше во јавноста многу ретко освен во неколку реклами како заштитно лице на линијата производи за коса ви сопственост на нејзиниот пријател Лори Давис и како заштитно лице на засладувачките бомбони “Equal”. Во 1994год. во соработка со “MTV” таа направи рок верзија на синглот "I Got You Babe". Следната година заедно со Криси Хинди, Нина Шери и Ерик Клаптон, Шер го издаде синглот "Love Can Build a Bridge" кој се задржа цела недела на врвот на американските музички листи. Во 1995год. таа сними нов албум насловен како “It's a Man's World”, кој е издаде во Европа на крајот од 1995год.,а во Северна Америка во летото 1996год. Од овој албум излегоа два големи хитови во Европа "Walking in Memphis" и "One by One". "It's a Man's World" постигна голем успех и се продаде во 6 милиони копии ширум светот. Шер се појави и во драмата “If These Walls Could Talk” заедно со Деми Мур, Сиси Спачек и Ана Хич и за оваа улога таа беше номинирана за Златен Глобус за најдобра актерка.

Во јануари 1998год., додека Шер престојуваше во Европа нејзината ќерка Чесити ја извести својата мајка за смртта на Сони Боно кој загина во скијачка несреќа на 62 години. Во тој момент Шер беше премажена и имаше уште две деца. Но сепак иако беа поминати 23 години од нивниот развод тие останаа пријатели, па затоа Шер се појави на погребот на Сони за да му оддаде почит. Пред камерите од целиот свет таа одржа говор за Сони со зборовите "Сони е личност која никогаш нема да ја заборавам". Таа му оддаде почит и во емисијата “Sonny and Me: Cher Remembers” каде што му ги упати зборовите:"Сони е човек што никогаш нема да го преболам". Во 1998год. Сони и Шер добија ѕвезда на Холивудската патека на славните, каде Шер се појави во придружба на Мери Боно, која ја прими наградата во име на нејзиниот покоен маж.

Популарноста на " Beliеve" 1998-2000[уреди]

Дваесет и третиот студиски албум на Шер насловен како "Beliеve" е колекција од забавни песни со брзо темпо. Од овој албум произлезе и истоимениот хит "Beliеve" за кој Шер доби Грејми награда. Овој албум постигна големи критички и комерцијален успех и се најде на врвот на листите скоро во сите земји каде беше издаден: САД, Германија, Франција, Австралија...Тој се продаде во 20 милиони копии ширум светот и се закити со многу награди. Синглот "Beliеve" стана мегахит ширум светот и ја освои наградата Grammy за најголем хит во дотогашната кариера на Шер. До Март 1999год. овој хит се најде на првото место во 23 земји низ светот вклучувајки ги и САД, Велика Британија, Франција, Австралија. Албумот беше најдобро продадена снимка во таа година. Со хитот "Beliеve" Шер на 52 години го имаше најголемиот хит во ерата на рокот. Истотака таа доби пофалба за најдолг период од 33 години во кој таа издаде многу хитови кои се најдоа на првото место,како и пофалба за единствена пејачка која има соло Toп 10 хитови последователно од 1960 до 2000 год. На музичките листи во Велика Британија хитот "Beliеve" го завземаше врвот седум последователни недели, а истотака беше прогласен и за најдобро продаден женски хит во Велика Британија. Овој хит се продаде во 10 милиони копии ширум светот. Од овој албум произлегоа уште три хита: “Strong Enough" (кој беше следен хит број 1 во Европа, а се најде и на третото место во Германија ,Франција и Велика Британија), "All or Nothing" и " Dov'è L'Amore" кои исто беа добро продадени хитови во Европа, но за жал не привлекоа големо внимание во својата родна земја.

