Кристина Агилера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристина Агилера Christina Aguilera

Кристина Агилера во септември, 2010
Биографски податоци
Родено име Кристина Марија Агилера
Познат(а) и како X-tina, Baby Jane
Роден(а) декември 18 1980 (1980-12-18) (34 г.)
Стејтон Ајланд, Њујорк Сити, Њујорк, САД
Потекло Питсбург, Пенсилванија, САД
Жанрови Поп, денс-поп, Латин поп, R&B
Занимања Пејачка, Тектописец, продуцент, актерка, танчерка
Период на активност 1993–сега
Издавачи RCA
Мреж. место christinaaguilera.com

Кристина Марија Агилера (родена 18 декември, 1980) е американска музичарка и актерка. Агилера за првпат се појавила на националната телевизија во 1990 како натпреварувачка на програмата Потрага по Ѕвезда, а потоа настапувала на телевизиските серии на каналот на Дизни, Мики Маус Клубот од 1993–1994. Таа потпишала договор со RCA Records откако ја снимила песната „Reflection“,[1] која подоцна станала тема за анимираниот филм Мулан (1998).

Во 1999, Агилера станала позната по својот прв албум наречен Christina Aguilera, кој имал голем комерцијален успех и од него се одвоиле три број-еден синглови на табелата Билборд Хот 100 — „Genie in a Bottle“, „What a Girl Wants“ и „Come On Over Baby (All I Want Is You)“.[2] Нејзиниот прв латино-поп албум, Mi Reflejo (2000), Божиќниот трет студиски албум, My Kind of Christmas (2000) и други соработки кои следеле веднаш по албумите ѝ донеле светски успех на Агилера, иако таа не била задоволна со својата музика и со својата слика.[3] Откако се одделила од својот менаџмент, Агилера ја презема креативната контрола на нејзиниот четврт студиски албум, Stripped (2002).[4] Вториот сингл на албумот, „Beautiful“, бил комерцијален успех и помогнал во продажбата на албумор и покрај контроверзиите за сликата на Агилера.[5][6][7] По Stripped Агилера го издала соул, џез и блуз албумот, Back to Basics (2006), кој добил позитивни оценки од критичарите.[8] Четири години подоцна Агилера го издала својот шести албум, Bionic (2010), кој содржел R&B, електропоп и синтпоп музика и добил различни критики, а исто така имал и мала продажба.[9][10][11][12]

Покрај тоа што е позната по своите гласовни способности, музичките видеа и сликата, музички таа вклучува теми кои се занимаваат со јавна контрола, нејзиното детство и женско зајакнување во нејзината музика.[13] Покрај работата со музиката таа исто така се посветила и на добродарителството за сиромашните, човековите права и светската работа со амбасадорот на Обединетите Нации за Светската Програма за Храна.[14][15] Агилера за првпат се појавила во филм и тоа на музиклот Бурлеска (2010), кој ѝ донел номинација за Златен глобус во категоријата најдобра оригинална песна. Делата на Агилера постигнале големи успеси вклучувајќи ѕвезда на Холивудскиот тепих на славните четири Греми Награди и една Латинска Греми Награда, а исто така и осумнаесет номинации. Магазинот Роулинг Стоун ја ранкирал на педесет и осмото место на неговиот список за 100 најдобри пејачи на сите времиња, како најмладата артистка со помалку од триесет години.[16] Агилера била ранкирана на 20-то место на артисти на декадата меѓу 2000 и 2009 од Билборд[17] а исто така таа е и втората најпродавана пејачка од 2000-те веднаш по Мадона.[18] Има продадено повеќе од 50 милиони албуми со што станала најдобро продаван музички артист на сите времиња.[19][20][21]

Живот и кариера[уреди]

1980–1998: Ран живот и почетоци на кариерата[уреди]

