Том Даниелсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Том Даниелсон

Даниелсон на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело име Томас Даниелсон
Прекар Том или Томи Д[1]
Роден 13 март 1978 (1978-03-13) (36 г.)
Ист Лајм, Конектикат, САД
Висина 1,77 м
Маса 59 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
1999–2001 СоБе/Хедсхок
Професионални клубови
2002
2003
2004
2005–2007
2008–
Меркури
Сатурн
Фаса Бортоло
Дискавери Канал
Слипстрим-Чипотл
Значајни победи
Трка околу езерото Чингхај (2002)
Тур де Лангкави (2003)
Велосипедски класик Каскада (2003)
Маунт Еванс (2004, 2007, 2009)
Трка околу Јута (2013)
Последна промена
12 октомври 2013

Томас „Том“ Даниелсон (англиски: Thomas "Tom" Danielson; р. 13 март 1978) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[2] Поради неговата успешна кариера, медиумите понекогаш го нарекуваат „следниот Ленс Армстронг“.[3]

Кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Даниелсон моментално го држи рекордот за најбрзо искачување на планината Вашингтон, Њу Хемпшир, како дел од велосипедската трка, која се одржува таму.[4][5] Претходниот носител на рекордот бил американската велосипедска легенда, Тајлер Хамилтон. Исто така го држи рекордот на планината Еванс во Колорадо, на кој поминува највисокиот асфалтиран пат во Северна Америка.[6][7] Претходен носител на рекордот бил Џонатан Вотерс, кој е моментален тренер на Даниелсон.[6][8]

Во 2004, Даниелсон имал големи несогласувања со италијанската екипа Фаса Бортоло, пропуштајќи го пролетниот дел од сезоната поради проблеми со визата.[9] Подоцна, возел за американската екипа Дискавери Ченл, со која победил на Трката околу Џорџија 2005 и Трката околу Австрија 2006.[10][11] Откако Дискавери Ченл се распаднал во 2008, Даниелсон станал дел од екипата Гармин-Чипотл.[12]

2010[уреди]

Даниелсон ја започнал сезоната со освојувањето на дванаесеттото место на Медитеранската трка и на Тур ду Хаут Вар. Потоа, настапил на Париз-Ница, но имал потешкотии на трката и завршил на 52. место. По Париз-Ница, Даниелсон се вратил во форма и завршил втор на Трката Џила, веднаш зад Леви Лајпхајмер (Тим РадиоШек). Неколку недели подоцна, Даниелсон возел на Трката околу Калифорнија, но не успеал да ја заврши трката. Потоа, настапил на Тур де Свис, каде завршил на 25. место. Даниелсон бил осми на Трката околу Полска и Трофео Мелинда. Еден месец подоцна, Даниелсон прв пат возел на Вуелта а Еспања. Ја завршил трката како највисоко пласиран Американец, на осмото место. Даниелсон ја завршил сезоната со 29. место на Џиро дел’Емилија.

2011[уреди]

Даниелсон ја започнал сезоната на Вуелта а Мајорка и завршил 36. на третиот класик, Трофео Деја. Потоа возел на Волта ао Алгарве и завршил како 31., додека на Вуелта а Мурсија завршил на 20. место во генералниот пласман. Меѓутоа, по Мурсија, формата на Даниелсон опаднала, завршувајќи дури на 55. место на Волта а Каталуња, 47. на ГП Мигуел Индураин и 18. во генералниот пласман на Трката околу Баскија. По Баскија, Даниелсон се повлекол од тркањето и се насочил кон тренирање. Неколку недели подоцна, Даниелсон се вратил и завршил на 20. место на Тур де Романди. Потоа, завршил на третото место во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија и деветти на Тур де Свис, што му го донеле дебито на Тур де Франс, каде имал добар настап и завршил како највисоко пласиран Американец на осмото место.[13][14][15] По Тур, Даниелсон завршил на петтото место во генералниот пласман на Трката околу Јута и бил четвртти на првото издание на САД Про Сајклинг Челинџ. По двете американски трки, Даниелсон ја завршил сезоната со настап Гран при Монтреал.

2012[уреди]

Откако не можел да настапи на Тур де Лангкави, Даниелсон се вратил во форма на Волта а Каталуња, каде завршил како дванаесетти во генералниот пласман и втор во планинскиот пласман. По Каталуња, Даниелсон завршил на 20. место на Трката околу Баскија и покажал добри резултати на Трката околу Калифорнија, каде го освоил петтото место на кралската етапа на трката.[16] Исто така завршил на деветтото место на етапата 5 на индивидуалниот хронометар, со што го задржал високиот пласман во генералниот пласман.[17] Овие резултати му помогнале да дојде до третото скалило на подиумот.[18] По Калифорнија, Даниелсон завршил единаесетти на националното друмско првенство, седми на Тур де Свис и бил избран да настапи на неговиот втор Тур де Франс. Меѓутоа поради повреди здобиени од падови, Даниелсон се повлекол од трката на шестата етапа. Следниот месец, Даниелсон се вратил на Трката околу Јута, каде завршил на 11. место во генералниот пласман и учествувал во победата на екипниот хронометар. Потоа, настапил на САД Про Сајклинг Челинџ, каде завршил на седмото место во генералниот пласман и ја освоил третата етапа.