Шер ја објави својата прва биографија кон крајот на 1998год. под насловот “The First Time”. Книгата е колекција од најзначајните сеќавања на Шер од нејзиното детство, нејзиниот живот и кариерата во Холивуд. Таа се појави и во високо-рангираното ТВ шоу “VH1 Divas Live 2” , каде се појави на сцената заедно со Тина Тарнер, Елтон Џон , Чака Кен, Фет Хил, Лиан Римес, Диана Рос, Бранди и Витни Хјустон. Подоцна истата година таа глуми во филмот “Tea With Mussolini” во продукција на Франко Зефирели, каде глуми заедно со Џуди Ден, Меги Смит, Џон Плурајт и Лили Томлин. Шер одржа своја турнеја низ Велика Британија, Канада и Европа и доби Еми награда за ТВ шоуто “Cher: Live at the MGM Grand” во Лас Вегас кое се емитуваше кон крајот на годината. На 30 Ноември 1999год. таа го издаде албумот “The Greatest Hits” кој продолжи да ја зголемува нејзината популарност. Албумот се најде на првото место во Германија и на седмото место во Велика Британија. Во Германија Шер е прогласена за најдобра пејачка на годината по втор пат, а исто така ја доби и наградата “ECHO” исто така по втор пат. Шер и Мадона се единствените пејачки кои ја добиле оваа награда.Оваа турнеја “Do You Believe” продолжи и во 2000год. и беше најуспешна турнеја во тоа време.

Нови успеси: 2000-2002[уреди]

Во мај 2000год. Шер доби доживотно признание на Светските музички награди. Таа издаде самостоен алтернативен рок албум насловен како “Not.com.mercial” . Песните од овој албум се напишани главно од Шер, но овој албум брзо е одбиен од музичките продукции под изговор дека е 'некомеријален', па затоа Шер одлучи да го продава само преку својата веб-страна. Во овој период Шер има напишано најмногу песни за еден свој албум. Шоуто “Rolling Stone”, во една од своите емисии во живо ја прогласи нејзината песна "Fit To Fly" како нејзина најдобра песна досега. Оваа песна е посветена на воените ветерани од војната. На 16 Ноември 2000год. Шер се појави во мега серијата “Will & Grace”, во епизодата насловена по една нејзина песна "Gypsies, Tramps and Weed".

Во Февруари 2000год. Шер го издаде својот следен албум “Living Proof”, кој се најде на деветото место на листата “Billboard 200”. Овој албум не успеа да го постигне успехот на “Believe” и не се задржа долго на музичките листи. Надвор од САД овој албум се пласира подобро иако не не влезе меѓу првите 40 во Велика Британија, Франција и Австралија, сепак во Германија го достигна 13-то место. Албумот содржи неколку миксови и беше овенчан со злато во САД, а во Германија доби две Грејми номинации. Истата година ја доби наградата “Dance/Club Play Artist of the Year” . Во Мај 2002год. Шер се појави во шоуто “VH1 Divas Las Vegas” заедно со Селин Дион , Шакира, Синди Лапер, Анастасиjа и др. Во Јуни таа ги објави плановите за нејзината следна турнeja за албумот ” Living Proof” и најави дека тоа ќе биде нејзината последна турнеја со концерти во живо.

Турнејата “Farewell” 2002-2005[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Living Proof: The Farewell Tour.
Изведба за време на турнејата "The Farewell".

Турнејата сама по себе беше голем успех кој се должи на нејзините 40 години во шоу-бизнисот. Во самото шоу се содржеа класични изведби, видео клипови од шеесетите години па наваму во кои се прикажуваат нејзините успеси во областа на музиката, телевизијата и филмот и сето тоа беше поставено на сцена во придружба на бенд, пејачи, танчери и воздушни акробации. Турнејата ја покри скоро цела област на САД и Канада(плус три концерти во Мексико), неколку градови во Европа како и во главните градови на Австралија и Нов Зеланд. Во Април 2003год. Шер ја издаде CD компилацијата “The Very Best of Cher” која ги содржи најголемите хитови од нејзината кариера. Оваа компилација се најде на 4-то место на листата “Billboard 200 album chart” и се продаде во 3.5 милиони копии во светот. Шер постигна уште еден ТВ успех во 2003год. со шоуто “Cher: The Farewell Tour Live” (шоу кое во Април 2003год. постигна гледаност од околу 17.3 милиони гледачи). Ова шоу и ја донесе на Шер и наградата Eми за “Outstanding Variety, Music or Comedy Special”. Подоцна во 2003год. таа го издаде албумот “Live: The Farewell Tour”, во кој се содржеа песни испеани во живо од самата турнеја. Таа се појави и во комедијата “Stuck on You” на браќата Фарели заедно со Мет Дамон и Грег Кинер. Во овој филм таа се појавува во кревет со малолетното момче Франки Муниз. Истата година Шер го сними дуетот "Bewitched, Bothered and Bewildered".