Кристина Агилера е родена во Стејтон Ајленд, New York од мајка Shelly Loraine Fidler која била наставничка по Шпански јазик и татко Fausto Wagner Xavier Aguilera кој работел како наредник во Американската армија. Кристина живеела со нејзините родители се до седум годишна возраст, кога се разведуваат нејзините родители и таа се сели во Wexford, Pennsylvania каде живее со нејзината мајка и помлада сестра бегајки од нејзиниот татко кој ја малтретирал физички и психички. Тоа малтретирање таа го опишува во песните "I'm OK" во Stripped, и "Oh Mother" in Back to Basics. Како дете локално била позната како малото дете со “големиот глас” пеејки на локални маалски натпревари и талент шоу-а. На 15 март 1990 таа се појавува во Star Search пеејки Etta James' "A Sunday Kind of Love". Подоцна по елиминацијата од Star Search се брати дома и се појави на KDKA-TV пеејки ја истата песна и многу луге се секаваат на 10 годишното девојче што звучи како 20 годишно. На 14 годишна возраст таа ја сними свијата прва песна "All I Wanna Do" дует со Јапонската пеачка Keizo Nakanishi која беше голем хит во USA. Нејзината кариера се дели на повеке периоди.

Музичкиот почеток (1997-2001)[уреди]

Во 1998 таа беше избрана за пеење на песната "Reflection" за Дизниевиот филм Мулан. За времето на снамањето на таа песна таа стапи во контакт со дискографската кука RCA Records и со таа песна беше номинирана за наградата “Златен Глобус” за “Најдобра Оригинална Песна”. Под водство на Steve Kurtz таа го издаде деби албумот “Cristina Aguilera” на 24 август 1999 и се најде на Американската и Канадската топ листа и албумот се продаде во осум милиони копии (дванаесет милиони на светско ниво). Албумот исто беше рангиран мегу првите 100 најдобри албуми на сите времиња. Сингловите "Genie in a Bottle", "What a Girl Wants" и "Come on Over Baby (All I Want Is You)" ги достигнаа врвовите на светските топ списоци во 1999 и 2000. Кристина ја доби наградата за “Најдобар деби изведувач” на “Греми Наградите (2000)”

Периодот 2002-2003[уреди]

На 29 октомври 2002 по долга пауза Кристина го објави својот втор албум Stripped во повеке од 330.000 копии. Во овој албум Кристина ги немаше вообичаените придружни стилови како, gospel, soul, balladry, pop rock, hip-hop и jazz. Албумот беше одлично примен од публиката.Со стилот Кристина направи многубројни промени од начинот на облекување, пирсови, тетоважи и многубројни други промени што ја направија Кристина секс симбол. Големите хитови од овој албум како "Fighter", "Can't Hold Us Down" , ги достигнаа врвовите на светските топ листи. Таа исто почнува да се занимава со пишување на текстови (синглот на Кели Кларксон "Miss Independent").

Периодот 2004-2005[уреди]

Подоцна Кристина се решава за менување на стилот во позрел од албумот Stripped. Таа го смени изгледот со бојадисување на својата коса како Блондинка и преземајки го игледот на Мерлин Монро, нејзините фанови беа шокирани и мислеа дека таа е една од пеачките како (Dita Von Teese, Gwen Stefani, the Puppini Sisters) којшто сакаа да го вратат гламурот на Холивуд од 1920 година. Во летото 2004 Кристина ги објави своите два нови синглови "Car Wash" и "Tilt Ya Head Back" . Таа исто соработуваше и со Џез артистот Herbie Hancock во август 2005-та и беше објавена "A Song for You" . Потоа таа прави хуманитарни проекти како “Nelson Mandela Children's Fund at the Coca-Cola Dome”

Периодот 2006-2007[уреди]

Во март 2006 Кристина потпишува договор со мобилниот оператор Orange за промоција на новиот Sony Ericsson-Walkman телефон. Работеше и на реклами за PEPSI. Таа позираше гола во Мерлин Монро стил за списанието GQ Magazine. Таа го објавува својот трет албум во август 2006 наречен “Back to Basics” заедно со хитот "Ain't No Other Man" кој достигна голем успех и беше во врвот на светските топ листи. На 49-те Греми награди таа повторно ја добива наградата за “Најдобар Женски Поп Изведувач” со песната "Ain't No Other Man". Во јануари 2007 таа беше прогласена за 19-та најбогата жена на светот со богатство од околу 60 милиони долари.

