Наум Манивилов - Преспански
Од Википедија, слободната енциклопедија
Наум Манивилов - Преспански (Љубојно, Ресенско, 18 јули 1934 – Скопје, 8 октомври 1961) бил македонски поет[1].
[уреди] Биографија
Манивилов - Преспански е роден во преспанското село Љубојно на 18 јули 1934 година. Завршил средно образование. Работел како новинар во весникот „Млад Борец“. Член на ДПМ од 1960 година. Неговата поезија, иако прекината со прераната трагична смрт, оставила силен печат во тогашната развојна етапа на македонската лирика; таа е исполнета со младешки жар и копнеж за слободен израз.
[уреди] Библиографија
- Преспа, Ск., 1961;
- Ноќен патник, Ск., 1963 – постхумно.
[уреди] Наводи
- ↑ (на македонски) „Македонска енциклопедија“. II (прво издание). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2.