Во Февруари 2004год. таа доби уште една номинација за Грејми награда од Dance Recording за нејзината песна "Love One Another". За време на 2004год. излезе и DVD-то со наслов “Сони и Шер”, кое содржи девет емисии од фамозните “Sonny and Cher Comedy Hour” и “The Sonny and Cher Show”. Во 2004год. таа го издаде и албумот “Gold”, компилација од 2 цедета со најдобрите хитови од првичните денови од шоуто “Sonny & Cher” па до ерата на албумот “Living Proof”. Во оваа год. следеше издавањето и на следниот албум “The Very Best of Cher". Шер ја заврши својата турнеја во април 2005год. во Холивуд Боул. Тоа беше најуспешната турнеја направена од еден соло артист до тоа време.

Престој во Лас Вегас, филм и потсетување на албумот (2008 - денес)[уреди]

За време на престојот во Лас Вегас.

На 7 февруари,2008год. на 62 години Шер изјавува дека склучила нов договор за изведба на околу 200 концерти во живо во наредните 3 години во Лас Вегас. Нејзиното најново шоу насловено како “Cher at the Colosseum”, дебитираше на 6мај,2008год. Таа зеде 60милиони долари за нејзиното ваќање на сцената. Нејзиното ново шоу вклучуваше 8 танчери, 4 акробисти и многубројни костуми дизајнирани од нејзиниот пријател Боб Маки. Кореографијата беше на Дорјана Санчес, која работеше со Шер на нејзините последни три турнеи. На 10 Фебруари 2008год. Шер се појави на доделувањето на Грејми наградите каде се претстави со изведба од Тина Тарнер и Бијонсе Новлес. Во Мај 2008год.Шер гостување во шоуто на Опра Винфри, каде дискутираше за нејзиното ново шоу и го отпеа хитот "Take Me Home", како и "Proud Mary” заедно со Tина Тарнер, со кој веќе претходно се претставија на “ Divas Live '99”. На 3 Ноември 2008год. Шер гостуваше во шоуто “The Ellen DeGeneres” каде изјави дека ќе глуми во филмот “The Drop-out” заедно со Џони Ноксвил. Таа најави дека филмот ќе отпочне да се снима во летото 2009год. а ке биде издаден 2010год.

Во Февруари 2009год. Шер повторно се врати на музиката. Таа мораше да ги откаже нејзините шоуа кои ги започна во 2008 поради настинка. Таа ги комбинираше своите музички и актерски способности во својата улога во филмот “Burlesque” во 2010год., каде настапи заедно со Kристина Агилера. Исто така таа го синхронизира гласот на лавот во филмот на Кевин Џејмс, “The Zookeeper” во 2011год. Таа изненади и со своето присуство на додевувањето на наградите “The 45th Annual Academy of Country Music (ACM) Awards”, каде изјави дека нејзината прва научена песна е "Hey Good Lookin".

Шер најави уште едно ново издание на рок албум, кој се очекува во 2011год. и дека е многу среќна што ќе ја одржи својата турнеја во најголемите светски арени во 2011год. Во едно интервју за списанието "Glamour " таа го најави и снимањето на нов филм во наредните 2-3 години. На 12 Септември 2010год. Шер се појави на додевувањето на наградите “2010 MTV VMAs”, каде ја имаше честа да и ја врачи наградата за видео на годината на Леди Гага. На 8 Ноември 2010год. во кинескиот театар Грауман во Холивуд беше поставена восочна фигура со ликот на Шер.

Личен живот[уреди]

Љубовни врски[уреди]

