Карл Прибрам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Pribram Tucson2.jpg

Карл Прибрам (Karl H. Pribram) е роден на 25 февруари 1919 во Виена, Австрија. Професор на универзитетот Џорџтаун, и професор во пензија по психологија и психијатрија на универзитетите Станфорд и Редфорд. Во 1940-те години, Прибрам направил пионерска работа со лимбичниот систем како неврохирург, подрачје на мозокот што е поврзано со чувствата и однесувањето.

Истражувања[уреди]

На самиот почеток на својата кариера Прибрам се соочил со тест на карактерот. Во 1935 година, португалскиот невролог Егаз Мониз, смислил нешто за што се верувало дека е совршен начин за лечење на менталните болести: хируршко дупчење на черепот и отсекување на префронталниот кортекс од остатокот на мозокот, со што и најнемирните пациенти се претворале во послушни. Постапката ја нарекол префронтална лоботомија, која станала многу популарна во Америка, а на Мониз му донесла Нобелова награда. Тоа било времето кога Прибрам стапил на медицинската сцена, и веднаш застанал на позициите дека е погрешно на таков начин да се манипулира со мозокот на луѓето. Еден ден не дозволил да се вршат лоботомии на оделот за неврохирургија во Џексонвил, Флорида. Подоцна, на Јејл, останал на истиот став, а неговите радикални идеи го чинеле отпуштање од работа.

Во 1946 година, Прибрам отишол да работи со тогаш големиот невропсихолог Карл Лешли, во лабораторијата за биологија, во Оринџ Парк на Флорида. Експериментите кои тие двајца ги вршеле врз глувци имале за цел да се откријат тајните механизми на сеќавањето и складирањето на меморијата во мозокот. Но она што го откриле било дека што и да направат со мозокот на експерименталните глувци, сеќавањата упорно останувале недопрени. Прибрам дошол до заклучок дека сеќавањата не се сместени на одредено место во мозокот, како што се книгите во блиблиотека. Проблемот бил во тоа што науката дотогаш не познавала никаков механизам или процес што може да ја објасни таа појава.

Холографија[уреди]

Кон средината на 1950-те години, Прибрам се сретнал со статија објавена во едно научно списание, во која се опишувал холограмот, и веднаш сфатил дека концептот на холограмот нудел решение на загонетката со која се мачел: како функционира мозокот. Додека бил на Јејл, осмислил редица експерименти кои ги вршел наредните седум години, а при кои ја мерел електричната активност на мозокот на мајмуните додека изведуваат различни задачи.

Холографскиот модел на мозокот нуди одговор на многу загонетки за кои науката нема објаснување. Тука спаѓаат:

  • Огромната меморија - математичарот Џон вон Неуман пресметал дека во текот на еден просечен човечки живот мозокот може да складира околу 2,8х10²° (280.000.000.000.000.000.000.) битови информации.
  • Асоцијативното присетување - миризба или колаче што нè потсетуваат на некој настан од детството, или слично.
  • Способноста да ги препознаеме познатите предмети - на пример, во гужва од стотици луѓе веднаш го препознаваме познатото (или саканото) лице. Иако на прв поглед не изгледа необична, сепак оваа способност е многу сложена за да се објасни.
  • Фотографско памтење - наречено и „ејдетско памтење“.
  • Пренос на научени вештини - т.е. способноста да `пишуваме` на пример со нога, иако не сме го учеле тоа никогаш.
  • Чувствување на фантомските (отсечени) екстремитети - т.е. способноста на мозокот некои искуства да ги сместува вон физичките граници на телото.[1]

Реакции на научната заедница[уреди]

И покрај сите докази во полза на холографскиот модел на мозокот, повеќето научници не се убедени во аргументите на Прибрам. Сепак, постојат и бројни истражувачи кои со своите експерименти ја потврдиле теоријата на Прибрам.


Библиографија[уреди]

Својата прва статија за холографската природа на мозокот Прибрам ја објавил во 1966 година. Потоа следуваат редица наслови, дадени овде во оригинал:

Рефренци[уреди]

  1. Мајкл Талбот, „Холографски универзум“, Аквариус Пет, Скопје, 2009, стр. 26-33. ISBN 978-608-4502-18-0

Надворешни врски[уреди]