Во иднината 2007-2009[уреди]

Г. Џони Грант објавува дека во 2008-та година Кристина Агилера ке добие ѕвезда на познатиот Hollywood Walk of Fame. Во јуни 2007 таа објави дека собира инспирација за следен албум за кој вели дека ке биде “Краток ама Сладок” тотално различен од претходниот “Back to Basics” и при тоа не изјавувајки каков ке биде стилот на албумот.Таа исто така најавува дека ке сними песна со некогашниот нејзин ривал Еминем.

Глума[уреди]

Покрај тоа што беше дел од кастингот за филмот “The New Mickey Mouse Club” Кристина се појавува во многу други телевизиски шоу-а и како гостин во најразлични телевизиски серии.Таа исто така се има појавена во познатата серија “Beverly Hills 90210” и како водител на шоуто “Saturday Night Live ” во 2004 година.Таа исто така се појавува во една епизода на мега популарната ТВ Серија “Сексот и Градот” и многу често се има појавувано на ТВ екраните во некоја опасна улога во стилот на Анџелина Џоли.Таа отпеа еден мал дел во цртанот “Shark Tale” , исто така има снимено неколку саунд-траки за филмовите: Mulan, What Women Want, и музиклот Moulin Rouge.

Парфем[уреди]

На 1 октомври 2007-та година го објавува нејзиниот парфем Procter and Gamble. Декоративниот дизајн на пакувањето и шишенцето на парфемот е инспирирано од Холивудскиот гламур за време на 1930-тите гидини.

Хуманитарна работа[уреди]

За време на нејзината кариера таа има направено многу за хумани цели.Таа има напишано писмо од “PETA” до Јужно Корејската влада барајки од земјата да престане да убива кучиња за храна. Таа исто така ги подржува и “Бранителите на Дивиот свет” со своите доброволни приходи. Таа исто така има многу придонесено за нејзиниот роден град Питсбург, и една од многуте донации е за центарот за заштита на жените и за оваа цел има донирано 200.000$. Таа води најразлични кампањи како “Стоп за малтретирањето над жените“ и “Стоп за фамилијарното насилство“. Исто така дава придонес и во кампањата против “СИДА“ со учествувањето во проектот “Артистите на Лос Анџелес против СИДА“ Во ноември 2005-та година подароците за нејзината свадба беа дадени во добротворни цели за жртвите од ураганот “Катрина“.

Приватен живот[уреди]

Во 2000 Кристина беше во врска со Carson Daly.Нивната врска беше предмет на многу дискусија по објавувањето на песната на Еминем "The Real Slim Shady" . Потоа таа беше во врска со танчер по име “Jorge Santos“ и нивната врска траеше околу 2 години (заврши септември 2001) . На почетокот на 2002 година таа почна врска со Jordan Bratman кој беше музички маркетинг агент. Нивната свршувачка беше објавена во февруари 2005 година, и тие направија свадба на 19 ноември 2005-та година во “Napa Valley“ . Двојката својата годишнина ја прослави во Даблин-Р.Ирска. Наскоро потоа беше објавено дека Кристина е трудна и очекува бебе.

Вокални Способности[уреди]

Кристина е Spinto Soprano, знаејки за нејзините големи вокални способности и мокен глас е прогласена за “глас на нејзинате генерација“и нејзиниот глас опфака четири гласовни октави. Еден од многуте коментари за нејзиниот глас е на Аксел Роуз (од Guns And Rouses) ја опиша Кристина како “еден од најголемите вокалисти на нашето време“ .

Филмографија[уреди]

Дискографија[уреди]

Видете исто[уреди]

Портал „Кристина Агилера


Наводи[уреди]