Во раните 60-тите години Шер беше во љубовна врска со актерот Варен Бити. Во 1962 год.таа го запозна Сони Боно на почетокот на 1963 год. тие го објавија својот брак и направија свадбена церемонија во Тијуана, Мексико на 27 октомври,1964 год. На 4 март 1969 год. се роди и нивното прво дете, Чез Боно. После 13 години брак тие се разведоа на 27 јуни,1975 год,со што заврши и нивното заедничко шоу. Истата година Шер се премажува за рок ѕвездата Грег Елман. Нивниот син Елијан Блу Елман (сегашен член на бендот Дидси) е роден на 10 јули 1976 год. Шер и Грег се разведоа после 2 год. Во 1979 год. Шер изјави дека имала мал флерт со Елвис Присли за време на изведбата во Лас Вегас , меѓутаа таа одбила да се качи во неговата соба бидејќи била несигурна во себе дали сака или не. Во февруари 2008 год. во шоуто “Добро утро Америка” таа изјави дека жали што не го прифатила предлогот на Елвис Присли. Во интервјуто за ова шоу,таа исто така изјави дека имала предлог и од Марлон Брандо за време на едно заедничко авионско патување. Шер беше во љубовна врска и со музичкиот продуцент Давид Гифен, со басистот Гене Симонс и со сметководителот Гарет Крафорд. Во 1980 год.Шер имаше афери со неколку младичи меѓу кои и со Том Груи, Вал Килмар, Џош Донен,и 22-годишниот пекар Роб Камилети кој го запозна на својот четириесети роденден и со него живееше 3 год.

“Моите врски обично траат по неколку години. Кога сум во врска, многу мажи ме посакуваат и се опседнати со мене, а кога сум слободна,половина од нив исчезнуваат бидејќи немаат храброст да се соочат со мене”. –изјава на Шер за телевизијата NME.

Во раните деведесети години, Шер беше во двегодишна врска со Ричи Самбопа (гитарист во групата Бон Џови), а исто така таа беше поврзана од страна на медиумите и со музичарите Ерик Клаптонанд и Марк Худсон. Во 2009 год. таа се забавуваше со 38 годишниот мотрџија Тим Медветз, а во 2010 год. со американскиот текстописец на комедии,Рон Зимерман(со кој за прв пат беа видени во јавност во август 2010 год. а се забавуваа во наредните 6 месеци.)

Лично богатство[уреди]

Шер поседува неколку големи имоти, вклучувајќи ги нејзините домови во Апсен, САД, Колдорадо, Лондон,Велика Британија како и оние во Малибу, Калифорнија и САД кои ги продаде во 2008 год. за 45 милиони долари. Во април 2006 год. Шер си купи свој стан во Сиера Таурс во западниот дел на Холивуд, Калифорнија по цена од 3,5 милиони долари. Во 2002 год.нејзиното богатство беше проценето на 600 долари за метар.

Во јули 2006 год.таа најави ќе продаде околу 800 вредни предмети од нејзиниот дом во Италија (имотот на Малиби, вклучувајќи многубројни застарени уметнички предмети, уметнички слики, мебел, нејзиниот кревет, накит, костуми од настапите,како и нејзиниот “2003HummerH2” и “2005Bentley”. Oваа акција се одржа од 3 до 5 октомври 2006 год. во Беверли Хилс, Калифорнија и достигна продажба од 33 милиони долари. Шер голем дел од овие сретства донираше во својата сопствена добротворна фондацијата и наводно доби 180 милиони долари за нејзиното враќање во Цезар, Лас Вегас.

Како Геј Икона[уреди]

Големата почит кон Шер од страна на машката популација се должи пред се на нејзините успеси , нејзиниот стил на облекување и нејзината голема кариера. Алек Мапа од “Тhe Advocate” изјави “Додека ние спиевме, Шер во последните четити декади ги живееше фантазиите од нашето детство. Шер е олицетворение на слобода и бестрашност, за кои многу од нас можат само да мечтаат”. Томас Роџерс од списанието “Salon” коментираше дека “drag queens” (кралиците на дрогата) ги имитираат жените како Шер, Џуди Гарланд и Доли Партон, бидејќи тие неможат да ги избегнат своите тешкотии на патот до успехот и ги копираат за да привлечат внимание. Улогата на Шер како лезбејка во филмот “Silkwood”, нејзиниот премин во забавната поп музика и многубројните отштествени добротворни акции придонеа таа да стане геј икона.

Нејзината ќерка, Чез Боно на 17 годишна возраст изјави дека е лезбејка, поради што Шер почуствува длабоко чувство на вина, болка и тага. Но, набргу таа ја прифати сексуалната ориентација на својата ќерка и се изјасни со заклучок дека не е фер тоа што геј луѓето ги немаат истите права како и секој нормален човек. На 11 јуни 2009 год. ќерката на Шер изврши легална трансплатација за преобразба во машко.

