Мала писка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала писка
Позиција на малата писка кај човекот (црвен дел).
Пресек на човечка нога, приказ на малата писка во центарот.
Податоци
Назнаки
Латински(os) fibula
MeSHA02.835.232.043.650.321
TAA02.5.07.001
FMAFMA:24479

Малата писка (латински: fibula) е долга коска латерално сместена од големата писка и заедно со големата писка ја сочинуваат потколеницата.

Делови[уреди | уреди извор]

На малата писка се разликуваат:

  • тело (латински: corpus fibulae);
  • горен крај каде се наоѓа главата (латински: caput fibulae), која преку зглобна површина се поврзува со латералниот кондил од големата писка;
  • долен крај наречен глужд (латински: malleolus lateralis), на кој се наоѓа зглобна површина за зглобување со скочната коска од стапалото.

Зглобови[уреди | уреди извор]

Главата од малата писка се спојува со надворешниот кондил од големата писка и формираат полуподвижен тибиофибуларен зглоб, во кој се можни минимални движења на рамните зглобни површини. Долните краеви од малата и големата писка градат сврзен спој.

Мускули[уреди | уреди извор]

Најповршински и најразвиен мускул од задната група мускули е триглавиот мускул на листот (латински: musculus triceps surae), триглавиот мускул е составен од двоглав мускул (латински: musculus gastrocnemius}) на листот и листен мускул (латински: soleus). Гастрокнемиусот тргнува со две глави од двата кондили на бутната коска, а солеусот тргнува од двете коски на потколеницата (тибија и фибула).

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]