Билборд Хот 100

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Билборд Хот 100 (анг. Billboard Hot 100) е топ-листа на синглови која ги составува и секоја недела ги објавува американското списание Билборд. Се составува на основа на пуштањеро на песните од сингловите на радио-станиците и на основа на бројот на продадени копии на сингловите, и тоа без разлика на нивниот музички жанр. Неделата во која се следат продажбите на сингловите почнува во понеделник, а завршува во недела, додека седмицата во која се следи пуштањето на песните од сингловите на радио станиците почнува во среда, а завршува во вторник. На основа на овие податоци, се составува топ-листа која официјално се објавува во списанието Билборд, ама како датум на излегувањето на листата секогап се наведува датумот од саботата до следната недела. Пример:

  • понеделник, 1 јануари — почнува следењето на продажбите на сингловите;
  • среда, 3 јануари — почнува следењето на пуштањето на песните на радио станиците;
  • недела, 7 јануари — завршува следењето на продажбите на сингловите;
  • вторник, 9 јануари — завршува следењето на пуштањето на песните на радио станиците;
  • четврток, 11 јануари — се објавува нова топ листа, а како датум на нејзиното објавување се објавува сабота, 20 јануари.

Првиот сингл кој се нашол на првото место на топ-листата е синглот на Рики Нелсон, "Poor Little Fool", на 4 август, 1958 година.

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]