Во 1998 год. Шер ја доби награда од “GLED Media Award”, а во ноември 1999 год. телевизијата “The Advocate ” ја стави Шер на 25-тото место на изборт за 25 најкул жени во светот. Авторот на Геј парадата “A Celebration of All Things Gay and Lezbian” коментираше “И на 60 год. ние сеуште ке играме на песните на Шер,која тогаш ке биде 90 год “. Во 2007 год. американската комичарка духовито прецизира ”После нуклеарниот холокауст,ке останат живи само лебарките и Шер”. Oд продукцијата на филмот ”Will & Grace” и даде признание на Шер со тоа што геј ликот Џек Фарланд ја претстави Шер како свој идол. Таа се појави во две епизоди во овој филм , во 2000 и 2002 год. Во 2000 год. Шер се појави за првпат на кратко во оваа серијата и Џек и поверува дека таа е една од “кралиците на дрогата” . Во 2002 год. таа го глумеше Господ во замислената верзија што Џек ја имаше за пеколот.

Политички интереси[уреди]

За разлика од нејзиниот поранешен сопруг Сони Боно. Шер секогаш беше приврзаник на Демократската партија, и присуствуваше на многу конгреси и настани од неа. Денес таа себеси се гледа повеќе како независен демократ отколку како поразен демократ. Таа секогаш се дефинираше себеси како против воен активист , демонстрираше против Виетнамската војна, а нејзиниот видео запис за песната “Turn back time” во 1989 год. беше инспириран од војната и ја носеше пораката “Не водете војна, водете љубов”. На 27 октомври 2009 год. таа ja повика анонимно телевизијата “C-SPAN” и во програмата и јавно го критикуваше недостатокот на медиумско покритие и внимание од страна на владата за повредените војници во медицинскиот центар “Walter Reed Army” ,кои таа лично често ѓи посетуваше. На едно нејзино гостување во телевизијата “C-SPAN” и беше поставено прашањето дали таа дава подршка за претседателскиот кандидат Рос Перот во 1992 год.

Кога се врати од својата турнеа низ Европа, таа изјави дека Европејците имаат многу лоша слика за Американците, главно поради диктатурата на Буш. ”Европејците гледаат на нас како да сме големи терористи,воглавно поради војната во Иран и невините убиени жртви,и на некој начин тие се во право”-изјави Шер. Во Њујорк заедно со американскиот автор Мухамед кој одржа говор за промените во животот на муслиманите. Во 2006 год. Шер беше повикана од страна на oперацијата “Хелмет”, чиј основач беше доктор кој произведе нова серија на шлемови за војските во Ирак и Авганистан и за сите оние кои во иднина ке земат оружје во рака. Таа беше најавена како претставник од Малиби, Калифорнија и изрази поплаки за моменталното претседателско управување. Гласно цитираше писмо напишано од војник од Иран,во кое тој дава признание за гестот на Операцијата "Хелмет", а изразува поплаки за недостатокот на заштита од страна на владините безбедносни сили.

Во мај 2006 год. Шер се појави во шоуто “The Ed Schulter” во кое дискутираше за подршка на Американските и Ветеранските војници. Во ова шоу таа дискутираше и за нејзиното учество во операцијата “Хелмет” и компанијата “Intrepid Fallen Heroes Fund”, која произведе современа медицинска опрема за медицинскиот центар “Брук Арми” во Сан Антонио, Тексас. Центарот ги згрижи пациентите кои се здобија со големи повреди со катастрофални последици по здравјето од војните во Ирак и Авганистан, како и војници повредени во други операции при должност. За време на ова интервју , Шер повторно изјави дека е политички независна. На нејзините коментари за моменталната политичка сцена во САД , водителот на емисијата и го упати коментарот:”Ти си со сите”, на тоа таа одговори “Тоа е вистина.Јас неможам да бидам Републиканка, иако учествувам во многу организации за помош на сиромашните луѓе, па затоа неможам да бидам ниту приврзана за Демократите.

