Бакари Сања

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бакари Сања
Лични податоци
Роден на {{{dateofbirth}}}
Роден во    {{{countryofbirth}}}


* Настапи (Голови)

Бакари Сања

Бакари Сања, (роден на 14 февруари 1983 во Санс, Бургундија) е Француски репрезентативец во Фудбал со Сенегалско потекло, кој игра во одбраната. Во моментов настапува за Арсенал. Неговиот братучед Ибрахима Сонко исто така игра во Премиер лигата, за новиот премеиерлигаш Стоук Сити.[1]

Содржина

[уреди] Клубска кариера

[уреди] Осер

Сања имаше 87 настапи во Француската Лига 1 за Осер ибеше дел од составот кој го освои Францускиот Куп во 2005. Исто така играше и во Купот на УЕФА во сите три сезони кога настапуваше за првиот тим, постигнувајќи вкупно 17 настапи во ова натпреварување. Сања беше именуван и во тимот на сезоната на Лига 1 за неговите одлични изведби на позицијата на десен бек.

[уреди] Арсенал

[уреди] Сезона 2007-08

На 12 јули 2007, Сања направи трансфер во Арсенал за неоткриена сума, се претпоставува дека се работи за почетни 6,1 милион фунти (9 милиони евра) кои би можеле да достигнат до 7,45 милиони фунти (11 милиони евра).[2] Го носи дресот со број 3, кој до неодамна беше носен од Ешли Кол и миленикот на навивачите Најџел Винтербурн.[3]

Своето деби за Арсенал Сања го имаше на 19 јули 2007 во стартниот состав кој го победи Турскиот Генчербирлиги со 3:0 на пријателски натпревар на стадионот Бад Валтерсдорф во Австрија.[4]

Во Премиер лигата, Сања дебитираше, повторно како стартер, во победата од 2:1 против Фулам на Стадионот Емирати, и повторно импресионираше со својата изведба. Французинот, иако омилена позиција му е десен бек, добро се снаоѓа и како централен стопер, лев бек и во средниот ред. И покрај тоа што неодамна се пресели во Премиер лигата сепак успеа да му ја заземе позицијата на Емануел Ебуе, кој беше преместен на десно крило.

На 23 март 2008, Сања го постигна својот прв гол за Арсенал во Премиер лигата за водство од 0:1 против Челзи ФК откако со глава ја сврте топката нафрлена од корнер. Овој гол имаше големо значење за Бакари, бидејќи му го посвети на својот брат кој загина еден месец порано. Откако тој го напушти теренот поради повреда, Арсенал го загуби натпреварот со 2:1. На крајот од сезоната, Сања беше изгласан во Тимот на Годината на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери.

На 4 јуни 2008, Арсенал излезе со изјава дека Сања потпишал нов договор со клубот, по одличната прва сезона. Неговиот договор беше проширен за уште две години, што значи дека Бакари ќе остане со Топчиите до 2014. По потпишувањето Сања изјави: „Го сакам Арсенал, тие се одличен клуб“, и додаде, „Менаџерот е исто така многу добар, и следната сезона (2008-09) ќе се бориме за сите трофеи.“[5]

[уреди] Меѓународна кариера

Сања претходно играше за тимот на Франција под 21, со кои учествуваше на Европското Првенство за играчи до 21 година во 2006.

Првиот настап за сениорскиот тим на Франција го имаше на 22 август 2007 на пријателски натпревар против Словачка, на кој Франција победи со 1:0. На натпреварот Сања влезе од клупа на местото на Франсоа Клерк по еден час игра. Натпреварувачкото деби за Франција беше на гостувањето на Фарските Острови на 13 октомври 2007 во склоп на квалификациите за Европското Првенство, Франција го доби натпреварот со 6:0, а Сања ги изигра сите 90 минути. Тоа беше и негов единствен настап на Квалификациите за ЕП 2008.

[уреди] Достигнувања

Со Осер

Индивидуални

  • Играч на сезоната на Осер за 2006–07
  • Изгласан за најдобриот десен бек во Франција за 2006–07
  • Дел од Тимот на Сезоната на Лига 1 за 2006–07
  • Изгласан за најдобриот десен бек во Англија за 2007–08

Со Арсенал

[уреди] Белешки

  1. Сонко ја открива фамилијарната врска со Арсенал“, „readingfc.co.uk“, 2007-11-08. Проверено на 2007-11-08.
  2. „Sagna signe jeudi à Arsenal“ (на Француски). „lequipe.fr“. http://www.lequipe.fr/Football/breves2007/20070712_100450Dev.html. проверено на July 13 2007. 
  3. Сања од Осер потпиша за Арсенал“, BBC Sport, 2007-07-12. Проверено на 2007-07-12.
  4. Извештај од натпреварот“, Arsenal Online, 2007-07-19. Проверено на 2007-07-19.
  5. „Sagna pens Gunners deal“. Sky Sports. 2008-06-04. http://www.skysports.com/story/0,19528,11670_3647884,00.html. проверено на 2008-08-16. 

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици