Ешли Кол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ешли Кол
ACole.JPG
Лични податоци
Полно име Ешли Кол
Роден на 20 декември 1980 (1980-12-20) (33 г.)
Роден во Стипнеј, Лондон, Англија
Висина 1.76м
Положба одбрана, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Челзи
Број 3
Младинска кариера
1997–1998 Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2006 Арсенал 156 (8)
1999–2000 Кристал Палас (позајмица) 14 (1)
2006– Челзи 181 (6)
Репрезентација
1999 Англија У20 2 (0)
2002 Англија У21 5 (1)
2001– Англија 98 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17
22, 16 May 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:43, 24 June 2012 (UTC)

Ешли Кол (роден 20 Декември 1980) е англиски фудбалер кој игра за Челзи и за националниот тим на Англија. Тој игра како лев бек. Арсен Венгер, Ешли Кол го опишал како „дефанзивец кој едноставно сака да напаѓа“. Ешли Кол е роден во Стипнеј, Лондон. Кол неговата младинска кариера ја започнал во ФК Арсенал и го потпишал целосниот договор во ноември, 1999, каде што се појавил на 227 натпревари и постигнал 9 голови. Со Арсенал тој освоил две титули од ФА Премиер Лигата, три од ФА Купот, и бил интегрален член на „The Invincibles“ во сезоната 2003-2004. Во август 2006, по долготрајна трансфер сага, Кол се префрлил во Челзи со кој освоил една титула од ФА Премиер Лигата - сезона 2009-2010, четири од ФА Купот, една Лига Куп и една титула од Лигата на шампионите. Кол станал англиски интернационалец во 2001 и играл на светските првенства во 2002, 2006, 2010 година, и на европските првенства во 2004 и 2012. Тој бил изгласан за Англиски играч на годината во 2010 година.