Кон крајот на интервјуто и беше упатено прашањето што таа мисли за песните кои се пеат за протести.Таа одговори “Mислам дека е должност на еден артист да се искаже на чија страна е, но за жал мислам дека за време на кандидатурата на Буш , немаш слобода да кажеш нешто против власта, бидејќи тогаш ке бидеш наречен непатриот.” Таа не успеа да се доискаже но, изјави дека доколку би одела во крајност би го завршила својот говор со седумте дрски зборови на Џорџ Карлин за богохулениот јазик. Својата подршка на Клинтон и неговата претседателска камрања, Шер ја изјави за телевизијата “Entertainment Tonight” во февруари 2008 год, на што Клинтон јавно и возврати дека е поласкан што ја има нејзината подршка. По победата на Барак Обама на Демократските избори, Шер ја подржа и неговата кандидатура на радио и ТВ-станиците.Таа ја продолжи својата соработка со oперацијата “Хелмет” и на 14 јуни 2006 год. повторно се појави во шоуто телевизијата “C-SPAN” заедно со основачот на операцијата “Хелмет”, докторот Боб Меадерс. Исто така со него гостуваше и во шоуто “Капитал Хил” на 15 јуни 2006 год. Досега Шер има донирано околу 130.000 долари за операцијата “Хелмет”.

Хуманитарна работа[уреди]

Шер е приврзаничка на американскиот Будизам. Таа беше дел од многу хуманитарни организации. После нејзината улога во филмот “Mask”, таа ја основа добротворната организација “Children’s Craniofacial” , како претседател и хонорарен претставник. За време на своите турнеи таа секогаш донираше влезници за сиромашните фамилии и децата со хендикеп. Во 1998 год. таа се појави заедно со Елизабет Тејлор, како домаќинка на одржувањето на годишните награди “Amfar AIDS Benefit” на Канаскиот филмски фестивал. Таа е исто основачка на добротворната организација “Cher”, преку која има донирано сретства во многу добротворни организации. Во 1993 год. таа беше дел и од хуманитарниот гест за Ерменија (бидејќи татко и бил дете на Ерменски бегалци), каде донираше храна и медицински сретства како помош за Емренското население.

Клуб на фанови[уреди]

Шер има многу голем обожавателски клуб на фанови. Нивната посветеност е евидентирана за време на двегодишната конвенција на Шер во Чикаго,2000год. кога нејзиниот хит "Believe” се најде на првото место. Овој настан се одржа во во Лас Вегас(2002 и 2004 год.), Лос Анџелес (2006 год.) и во Палатата на Цезар во Невада, Лас Вегас(2008 год). Конвенцијата во Лас Вегас се поклопува со периодот на втората турнеа на Шер во "Колосеумот на Цезар". Сите приходи од оваа конвенција беа дадени во добротворната фондација на Шер. Големиот настан “Cher Expo” и донесе на Шер слава и фанови преку ноќ. Приходите од овој настан беа донирани исто така во хуманитарни организации,а приходите од истиот настан “Cher Expo” кој се одржа во Атланта и Џорџија во 2009 год. беа донирани во добротворната организација “Keep a child Alive”.

Спомени[уреди]

Својата почетна кариера Шер ја започна како моден иноватор,популаризирајќи ја долгата рамна коса,панталоните-ѕвонарки и голиот стомак. Таа е една од првите пејачки која го покажа својот гол задник пред камерите, кога во 1989 год. се појави во танга и мрежеста проѕирна облека во музичкот запис за песната “If I Could Turn Back Time” (кој беше еден од првите видео записи кој беше забранет од телевизијата MTV, а потоа поради популарноста повторно пуштен во етер но само после 21h.). Во периодот на седумдесетите години, како резултат на телевизиската слава Шер стана секс симбол, привлекувајќи ја публиката со своите костуми со длабоко деколте дизајнирани од нејзиниот пријател Боб Моски. Таа набргу стана инспирација за многу други познати ѕвезди како Бритни Спиарс, Трајси Чапмен, Опра Винфреи, Кристина Агилера, Лејди Гага и др.

Во јули 1999 год. Шер се најде на 43-тото место на изборот на 100 најдобри rok & roll изведувачки на телевизијата “VH1(ВХ1)”, а во 2002 год. таа се најде на 26-то место на изборот на 100 најсекси изведувачки исто така на телевизијата “VH1(ВХ1)”. Таа се појави 13 пати на насловната страна на списанието “People” во 2007 год. а пак списанието “All Biography” ја пласира Шер на третото место како најпопуларна актерка на сите времиња, веднаш после холивудските идоли Катерина Хепбурн и Андреј Хепбурн.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Cher albums discography“, „Cher singles discography“, и „List of Cher concert tours.