2013[уреди]

По шесте месеци забрана, Даниелсон се вратил на трките на Волта а Каталуња, каде завршил како десетти во генералниот пласман. Меѓутоа, потоа не настапил на ГП Мигуел Индураин, но сепак се вратил во форма на Трката околу Баскија, каде завршил на 11. место во генералниот пласман. Продолжил да вози силно и завршил четврти во генералниот пласман на Тур де Романди. Даниелсон возел на Џиро д’Италија со цел да му помогне на колегата Рајдер Хесједал да ја повтори минатогодишната победа, но Хесједал се повлекол по етапата 12. По повлекувањето на Хесједал, Даниелсон можел да вози по своја волја, но се разболел во последната недела и на крај завршил дури на 94. место.[19] Во јуни, Даниелсон бил избран за настап на својот трет Тур де Франс како помошник. Даниелсон завршил на 60. место во генералниот пласман.[19] По Тур, Даниелсон победил на Трката околу Јута.[20][21][22] Даниелсон ја завршил сезоната со третото место на САД Про Сајклинг Челинџ.[23][24]

Признавање на допинг[уреди]

Во септември 2012 во објава на форум, екипниот менаџер и сопственик на Гармин Шарп Џонатан Вотерс изјавил дека Даниелсон користел допинг со производи на крвта со цел зголемување на кислородот кој е потребен за мускулите.[25] На 10 октомври 2012, американската антидопинг агенција (УСАДА) објавила дека Даниелсон ќе биде суспенсиран на шест месеци за признавање допинг за време на договорот со екипата УС Постал.[26][27] Подоцна истиот ден, организацијата издаде изјава која го потврдува неговото потврдување на шестмесечната забрана од 1 септември 2012 до 1 март 2013. Воедно му биле одземени сите постигнати резултати помеѓу 1 март 2005 и 23 септември 2006.[28] Даниелсон ја објавил својата изјава еден ден подоцна во која изразува жалење за неговата одлука „да ја помине линијата“. Тој изјавил: „Ја прифаќам одговорноста за мојот избор и им се извинувам на сите во мојот живот за тоа - во и надвор од спортот“.[27]

Личен живот[уреди]

Роден во Ист Лајм, Конектикат, Даниелсон престојува во Булдер, Колорадо, со неговата жена Стефани и нивните деца, Стивен (р. 2010) и Стела (р. 2012).[29][30] За време на детството престојувал во Конектикат, а средно училиште завршил во Дуранго, Колорадо.[30] Даниелсон ги смета Булдер и Дуранго како свои родни градови.[30]

Достигнувања[уреди]

2001
1. MaillotUSA.PNG Првенство меѓу колеџите во планински велосипедизам
2002
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу езерото Чингхај
1. Етапа 5
1. Етапа 8
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Лос Аламос
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Колорадо Челинџ
1. MaillotUSA.PNG Првенство меѓу колеџите во планински велосипедизам
1. Планина Вашингтон
2003
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Лангкави
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Велосипедски класик Каскада
1. Етапна трка Помона
1. Велосипедски класик Ајрон Хорс
1. Тур де Туна
1. Планина Вашингтон[note 1]
2. Класик Си Отер
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Велосипедски класик Редландс
5. Краен пласман ГП Нејчр
1. Етапа 2
2004
1. Планина Еванс[note 2]
2005
2007
1. Планина Еванс
2008
1. Етапа 4 (ТТТ) Трка околу Џорџија
5. Краен пласман Трка околу Мисури
2009
1. Планина Еванс
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 4 (ITT)
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2010
2. Краен пласман Трка Џила
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Трка околу Полска
2011
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
5. Краен пласман Трка околу Јута
8. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
9. Краен пласман Тур де Свис
2012
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Тур де Свис
7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 3
10. Краен пласман Трка околу Јута[note 3]
1. Етапа 2 (ТТТ)
2013
1. Краен пласман Jersey yellow.svg Трка околу Јута
3. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
4. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Волта а Каталуња
2014
1. Краен пласман Jersey yellow.svg Трка околу Јута
1. Етапа 4
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро СО СО 78 49
Jersey yellow.svg Тур 8 СО 60
Jersey red.svg Вуелта 7 6 СО СО 9

СО = се откажал; Поништени резултати = пречкртани.

