Илчо Наумоски
| Илчо Наумоски | ||
| Лични податоци | ||
|---|---|---|
| Полно име | Илчо Наумоски | |
| Роден во | Прилеп | |
| Висина | 1,91 м | |
| Положба | Напад | |
| Клупски податоци | ||
| Сегашен клуб | ||
| Број | 24 | |
| Сениорска кариера1 | ||
| Години | Клуб | Наст. (гл-ви)* |
| 2002-2004 2004 2005 2005- |
Грацер Малатијаспор Катанија Матерзбург |
22 (8) 3 (0) 0 (0) 197 (46) |
| Репрезентација2 | ||
| 2003- | 45 (9) | |
|
1 Настапи и постигнати голови како сениор |
||
Илчо Наумоски (роден на 29 јули 1983 во Прилеп, Република Македонија) е македонски фудбалер кој игра за Матерзбург во австриското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.[1]
Содржина |
Клубска кариера [уреди]
Наумоски својата фудбалска кариера ја започнал во австрискиот клуб Грацер. Својот прв погодок во Австриската Бундеслига го постигнал на 17 август 2002 година во натпреварот против Рапид Виена кој завршил со резултат 1-1. Во премиерната сезона во Австриската Бундеслига тој одиграл 12 натпревари и постигнал пет голови, а клубот го освоил второто место во лигата. Следната сезона Наумоски играл во Лигата на Шампионите каде бил елиминиран во последното - трето квалификационо коло од Ајакс. Во 2004 година, со Грацер, Наумоски ја освоил двојната круна (Австриската Бундеслига и Австрискиот Куп). Во двете сезони во Грацер, тој одиграл 22 натпревари и постигнал осум голови.
По две неуспешни сезони, најпрво во турски Малатијаспор, а потоа и во италијанскиот калчолигаш ФК Катанија[2], тој повторно се вратил во Австрија, овојпат во Матерзбург. Во Матерзбург, Наумоски за многу кратко време станал клучен играч на клубот.
Кариера во репрезентативниот дрес [уреди]
Наумоски својот прв натпревар за Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 9 февруари 2003 година во пријателски натпревар против Хрватска кој завршил со резултат 2-2. Првиот погодок за репрезентацијата го постигнал на 20 август истата година на пријателски натпревар во Прилеп против Албанија. Натпреварот завршил со резултат 3-1 во корист на Македонија.[3]
Голови [уреди]
| # | Дата | Место | Противник | Резултат | Исход | Натпреварување |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 20 август 2003 | Прилеп | 3–1 | Победа | Пријателски Натпревар | |
| 2 | 11 октомври 2006 | Андора ла Вела | 3–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 | |
| 3 | 7 октомври 2007 | Скопје | 3–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 | |
| 4 | 17 ноември 2007 | Скопје | 2–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 | |
| 5 | 20 август 2008 | Луксембург | 4–1 | Победа | Пријателски Натпревар | |
| 6 | 6 септември 2008 | Скопје | 1–0 | Победа | Квалификации за СП 2010 | |
| 7 | 3 март 2010 | Скопје | 2–1 | Победа | Пријателски Натпревар | |
| 8 | 7 септември 2010 | Скопје | 2–2 | Реми | Квалификации за ЕП 2012 | |
| 9 | 8 октомври 2010 | Андора ла Вела | 2–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2012 |
Постигнувања [уреди]
- Австриска Бундеслига: 1
- 2004
- Австриски Куп: 1
- 2004