Војна на ѕвездите
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Војна на ѕвездите (англиски: Star Wars) е серијал на научно-фантастични филмови на американскиот режисер, продуцент и сценарист Џорџ Лукас. Серијалот е своевидна бајка која ја обработува темата на вечната борба меѓу доброто и злото, сместена во средината на вселенското пространство и е алегорична визија за човечката историја и сегашност. Серијалот е составен од шест филмови (епизоди):
- Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана
- Војна на ѕвездите Епизода 2: Напад на клоновите
- Војна на ѕвездите Епизода 3: Одмаздата на Сит
- Војна на ѕвездите Епизода 4: Нова надеж
- Војна на ѕвездите Епизода 5: Империјата го возвраќа ударот
- Војна на ѕвездите Епизода 6: Враќање на џедајот
|
|||||