Велепредавство
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Велепредавство во поширока смисла на зборот е дело кое е страшно нелојално кон сопствената земја или владетел. Најдобри примери се учество во војна против својата земја, обид за рушење на владата и обид за убиство на владетелот.
Историски во Англија се правело разлика помеѓу велепредавство и ситно предавство, кое е обид за убиство на законски претпоставено лице (како слуга кој убива господар). Ова се сметало за посериозен степен на убиство. Меѓутоа, денеска терминот „предавство“ обично се изедначува со „велепредавство“. Во некои земји законот не прави разлика помеѓу нив — на пример, Уставот на САД го дефинира предавството како нешто што историски би се нарекло велепредавство.
Во Канада пак, законот прави разлика момеѓу нив, но всушност и двете се однесуваат на историското „велепредавство“.