Филип Сендерос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип Сендерос
Senderos061115-02.jpg
Лични податоци
Полно име Филип Силвијан Сендерос
Роден на февруари 14 1985 (1985-02-14) (29 г.)
Роден во Женева, Швајцарија
Висина 190
Положба Одбрана, Центар
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал
Број 6
Филип Сендерос

Филип Силвиан Сендерос (роден (роден на 14 февруари 1985 во Женева) е Швајцарски Фудбалер од Шпанско и Српско потекло. Сендерос е член на премиерлигашот Еверон . Во неговиот поранешен клуб Сервет играл како напаѓач.

Почетоци на кариерата[уреди]

Својата фудбалска кариера Сендерос ја започна како член на младинскиот тим во Швајцарскиот клуб Сервет. Неговите репрезентативни опции беа големи поради неговото мешано потекло, од татко Шпанец и мајка Србинка.

Сепак, Сендерос има играно во сите нивоа од репрезентацијата до 15 години па нагоре за Швајцарија. Првпат беше забележан во фудбалскиот свет кога беше капитен на Швајцарија за време на Европското Првенство за играчи до 17 години во 2002.

Како резултат на неговиот добар настап доби понуди од повеќ клубови како Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид, како и Интер и AК Милан.

Арсенал[уреди]

Сендерос потпиша за Арсенал во декември 2002, но остана во Сервет до летото.[1] Сумата платена за трансферот наводно била 2,5 милиони фунти. Во неговата прва сезона во Арсенал имаше проблеми со повреди, поради тоа неговото деби за клубот беше на победата од 2:1 на гостувањето кај МАнчестер Сити во Лига Купот на 27 октомври 2004. Имаше вкупно 13 настапи во сезоната 2004–05, вклучително и дебито во Лигата на Шампионите против ФК Баерн Минхен.

За време на повредата на Сол Кембел во 2005, Сендерос имаше долг период како стартер, и ја задржа позицијата дури и откако Кембел се врати од повредата. Филип беше стартер во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед; Арсенал го доби натпреварот на пенали.

Понатамошните повреди на Сол Кембел му овозможија на Сендерос да изгради успешно партнерство со Коло Туре во сезоната 2005–06. Тој стана главна алка во патот на Арсенал до финалето на Лигата на Шампионите вклучувајќи го и рекордот на десет натпревари без ниту еден примен гол. Но се повреди и не играше во финалето во Париз, Арсенал го загуби натпреварот со 2:1; Кембел стартуваше на негово место и го постигна првиот гол.

Летото 2006, на Сендерос му беше доделен дресот со број 6, кој претходно беше во сопственост на легендарниот капитен на клубот Тони Адамс. Сепак, го пропушти стартот на сезоната поради повредата на рамото со која се здоби на Светското Првенство тоа лето.

Првпат беше капитен на Арсенал на 2 август 2007, во победата од 2:1 на пријателскиот натпревар со Лацио на Турнирот Амстердам.

Првиот гол во сезоната 2007-08 Сендерос го постигна против Сандерленд на 7 октомври 2007 на Емиратите. Исто така го постигна својот втор гол против Блекбурн Роверс на 11 февруари, 2008.

Сендерос беше критикуван откако Арсенал беа исфрлени од Лигата на Шампионите. Многу „експерти“ го обвинија за првите два гола на Сами Хипија и Фернандо Торес. Сендерос наводно бил потресен по натпреварот и се обвинувал себеси за поразот. Неговиот татко изјави дека Филип е роден победник и не бил навикнат на порази и затоа изреагирал толку лошо.[2]

Во летниот преоден рок, Сендерос беше испратен на заем во италијанскиот прволигаш АК Милан. Според договорот помеѓу Арсенал и Милан, на крајот од едногодишниот заем Миалн ќе имаат можност да го купат за однапред договорена цена.

Меѓународна кариера[уреди]

Дебито за сениорската репрезентација на Швајцарија го оствари на 26 март 2005 во натпреварот против Франција во Париз кој заврши 0:0. Откако играше во квалификациите за Светското Првенство во 2006, беше именуван и во составот кој отиде во Германија. Стартуваше во тандем со Патрик Милер во сите три натпревари во групата, постигнувајќи и гол на третиот натпревар против Кореја. Си го скрши носот во тој натпревар, но позначајна беше повредата на лигаментите на рамото која го отстрани од понатамошните натпревари на Швајцарија на Светското Првенство. Беа исфрлени во првиот нок аут натпревар од страна на Украина но останаа единствен тим кој не прими гол ниту во регуларниот дел од натпреварот ниту во продолжението. Загубија на пенали со 3:0.

Сендерос беше дел и од Швајцарскиот тим на Европското Првенство 2008. Играше на сите три натпревари од од групата, но неговиот тим не успеа да се квалификува за нок аут фазата.

Личен живот[уреди]

Потеклото на Филип Сендерос од Шпанија (Приказна и слики) swissinfo.ch

Во интервју[3] за Обзервер, има изјавено, меѓу другото, дека говори шест јазици (Англиски, Француски, Шпански, Германски, Италијански и Португалски) и дека, доколку неговата фудбалска кариера би завршела утре, би започнал кариера во комуникации: „Би научил уште еден јазик, некој кој не го говорат многу луѓе, како Руски или Грчки“. Кога Францеск Фабрегас првпат пристигна во Арсенал, Филип му помогнал да научи Англиски а потоа и Француски.

Неговиот брат Џулиен Сендерос игра кошарка, има играно за Женева Девлс а од сезоната 2007-08 игра за Мејрин Гранд-Саконе. Исто така има играно и за Швајцарскиот национален тим. [1] [2]

Статистика на кариерат во Арсенал[уреди]

(заклучно со 19 мај, 2008)

Клуб Сезона Лига Куп[4] Европа Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
Арсенал 2004–05 13 0 0 9 0 1 0 23 0
2005–06 20 2 0 8 0 7 0 35 2
2006–07 14 0 0 9 0 2 0 25 0
2007–08 17 2 0 6 0 9 0 32 2
Вкупно кариера   115 4

Почести[уреди]

Арсенал

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Фудбалери на Милан