Арне Јакобсен
Од Википедија
| Арне Јакобсен | |
| Лични податоци | |
|---|---|
| Име | Арне Јакобсен |
| Националност | Данец |
| Роден | 11 февруари 1902 |
| Роден во | Копенхаген, Данска |
| Починал | 24 март 1971 |
| Починал во | Копенхаген, Данска |
| Алма матер | Данска кралска академија за убави уметности |
| Дела | |
| Значајни градби | Белависта апартмани, Клампенборг, предградие на Копенхаген SAS Royal Hotel, Копенхаген |
| Значајни нацрти | Столица Мравка Столица Јајце |
| Награди | Почесен медал на 10тото Триенале за дизајн, во Милано International Design Award, Јапонија (постхумно) |
Арне Емил Јакобсен (дански: Arne Emil Jacobsen) бил дански архитект и дизајнер, претставник на данскиот модерен стил. Освен неговите архитектонски дела, создал и голем број на многу оригинални столици и останат мебел. Добил повеќе меѓународни признанија и награди.
Неговите дела се вбројуваат меѓу најзначајните во данскиот функционализам, кој настојувал, по примерот на Ле Корбизје и Валтер Гропиус, да создаде рационална и функционална архитектура. Облиците развиени од Арне Јакобсен претставуваат основа за скандинавскиот органски модернизам и неговото влијание се чувствува и денес. Денешниот скандинавски дизајн го поврзуваме со едноставни, елегантни и функционални облици направени од природни и удобни материјали - а тоа се принципите кои ги поставил токму Арне Јакобсен.
[уреди] Галерија
|
Бензинска станица Texaco, Киствејен, Сковсховед (1936) |
|||
|
Данска Национална Банка (1965-70). |
|||
|
Дирекција на HEW (Vattenfall Europe), Хамбург, Германија (1970). |