Забелешки[уреди]

  1. Рекорд на патеката
  2. Рекорд на патеката
  3. Изедначено: 10. или 11. место

Наводи[уреди]

  1. http://wp.tomdanielson.com/
  2. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  3. „Интервју со Том Даниелсон“. RoadCycling.com. 5 јуни 2003. http://www.roadcycling.com/cgi-bin/artman/exec/view.cgi/3/213. конс. 18 јуни 2012. 
  4. „Резултати 2001“. Tinmtn.org. http://www.tinmtn.org/mwarbh/results/results_02/index.cfm. конс. 18 јуни 2012. 
  5. „Bicycle Hillclimb is Full – Newton’s Revenge Registration Now Open“. Mt. Washington Auto Road. 25 февруари 2012. http://mtwashingtonautoroad.com/news/mt-washington-auto-road-bicycle-hillclimb-is-full-newtons-revenge-registration-now-open/. конс. 18 јуни 2012. 
  6. 6,0 6,1 „History of the Mt Evans Hill Climb“. Bicyclerace.com. http://bicyclerace.com/history.html. конс. 18 јуни 2012. 
  7. http://bicyclerace.com/docs/2012/BCMHC.pdf
  8. „Џонатан Вотерс“. Bicycling.com. http://www.bicycling.com/news/pro-cycling/qa-jonathan-vaughters. конс. 18 јуни 2012. 
  9. „Tom Danielson Has Decided To Cut Short His Stay At Fassa Bortolo In Order To Take Advantage Of The C“. BikeRadar. 23 септември 2004. http://www.bikeradar.com/news/article/danielson-signs-for-discovery-8712/. конс. 18 јуни 2012. 
  10. „Tom Danielson – Core Power Athlete“. Core Power. http://www.corepower.com/tom-danielson-pages-44.php. конс. 18 јуни 2012. 
  11. „Том Даниелсон“. USA Pro Cycling Challenge. http://www.usaprocyclingchallenge.com/teams/member/tom-danielson. конс. 18 јуни 2012. 
  12. Лаура Вајсло. „Составот на Гармин-Чипотл“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/garmin-chipotle-roster-final. конс. 18 јуни 2012. 
  13. „Том Даниелсон во првите десет на Тур, вели дека сега планира да нападне“. Velonews.competitor.com. 14 јули 2011. http://velonews.competitor.com/2011/07/news/tom-danielson-top-10-at-the-tour-says-he-now-plans-to-attack_184008. конс. 18 јуни 2012. 
  14. „Гармин-Сервело го избра Том Даниелсон за неговиот прв Тур де Франс“. Velonation.com. 20 јуни 2011. http://www.velonation.com/News/ID/8810/Garmin-Cervelo-selects-Tom-Danielson-for-first-Tour-de-France.aspx. конс. 18 јуни 2012. 
  15. „98ème Tour de France 2011“. Memoire-du-cyclisme.net. 26 април 2012. http://memoire-du-cyclisme.net/eta_tdf_2006/tdf2011.php. конс. 18 јуни 2012. 
  16. Пелки, Чарлс. „Целосен директен извештај (Етапа 7)“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  17. Трка околу Калифорнија: Дејв Забриски премина во водство“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  18. Поредок и резултати“, „AMGEN Tour of California“, AEG, 20 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  19. 19,0 19,1 http://velonews.competitor.com/2013/07/news/on-tour-with-danielson-a-tiny-triceratops_296807
  20. http://velonews.competitor.com/2013/08/news/tom-danielson-wins-2013-tour-of-utah-francisco-mancebo-takes-finale_298908
  21. http://www.sltrib.com/sltrib/sports/56720396-77/danielson-tour-utah-stage.html.csp
  22. http://www.velonation.com/News/ID/15214/Tour-of-Utah-Danielson-wins-the-overall-with-Empire-Pass-attack.aspx
  23. http://www.cyclingnews.com/races/usa-pro-challenge-2013/stage-7
  24. http://velonews.competitor.com/2013/08/news/tejay-van-garderen-wins-pro-challenge-peter-sagan-takes-finale_300340
  25. „Вотерс потврди минат допинг на Даниелсон“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/vaughters-confirms-past-doping-by-danielson-others-at-garmin. конс. 8 септември 2012. 
  26. Суспензија на Том Даниелсон“, USADA, 10 октомври 2012.
  27. 27,0 27,1 Лајпхајмер, Забриски, Ванде Велде и Даниелсон признаа за допингот
  28. 28,0 28,1 Шест поранешни колеги на Армстронг добија забрани од УСАДА
  29. Филдс, Џен. „Boulder cyclist Tom Danielson rolls on – Boulder Daily Camera“. Dailycamera.com. http://www.dailycamera.com/top-sports/ci_18605983. конс. 14 октомври 2013. 
  30. 30,0 30,1 30,2 USA Pro Cycling Challenge Interview“, „USA Pro Challenge“, Medalist Sports LLC, 15 август 2012 (конс. 14 октомври 2013).

Надворешни врски[уреди]