  1. Biography Christina Aguilera Biography RCA Records artist page. Retrieved on August 22, 2008.
  2. Stripped for all the world to hear. SMH. Retrieved on May 25, 2007.
  3. Pak, SuChin MTV Online Christina Aguilera: Not Your Puppet MTV.com February 2002 Retrieved on January 29, 2009.
  4. Smith, Andy (August 15, 1998). "One talented teen". Providence Journal. Retrieved on May 25, 2007.
  5. Oguinnaike, Lola July 30, 2006 Christina Aguilera, That Dirrty Girl, Cleans Up Real Nice New York Times Retrieved on July 18, 2008.
  6. Moss, Corey MTV News Online (November 2, 2008) Christina Aguilera Follows Controversial 'Dirrty' With Inspirational 'Beautiful' MTV News Retrieved on July 5, 2008.
  7. Scaggs, Austin August 10, 2006 Dirty Girl Cleans Up RollingStone online Retrieved on February 16, 2010.
  8. „Christina Aguilera - Back To Basics - Music Charts“. Acharts.us. http://acharts.us/album/14535. конс. 18 септември 2010. 
  9. „Turn It Up: Album review: Christina Aguilera, 'Bionic'“. Leisureblogs.chicagotribune.com. 7 јуни 2010. http://leisureblogs.chicagotribune.com/turn_it_up/2010/06/album-review-christina-aguilera-bionic.html. конс. 18 септември 2010. 
  10. „Christina Aguilera - Album review: Christina Aguilera - 'Bionic' (RCA) - Album Reviews“. Nme.Com. http://www.nme.com/reviews/christina-aguilera/11355. конс. 18 септември 2010. 
  11. „Christina Aguilera: Bionic | Music Review“. Slant Magazine. http://www.slantmagazine.com/music/review/christina-aguilera-bionic/2139. конс. 18 септември 2010. 
  12. Christina Aguilera's dud album rattles label“, „New York Post“, 18 јули 2010.
  13. Glamour Online; Sandell, Laurie (November 2007). Christina: intimate talk about a past that still hurts Retrieved on December 14, 2007.
  14. Christina Aguilera Goes Solo“, Redbook magazine (конс. 24 февруари 2011).
  15. "Guatemala: Pop star Christina Aguilera calls for funding to help UN feed thousands", UN News Centre press release, 24 September 2009. Retrieved, January 25, 2009
  16. 100 Greatest Singers of All Time“, Rolling Stone (конс. 11 ноември 2008).
  17. Staff, Billboard (2010). „Artists of the Decade“. „Billboard“. Nielsen Company. http://www.billboard.com/#/features/artist-of-the-decade-1004053060.story. конс. 3 мај 2010. 
  18. Billboard.biz 2009 Single Sales Artist Retrieved on December 6, 2010.
  19. Robert Seidman (21 октомври 2010). „Christina Aguilera to Perform at The 38th Annual ‘American Music Awards®’ November 21 on ABC“. TV By The Numbers. http://tvbythenumbers.com/2010/10/21/christina-aguilera-to-perform-at-the-38th-annual-american-music-awards-november-21-on-abc/69065. конс. 24 октомври 2010. 
  20. „CHRISTINA AGUILERA's songwriter on Lady Gaga comparisons, "That's Crap"“. VIBE magazine. 21 октомври 2010. http://www.vibe.com/posts/christina-aguilera-songwriter-lady-gaga-comparisons-thats-crap. конс. 24 октомври 2010. 
  21. Hot Property: Christina Aguilera’s home pops back on the market“, College Candy, 11 декември 2010 (конс. 11 декември 2010).

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Награди и достигнувања
Претходник
Лаурин Хил
Греми Награди за Најдобар Нов Артист
2000
Наследник
Шелби Лин
Претходник
никој
Латински Греми Награди за Најдобар Поп Вокален Албум, Женски
2001
за Mi Reflejo
Наследник
Розарио Флорес
за Muchas Flores
Претходник
Би Би Кинг и Др. Џон
за „Is You Is, or Is You Ain't (My Baby)“
Греми Награди за Најдобра Поп Соработка со Вокали
2002
за „Lady Marmalade

со Лил Ким, Миа и Пинк

Наследник
Сантана и Мишел Бранч
за „The Game of Love
Претходник
Нора Џоунс
за „Don't Know Why
Греми Награди за Надобра Женска Поп Вокална Изведба
2004
за „Beautiful
Наследник
Нора Џоунс
за „Sunrise
Претходник
Кели Кларксон
за „Since U Been Gone
Греми Награди за Надобра Женска Поп Вокална Изведба
2007
за „Ain't No Other Man
Наследник
Ејми Вајнхаус
за „Rehab
Претходник
Син „Диди“ Комбс
Водеител на MTV Европски Музички Награди host
2003
Наследник
Xzibit

Шаблон:Синглови на Кристина Агилера