Џенифер Анистон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Џенифер Анистон
Jennifer Aniston
JenniferAniston08TIFF.jpg
Роден(а) Џенифер Џоан Лин Анастасакис
11 февруари 1969 ж
Flag of the United States.svg САД Шерман Оакс, Калифорнија, САД
Сопруг(а/и) Бред Пит (2000-2005)

Џенифер Џоана Анистон (англиски: Jennifer Joanna Aniston) (родена 11 февруари 1969) е американска глумица, родена во Лос Анџелес, Калифорнија.

Биографија[уреди]

Родена како Џенифер Џоан Лин Анастасакис, ќерка на познат американски глумец Џон Анистон и писателката Ненси Анистон. Нејзината мајка е од италијанско - шкотско потекло, а тато и е од грчко потекло. Краток дел од своето детство го поминувала во Грција. Има два полубраќа Мелик и Алекс Анистон. Се школува во Њујорк, а потоа заминува во Лос Анџелес бидејќи нејзиниот татко добива улога во американската дневна сапуница "Деновите од нашиот живот". Желбата на Анистон за глумата станува посилна кога почнува со работа на бродвејската продукција како на пр. "For Dear Life and Dancing on Checker's Grave". Освен работата во театарот, Џенифер работела и како поштар на велосипед.

Актерска кариера[уреди]

Анистон се појавила како ""Nutri System" девојка во радиското шоу на Ховард Стерн во касните 80ти и раните 90ти. Таа се преселила во Холивуд и ја добила првата телевизиска улога во серијата "Molloy", а потоа во филмот "Camp Cucamonga". Исто така таа играла лик на сестри во ТВ серијата "Ferris Bueller". Серијата набргу беше откажана. После што две шоуа и пропаднаа, Анистон полека почна да се одрекува од глумата.

Но, плановите и се променија кога се пријави на аудицијата за тогаш новата, хумористична серија Пријатели (Friends), која требаше да почне со емитување во сезоната 1994/1995. Продуцентите на серијата сепак сакаа да ја видат Џенифер во улогата на Моника Гелер, но Џенифер била упорна и ги уверила како ликот на Рејчел Грин бил напишан за неа. Таа ја добила улогата на Рејчел, и ја одиграла цели 10 години, од 1994 - 2004, Серијата беше позната по целиот свет, дури и фризурата како "Рејчел" беше барана по фризерските салони. Џенифер добиваше плата од милиони долари по епизода за последните две сезони на Пријатели. Освен тоа, добила и 5 номинации за престижната телевизиска награда Еми, и една победа за "Најдобра главна глумица во хумористична серија",

Во тоа време, Џенифер снимала и филмови, како на пр. култниот филм "Office Space". Најголема подршка од критичарите добила за улогата во филмот "Добра девојка" (The Good Girl) во кој глумела лик на слабо платена благајничка во мал град. Најголемиот нејзин филмски успех беше оној со филмот "Семоќниот Брус" (Bruce Almighty), во кој беше девојка на Брус (Џим Кери).

Форбер листата ја именуваше Џенифер Анистон за 10 најбогата жена во светот во забавната индустрија во 2007 година. Нејзиното богастство се проценува на 110 милиони долари.

Приватен живот[уреди]

Џенифер веше во љубовна врска со музичарот Адам Дуртиза и беше свршена за глумецот Тате Донован. Нејзината најпозната љубовна врска е онаа со глумецот Бред Пит. Со него се венча на 29 јули 2000 година, на еден имот во Малибу. Парот се раздели на 7 јануари 2005 година, а разводот стана официјален на 25 март истата година, а финализиран е на 2 октомври 2005 година.