Глумец

Од Википедија, слободна енциклопедија

(Пренасочено од Актер)
Скокни на: навигација, барај

Глумец (ж. род глумица) или актер (фр. acteur, од лат. actor — изведувач; ж. род актерка) е личност која изведува драмска продукција, работи на филм, телевизија, театар или радио. Античко грчкиот збор за актер e хипокрит, што значи да изведуваш. Во оваа смисла актер е личност која изведува односно претставува драмски карактер.

Првите записи за актерите се од 534 година пред нашата ера, кога старо-грчкиот изведувач Теспис излегол на сцена во театарот на дионис и станал познат по тоа што бил првиот човек кој изговорил зборови на фиктивен карактер од драма. Се до средниот век, актерите не биле луѓе со висок статус во општеството, често поврзувани со декаденцијата и неморален животен стил. Ситуацијата е драматично променета во 19 и 20 век кога актерството станало чесна и почитувана професија. За времето на средниот век само мажите можеле да бидат актери, бидејќи се сметало за невкусно жена да настапува на сцена.

Лични алатки