Википедија:Книги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Преглед

Книга во контекст на Википедија (или „Википедиина книга“) е збирка на статии од Википедија што може лесно да се зачува, испише електронски во форматите PDF, ZIM и OpenDocument, или пак да се испечати како хартиен примерок. Повеќе за ваквите книги ќе дознаете од Помош:Книги (општи совети) и прашања и помош.

Полица

Избрани книги

Featured article star.svg
Следниве книги се избрани и истакнати поради содржајноста и квалитетот, или бидејќи покриваат актуелна тема од интерес.
  • Наскоро
  • Погл. Избрана содржина - од која можете да составите книги и да ги предложите за избрани книги.


Испечатени Википедиини книги

Како до одлични книги

Тема и наслов

Речиси и да не постојат граници кога создавате книги од содржини на Википедија. Добрата книга се задржува на извесна тема и ја покрива што е можно потемелно. Треба да има описен наслов, за другите корисници да добијат правилен впечаток за она што е опфатено во неа.

Должина

Книгите треба да содржат разумен број на статии. Една статија е премалку, но, од друга страна, ако направите PDF со повеќе од 500 страници, книгата ќе биде преголема, па дури може и да им направи проблеми на читателите што користат постари системи.

Вовед

Зачуваните книги можат да се доуредуваат со вовед. Воведот може да се складира на потстраница на книгата. Напатствија за рачно додавање на страници ќе добиете на „Помош за стручни“.

Бидете смели

Ако вашата книга се задржува на јасна тема, има описен наслов и разумна големина, тогаш ставете ја во списокот на книги од заедницата. Можете да ја зачувате непосредно како „Книга:Наслов“, или најпрвин да ја ставите во вашиот именски простор, а потоа да ја преместите во „Книга:Наслов“.