Руј Кошта (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руј Кошта

Кошта на Тур де Романди 2013
Лични податоци
Цело име Руј Алберто Фарија да Кошта
Роден 5 октомври 1986 (1986-10-05) (27 г.)
Повоа де Варзим, Португалија
Висина 1,83 м[1]
Маса 69 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Лампре-Мерида
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2007–2008
2009–2010
2011–2013
2014–
Бенфика
Кејс д’Епарњ
Мувистар Тим
Лампре-Мерида
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
3 индивидуални етапи (2011, 2013)

Етапни трки

Четири дена Денкерк (2009)
Вуелта а ла Комунидад де Мадрид (2011)
Тур де Свис (2012, 2013, 2014)

Еднодневни трки и класици

Светско друмско првенство (2013)
Национален хронометарски првак (2010, 2013)
Гран при Монтреал (2011)
Последна промена
18 септември 2014

Руј Алберто Фарија да Кошта (португалски: Rui Alberto Faria da Costa; р. 5 октомври 1986 во Повоа де Варзим[2]) — португалски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лампре-Мерида.[3] Тој е најпознат по освојувањето на Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија, Гран при Монтреал 2011 и три етапи на Тур де Франс во 2011 и 2013, како и изданијата на Тур де Свис во 2012, 2013 и 2014, станувајќи првиот велосипедист кој ја освојувал трката три години по ред.[4]

Ран живот и аматерска кариера[уреди]

Кошта ја започнал неговата кариера кај Гвилхабру-Вила до Конде, потоа заминал во Санта Марија да Фира.

Професионална кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Станал професионален велосипедист со СЛ Бенфика во 2007, а потоа се приклучил кон Кејс д’Епарњ во 2009.

Во 2009, Кошта ја освоил Четири дена Денкерк по освојувањето на осмата етапа на Тур де Свис 2010. На националните првенства во јуни 2010, Кошта и неговиот брат Марио биле позитивни на забранетата супстанца метилхексанамин,[5] за кои тие тврделе дека невнимателно го внеле преку храната. Понатамошните испитувања покажале дека се во право,[6] и повторно потпишале со нивната поранешна екипа, сега позната како Мувистар Тим, во април 2011 по пет месеци суспензија.[7]

2011[уреди]

Во 2011, Кошта многу добро се покажал на Вуелта а ла Комунидад де Мадрид: по двете втори места на првата и третата етапа, го освоил генералниот пласман.[8] Подоцна во сезоната, Кошта се издвоил од главната група и возел сам на етапата 8 на Тур де Франс 2011.[9][10] Подоцна во 2011, Кошта победил на Гран при Монтреал, спринтајќи откако направил бегство од групата. Тој го победил неговиот колега од бегството Пјерик Федриго. Двајцата биле достигнати од Филип Жилбер, кој го направил последниот напад, но дошол две секунди зад него.[11]

2012[уреди]

Во 2012, Руј Кошта завршил трет во генералниот пласман на Тур де Романди.[12] Ја освоил втората етапа на Тур де Свис и успешно ја бранел жолтата маичка до крајот на трката.[13] Ги зачувал неговите 14 секунди предност во генералниот пласман пред второпласираниот Френк Шлек на последната етапа, каде Луксембуржанецот нападнал на падините на преминот Глаубенберг. Шлек се искачувал до врвот со предност од една минута пред Кошта, но бил достигнат во текот на спустот од мала група составена од португалскиот возач. Двоецот ја завршил етапата со исто време.[14] По важната победа изјавил: „Сакам ова да го посветам на мојата екипа, бидејќи колегите работеа извонредно цела недела. Немам зборови да го опишам.“[15] Кошта се упатил на Тур де Франс како поддршка на неговиот водач Алехандро Валверде, но падовите и несреќите го уназадиле Валверде,[16] кој сепак успеал да освои етапна победа и завршил 20. во генералниот пласман. Кошта бил подобро пласиран од неговиот капетал во генералниот пласман на 18. место.[17] Потоа учествувал на ГП Уест-Франција, каде се изборил за второто место на францускиот класик. Побегнал на последното искачување на денот на 5 километри до крајот, но возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген го поминал во последниот километар, а Кошта го зачувал неговото второ место, додека групата ја поминувала целта зад него.[18] Во септември, се упадил во канадската провинција Квебек да учествува на двете трки од Светската турнеја. Го освоил третото место на Гран при Квебек, победувајќи во спринтот на групата од 16 возачи во брза потера по двајцата бегалци, Сајмон Геранс и Грег Авермет, кој завршил 4 секунди пред Кошта.[19] Два дена подоцна, целел на одбрана на неговата титула на Гран при Монтреал, но завршил осми, уште еднаш со 4 секунди зад победникот, Ларс Петер Нордхауг.[20] Ја завршил сезоната во Кина на Трката околу Пекинг, постигнувајќи уште еден пласман во првите десет (деветто место).

2013[уреди]

Во 2013, Кошта ја започнал годината со победа на Класика Примавера и завршил на третото место на Тур де Романди, додека целел да ја одбрани победата на Тур де Свис.[21] Подоцна успешно ја одбранил титулата по освојувањето на седмата етапа, преземајќи ја жолтата маичка од Матијас Франк откако ја освоил последната етапа, ридски хронометар.[22] На Тур де Франс, Кошта по Пиринеите бил во првите десет. На етапата 13, Кошта загубил близу десет минути во обидот да му помогне на неговиот екипен предводник, Валверде. На етапата 16, Кошта завршил во бегство, откако нападнал на последното искачување на етапата, Кол де Мансе пред завршниот спуст и завршил сам во Гап.[23] Исто така му била доделена наградата за борбеност на таа етапа. Неколку дена подоцна, Кошта ја освоил етапата 19 откако избегал од водечката група на Кол де ла Кроа Фри, завршувајќи повторно сам на Ле Гран-Борнан.

