Патрис Евра
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 15 мај 1981 | ||
| Роден во | Дакар, Сенегал | ||
| Висина | 1,75 м | ||
| Положба | лев бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
| Број | 3 | ||
| Младинска кариера | |||
| ПСЖ | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 1998-1999 | Марсала | 24 | (3) |
| 1999-2000 | Монца | 3 | (0) |
| 2000-2002 | Ница | 40 | (1) |
| 2002-2006 | Монако | 120 | (2) |
| 2006- | Манчестер Јунајтед | 226 | (6) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2004- | Франција | 46 | (0) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 15 фебруари 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Патрис Латир Евра (Шаблон:ИПА-fr; роден 15 мај 1981 година) е француски фудбалер со Сенегалско потекло, кој игра за англискиот клуб Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и Францускиот национален тим. Иако тој првично играше како напаѓач, тој првенствено игра како лев бек и е опишан како "класичен пример на модерен страничен бек", кој е познат по своето "темпо, атлетизам, и способност за вклучување во нападот ". Евра, доби пофалби за својата способност за лидер од Сер Алекс Фергусон, беше капитен и на Манчестер Јунајтед и на селекцијата на Франција.
Како син на дипломат, Евра е роден во Сенегал и пристига во Европа кога тој има една година. Тој израснал во Франција и ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни клубови во регионите на Франција, како за клубот од градот во кој што живее ЦО Лес Ули и ЦФЦ Бретињи. Во 1997 година, тој доаѓа во првиот за него професионален клуб Париз Сент Жермен каде игра за младинскиот тим. Една година подоцна, Евра замина во соседна Италија, кога тој го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Марсала во Сицилија. Тој го направи своето професионално деби со клубот, а во претстојната сезона, се приклучи на Монца. По една година играње во тимот на Монца, Евра се враќа во Франција да игра за Ница, каде тој беше претворен во лев бек поради повредите на многу соиграчи (претходно играл во средината на теренот). Евра одлично се снаоѓа на таа позиција и на крајот од сезоната е прогласен за најдобар лев бек во втората француска лига. Во 2002 година, Евра се пресели во Монако и веќе во првата сезона придонесе за тимот да го освои Лига купот во 2003. Тој исто така играше и во Европските турнири за прв пат во својата кариера, а во сезоната 2003-04, тој беше важна алка во тимот на Монако кој стигна до финалето на Лигата на шампионите, но таму загубија од Порто со 0-3. Во истата сезона во Франција, Евра ја добива наградата за млад играч на годината и исто така е избран во тимот на сезоната на Француското фудбалско првенство. Набргу потоа тој заигра за селекцијата на триколорите.
Настапите на Евра во Монако кулминираа со потег на англискиот клуб Манчестер Јунајтед во јануари 2006 година. Додека игра за Манчестер Јунајтед, Евра освои мноштво трофеи, во која се вклучени освојувањето на Лига купот во неговата дебитантска сезона во клубот. Во својата втора сезона, тој ги стави во сенка неговиот сонародник Микаел Силвестре и Габриел Хајнце како прв избор на лев бек и оттогаш освои четири титули во Премиер лигата, една во Лига на Шампиони, едно ФИФА Светското Клупско првенство, три Лига Купа, како и четири ФА Комјунити Шилд наслови.
Евра го комплетираше својот трансфер во Манчестер Јунајтед на 10-ти јануари 2006. Тој дебитираше за црвените ѓаволи четири дена подоцна во Манчестерското градско дерби против Манчестер Сити. Во ноември истата година тој го постигнува својот прв гол во дресот на Јунајтед против Евертон.
Евра е исто така член на Француската фудбалска репрезентација. Своето деби за својата репрезентација, Евра го направил во август 2004 во пријателски меч против Босна и Херцеговина.
Содржина |
Титули [уреди]
Монако [уреди]
- Лига куп: 2002/03
Манчестер Јунајтед [уреди]
- Премиер лига: 2006/07, 2007/08, 2008/2009, 2010/11
- Лига на Шампиони: 2007/08
- ФА Комјунити Шилд: 2007, 2008, 2010, 2011
- Лига куп: 2005/06, 2008/09, 2009/10
- ФИФА Светско Клупско првенство: 2008
Надворешни врски [уреди]
- Profile на ManUtd.com
- Премиер Лига профил
- Патрис Евра на soccerway
|
|||||