Марсел Сердан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марсел Сердан

Основни податоци
Вистинско име Марселин Сердан
Прекар(и) Марокански бомбардер (The Moroccan Bomber)
Casablanca Clouter
Категорија средна категорија
Националност Франција француско
Дата на раѓање 22 јули 1916
Место на раѓање Сиди Бел Абес, Француски Алжир (сега Алжир)
Дата на умирање 27 октомври 1949(1949-10-27) (возр. 33)
Место на умирање Сао Мигел, Азури, Португалија
Стил Orthodox
Статистика
Вкупно борби 117
Победи 113
Победи со нокаут 66
Порази 4
Нерешени 0
Незавршени 0

Марселин „Марсел“ Сердан (фр. Marcel Cerdan) (22 јули 1916 - 27 октомври 1949[1]) бил француски светски шампион во бокс кој од страна на многумина боксерски експерти и навивачи е сметан за еден од најголемите боксери на Франција но и на Европа кој својата боксерска вештина ја учел и ја стекнувал во Африка. Неговиот живот е одбележан со неговите спортски постигнувања, општенствениот животен стил и со трагедијата.

Марсел Сердан се родил на 22 јули 1916 во Сиди Бел Абес во тогашен Француски Алжир. Почнал професионално да боксува на 4 ноември 1934 во Мекнес, Мароко, победувајќи го Марсел Бучианери во меч со 6 рунди. Оттогаш извојувал 47 последователни победи сè до 4 јануари 1939, кога за првпат изгубил, од Хари Крастер со дисквалификација во 5-тата рунда во Лондон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Birth and death certificate“. Архивирано од изворникот на 2007-10-15. Посетено на 2008-09-08.