Студио албуми[уреди]

Компилации и други албуми[уреди]

Филмографија[уреди]

Film
Year Title Role Notes
1965 Wild on the Beach Herself
1967 Good Times Herself/various characters
1969 Chastity Chastity
1982 Come Back to the Five and Dime, Jimmy Dean, Jimmy Dean Sissy Nominated—Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Motion Picture
1983 Silkwood Dolly Pelliker Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Motion Picture
Nominated—Academy Award for Best Supporting Actress
Nominated—BAFTA Award for Best Actress in a Supporting Role
1985 Mask Florence 'Rusty' Dennis Cannes Film Festival – Best Actress
Nominated—Golden Globe Award for Best Actress – Motion Picture Drama
1987 Suspect Kathleen Riley
1987 The Witches of Eastwick Alexandra Medford
1987 Moonstruck Loretta Castorini Academy Award for Best Actress
David di Donatello Awards – Best Foreign Actress
Golden Globe Award for Best Actress – Motion Picture Musical or Comedy
Italian National Syndicate of Film Journalists – Best Actress – Foreign Film
Kansas City Film Critics Circle Award for Best Actress
Nominated—BAFTA Award for Best Actress in a Leading Role
1990 Mermaids Rachel Flax
1992 Player, TheThe Player Herself
1994 Prêt-à-Porter Herself
1996 Faithful Margaret
1999 Tea with Mussolini Elsa Morganthal Strauss-Armistan
2003 Stuck on You Cher/Honey
2010 Burlesque Tess
2011 Zookeeper, TheThe Zookeeper Lioness voice
Television
Year Title Role Notes
1967 Man from U.N.C.L.E., TheThe Man from U.N.C.L.E. Ramona Episode—"The Hot Number Affair"
1968 Where the Girls Are
1970 Sonny & Cher Nitty Gritty Hour, TheThe Sonny & Cher Nitty Gritty Hour Herself — co-host
1971–
1974
Sonny & Cher Comedy Hour, TheThe Sonny & Cher Comedy Hour Herself/various characters Златен глобус — Best TV Actress — Musical/Comedy
Nominated—Еми, four times
1975–
1976
Cher Show, TheThe Cher Show Herself — host Nominated—Emmy Award — Outstanding Comedy-Variety or Music Series
1976–
1977
Sonny and Cher Show, TheThe Sonny and Cher Show Herself — co-host
1978 Cher... Special Herself
1979 Cher... and Other Fantasies Herself
1990 Cher Extravaganza: Live at the Mirage Herself
1996 If These Walls Could Talk (1996) Dr. Beth Thompson (segment "1996") also director
Nominated—Golden Globe Award for Best Supporting Actress – Series, Miniseries or Television Film
Nominated—Satellite Award for Best Supporting Actress – Series, Miniseries or Television Film
1998 Sonny & Me: Cher Remembers Herself
1999 VH1 Divas Live 2 Performer
1999 Cher: Live at the MGM Grand in Las Vegas Herself Nominated—Emmy Award — Outstanding Individual Performance in a Variety or Music Program
2000 Will & Grace Herself Episode—"Gypsies, Tramps and Weed"
2002 VH1 Divas Las Vegas Herself/performer
2002 Will & Grace Herself (as God) Episode—"A.I.: Artificial Insemination"
2003 Cher: The Farewell Tour Herself Emmy Award — Outstanding Variety, Music or Comedy Special

Види исто така[уреди]

Портал „Cher

Препораки[уреди]

  1. Erickson, Hal. „Cher: Full Biography on The New York Times“, „The New York Times“, 23 декември 2010 (конс. 23 декември 2010).
  2. Sue Sillitoe, Sound On Sound, February, 1999. Recording Cher's 'Believe'. Retrieved 12 November 2008

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „RottenTomatoes-Profile“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „name“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „pronunciation“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Надворешни линкови[уреди]

Награди и достигнувања
Претходник
Maраја Кери
World Music Award
1999
Honored with Legend Award
Наследник
Мајкaл Џексон
Претходник
Мадона
for Ray of Light
Grammy Award for Best Dance Recording
2000
for Believe
Наследник
Баха Мен
for Who Let the Dogs Out?