Германос Каравангелис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германос Каравангелис
Germanos Karavangelis.jpg
костурски митрополит
Роден 16 јуни 1866
Стипси, денес Грција
Починал 11 февруари 1935
Виена, Австрија

Германос Каравангелис (грчки: Γερμανός Καραβαγγέλης) бил истакнато грчко духовно лице, патријаршијско костурски митрополит, еден од пионерите на грчката воружена пропаганда во Македонија.

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Роден е под името Стилианос Каравангелис (Στυλιανός Καραβαγγέλης) во селото Стипси на остров Лезбос во 1866 година, но во 1868 година семејството му се преселило во Адрамити во Мала Азија, каде што израснал.

Во 1888 година ја завршил Семинаријата во Халки, а бил хиротонисан е за ѓакон под името Германос по што заминал да учи теологија и философија во Лајпциг и Бон.

Во 1891 година се вратил во Константинопол и почнал да предаваа во Халки. По четири години станал епископ на Пера и работел за неутрализирањето на француската пропаганда.

Костурски митрополит[уреди]

Каравангелис со турски офицери. Фотографија на Леонидас Папазоглу.
„Костурскиот грчки митрополит, кајмакамот и воен. комендант“.

Во 1900 година Каравангелис бил поставен за патријаршиски митрополит во западномакедонскиот град Костур.

Таму Каравангелис станал еден од пионирите на Грчката воружена пропаганда во Костур и почнал да соработува со Елиномакедонскиот комитет како и со Павлос Мелас, Јон Драгумис и Ламброс Коромилас.

Каравангелис го организирал првите андарски грчки чети во Македонија составени од поранешни дејци на Македонската револуционерна организација и грчки воени офицери. Меѓу првите кој Каравангелис ги придобил за грчката кауза бил Коте Христов. Митрополитот Германос при средбата со Коте истакнал:

Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки [1]

Во 1901 година Каравангелис презел мерки за засилување на грчката пропаганда, самиот митрополит во своите мемоари вели:

... јас направив една голема обиколка по сите славофонски села на Корештата. И така селата Рулја и Трново, Трсје и Дренови, Габреш и Чарновишта му се вратија на православието. Другите села, Косинец, Смрдеш, Брезница, Поздивишта итн., беа мешани. Но, во сите имав литургии со грчка партија, што започна да ме охрабрува. Во Кономлати, селото на Митре Влаот, Бугарите (Македонци - егзархисти б.н) не сакаа да ни ги дадат клучевите од црквата. Тогаш јас, заедно со мојот курир Емин, со пушките на рамо, јас со малихерка, а тој со гра, ја скршивме вратата со балтии и влеговме во црквата каде што ја одржав литургијата без никој да се осмели да ме попречи.[1]

Во понатамошната дејност Каравангелис успеал кон грчката кауза да ги спечали Вангел Георгиев, Геле Трсијански и Павел Киров и со нивна помош ги организирал првите месни андартски чети.

По создавањето на андартските чети Каравангелис започнал да врши насилен притисок врз 30 егазрхиски села во Костурско како што биле Апоскеп, Бобишча, Бугарска Блаца, Вишени, Дреновени, Загоричани, Д’мбени, Косинец, Мокрени, Орман, Смрдеш и други. На своите луѓе им препорачал:

Секоја постапка, без разлика на карактерот на делување, е однапрет благословена од Бога

За полесно отстварување на грчката идеја, Карвангелис стапил во сојуз со турската војска и администрација. Тој пред британскиот новинар Хенри Брајлсфорд истакнал:

Сојузот со Турците е привремен. Ќе дојде големиот ден кога елинизмот ќе ги добие своите права. Но најпрво е неопходно да се смачкаат Бугарите [2] [белешка 1]

Германос Каравангелис директно ги координирал своите дејствијата со турските офицери и организирал акции против Македонската револуционерна организација со што се засилила Борбата за Македонија.

Биста на Каравангелис во Солун.
Статуа на Каравангелис во Костур

По пат на пари и насилство митрополитот Германос презел една широка акција во спречување на македонските села да се откажат од Цариградската патријаршија и да преминат кон Бугарската егзархија.

