Роб Томас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роб Томас

Томас на забавата организирана од списанието Vanity Fair во Њу Јорк (2010)
Биографски податоци
Родено име Роберт Кели Томас
Роден(а) 14 февруари 1972
Ландштул, Западна Германија
Потекло Флорида, САД
Жанрови Алтернативен рок, поп рок, соул
Занимања Пејач, текстописец
Инструменти Вокал, пијано, гитара, перкусија, тапани
Период на активност 1996 - сѐ уште
Издавачи Атлантик, Emblem Music
Соработници Matchbox Twenty, Карлос Сантана, Itaal Shur, Tabitha's Secret
Мреж. место robthomasmusic.com

Роб Томас (роден на 14 февруари 1972) е американски рок музичар и текстописец. Кариерата ја започнал како пејач во бендот Matchbox Twenty, за подоцна да продолжи како соло артист. Има издадено два студиски албуми, и тоа ...Something to Be (2005) и Cradlesong (2009).[1]

Најпозната негова нумера е песната „Smooth“, која воедно е прва негова соработка со гитаристот Карлос Сантана. Песната освоила три Греми награди, а албумот Supernatural (на кој се наоѓа композицијата) се продал во повеќе од 30 милиони примероци на глобално ниво.

Освен за Сантана, Роб Томас има пишувано текстови за музичарите Мик Џегер, Марк Ентони и Вили Нелсон помеѓу останатите.

Интересно, Томас е роден во воена болница во тогашна Западна Германија, бидејќи неговите родители служеле во армијата на САД. Тој е исто така голем поборник за правата на геј заедницата.[2]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]