Пасаж ду Гоа

Координати: 46°55′51″N 2°07′34″W / 46.93083° СГШ; 2.12611° ЗГД / 46.93083; -2.12611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пасаж ду Гоа

Пасаж де Гоа у Гоа — природен, повремено поплавуван премин, кој води на островот Нуармутие во Франција. Тој е сместен помеѓу Нуармутие и Бовоа сир Мер, во департманот Вандеја. Патеката е долга 4,125 километри[1] и се поплавува двапати дневно од високата плима.

Секоја година, трка на брзо одење – Фулис ду Гоа– се одржува тука, започнувајќи на почетокот на високата плима.

Тур де Франс[уреди | уреди извор]

Во 1999 низ Пасаж ду Гоа помина втората етапа од велосипедската трка Тур де Франс. Тоа се покажа како решавачко за трката по падот што се случи, поради својата лизгава површина. Несреќата создаде шест минути на групата позади, со што завршија и надежите на многу фаворити за освојување на трката, како Алекс Циле, кој на крајот заврши втор во генералниот пласман, седум минути по Ленс Армстронг.

Низ Пасаж ду Гоа повторно помина Тур де Франс во 2011, како почетна точка на првата етапа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Le Passage de Gois“. Beauvoir sur Mer (француски). Mairie de Beauvoir sur Mer. Архивирано од изворникот на 2015-07-06. Посетено на 2015-07-07.

46°55′51″N 2°07′34″W / 46.93083° СГШ; 2.12611° ЗГД / 46.93083; -2.12611