Во текот на задушувањето на Илинденското востание самиот Каравангелис присуствувал во текот на палењата на селата Бугарска Блаца, Черешница и Вишени, а лично настојувал да се ликвидираат по видни дејци од македонското револуционерно движење.

Илинденското востание било погодна можност за засилување на грчката пропаганда. Караванелис, четата на Вангел Георгиев и осаманлиските сили вршеле притсок врз опожарените селани да минат под леното на Патријаршијата [3]:

Откажете се од анатемисаната Екзархија и вратете се во светото лено на Светата Ортодоксна црква, ако не сакате да изгорите живи како глувци во кафез

Под притисок на таа агитација, 140 села биле принудени да го признаат своето елинско потекло. Меѓутоа истите тие села откако добиле султанова амнестија повторно се откажале од Патријаршијата [4].

Во 1903 година Каравангелис му платил 50 лири на Коте Христов за да го убие војводата Лазар Поп-Трајков, а фотографијата со главата на војводата ја закачил во својот кабинет.

Има тврдења дека Каравангелис е еден од главните организатори на крвавата свадба во Зелениче и масакрот во Загоричани[5]. За овие случувања самиот митрополит истакнував дека:

Во 1905 година во Зеленич имаше една бугарска свадба. За тоа дознала четата на Каудис, влегла во куќата и бидејќи згаснале светлата, истрелале еден залп во темнината и убила петнаесет или шеснаесет Бугари. Но, невестата и зетот не беа убиени. Ова го сторија затоа што мислеа дека на свадбата присуствуваа и членови на бугарските банди, за да ги исплашаат Бугарите[1]
Една бугарска чета отишла еден ден и го изгорела манастирот во Цирилово... По неколку дена Бугарите изгореа и друг манастир во Сливени и го убија и монахот кој се наоѓал таму. Бидејќи во опожарувањето на овие манастири учествуваа и многу Бугари од селото Загоричани, Вардас решил да ги казни... Кога Вардас решил за нивното казнување, тој ми испрати писмо, а јас му ги испратив имињата на нашите луѓе, за да не ги гибне. И така спроти 25 март 1905 година се сокрил во шумата наспроти селото со околу 300 борци меѓу кои беа и војводите Каудис, Макрис и Булакас, еден разбојник по име Гудас со својот син и многу други. Сите што се спротиставува ги убиваа, а нивните куќи ги запалуваа. Тој ден беа убиени седундесет и девет Бугари и за жал и неколку наши, иако славофони, но бесценети луѓе. Од нашите не беа убиени многумина, затоа штоо освен му имав дадено список со нивните имиња на Вардас, и самите се погрижија да се скријат, додека Бугарите се бореа жестоко. Но во таа голема бркотница не беше лесно да се разликуваат Грците и Бугарите[1]

Подоцнежна дејност[уреди]

Поради својата дејност Каравангелис од страна на Патријаршијата бил отсранет од Костур и бил испратен во Амасија.

Во 1914 година митрополитот ги спречил турските бегалци да се населат во грчките села на Понт, а во 1916 година го спасил градот Самсун од опожарување.

1917 година бил уапсен од страна на турските власти, а по Грчко-турската војна бил осуден на смрт, но поради притисокот на Патријаршијата бил помилуван и поставен за митрополит во Јанина.

Во 1913 и 1921 година биле еден од кандидатите за патријаршискиот престол, а во 1923 година бил предложен за архиепископ на Грција но не бил избран.

1924 година бил назначен за унгарски митрополит и егзарх за Централна Европа со седиште во Виена.

Македонски фолклор[уреди]

Каравангелис се спомнува во македонската народна песна Народе Македонски, во која се опејува анартскиот напад врз селото Загоричани.

Каде е Караиванов
и дружината му,
Мелас Каравангелис
Битола в затвор е тој.

Белешки[уреди]

  1. Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  2. Brailsford, Henry N. Macedonia: Its Races and Their Future, Methuen & Co., London, 1906, p.194.
  3. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44-45.
  4. Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония прес, София 2003 г., стр.27-28
  5. Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр.359

Литература[уреди]