Кошта го освоил Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија, станувајќи првиот Португалец кој некогаш ја облекол маичката виножито. По трката, Кошта изјавил: „По Тур, целта беше да отидам на Светското првенство во најдобар форма и да имам добра трка. Но, никогаш не помислив дека можам да освојам трка олку важна како оваа. Ова ми значи сè. Тоа е награда за животниот напор и тешката работа“.[24][25]

Кошта го напуштил Мувистар Тим[26] на крајот на сезоната 2013 и ќе му се приклучи на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[3]

2014[уреди]

Кошта ја започнал сезоната во 2014 со третото место и освојувањето на бодовниот пласман на Волта ао Алгарве.[27] Потоа завршил втор во генералниот пласман на Париз-Ница и трет во генералниот пласман на Тур де Романди трета година по ред.[28][29]

Првата победа во сезоната на Кошта во дресот на светски првак дошла на последната етапа на Тур де Свис. Со оваа победа, Кошта ја преземал жолтата маичка од Тони Мартин и успешно ја одбранил неговата титула, станувајжи првиот велосипедист кој ја освоил трката три години по ред.[30]

Кошта започнал на Тур де Франс со високи надежи, целејќи на подиум, но започнал да губи време во однос на другите поради неготиот бронхит.[31] Во текот на вториот ден за одмор, неговата здравствена состојба се влошила и му била дијагностицирана бронхопневмонија. Наоѓајќи се на 13. место во генералниот пласман, Кошта бил приморан да го напушти Тур.[32]

Достигнувања[уреди]

2007
1. Краен пласман Џиро деле Реџиони
2008
2. Краен пласман Џиро деле Реџиони
1. Етапа 4
2. Краен пласман Куп на народите
1. Етапа 4 (ITT)
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
5. Светски друмски првак (под 23 години)
8. Светски хронометарски првак (под 23 години)
2009
1. Jersey pink.svg Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Вуелта Чихуахуа Интернасионал
1. Етапа 3
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2010
1. Вуелта а Мајорка
1. Етапа 8 Тур де Свис
1. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
2011
1. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
1. Етапа 8 Тур де Франс 2011
1. Гран при Монтреал
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 2
2. ГП Уест-Франција
2. Вуелта а Мајорка
3. Краен пласман Тур де Романди
3. Гран при Квебек
4. ГП Мигуел Индуран
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Гран при Монтреал
9. Краен пласман Трка околу Пекинг
2013
1. MaillotMundial.PNG Светско друмско првенство
1. MaillotPortugal.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 7
1. Етапа 9 (ITT)
1. Класика Примавера
Тур де Франс
1. Етапа 16
1. Етапа 19
Jersey red number.svg Награда за борбеност Етапа 16
3. Краен пласман Тур де Романди
4. Краен пласман Трка околу Пекинг
4. Трофео Сера де Трамунтана
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
5. Гран при Квебек
6. Гран при Монтреал
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 9
2. Краен пласман Париз-Ница
2. Гран при Монтреал
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур СО 73 90 18 27 СО
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Распоред на Светските првенства[уреди]

Светски првенства 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey rainbow.svg Друмска трка 69 15 11 1

СО = се откажал

Други поголеми етапни трки[уреди]

Трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Париз-Ница 2
Тирено-Адријатико 145 60 29
Волта а Каталуња
Трка околу Баскија 15 13 51
Тур де Романди 18 3 3 3
Критериум ду Дофине 43
Тур де Свис 13 34 1 1 1

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Руј Алберто Кошта“. 
  2. Rui Costa - Correio da Manhã
  3. 3,0 3,1 Rui Alberto Faria Da Costa al Team Lampre-Merida“, „Лампре-Мерида“, CGS Cycling Team AG, 24 август 2013 (конс. 24 август 2013). (на италијански)
  4. Rui Costa faz história na Volta à Suíça com o terceiro triunfo consecutivo“.
  5. Питер Косинс (18 октомври 2010). „Руј Кошта и неговиот брат позитивни на допинг“. cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/rui-costa-and-his-brother-test-positive. конс. 16 јули 2013. 
  6. 28 декември 2010. „Лабораторијата Гент ги поддржа тврдењата на браќата Кошта“. cyclingnews.com. 23 јули 2013.
  7. „Кошта потпиша тригодишен договор со Тим Мувистар“. Velonation.com. http://www.velonation.com/News/ID/7896/Costa-signs-three-year-contract-with-Team-Movistar.aspx. конс. 29 април 2012. 
  8. „Кошта победи на Вуелта а ла Комунидад де Мадрид; Колумбиецот Џовани Баез ја освои последната етапа“. Velonation.com. http://www.velonation.com/News/ID/8380/Costa-wins-Vuelta-a-la-Comunidad-de-Madrid-overall-Colombian-Giovanni-Baez-takes-final-stage.aspx. конс. 29 април 2012. 
  9. „Кошта победи на осмата етапа на Тур де Франс 2011“. RoadCycling.com. http://www.roadcycling.com/articles/Costa-Wins-Stage-8-of-Tour_004440.shtml. конс. 29 април 2012. 
  10. „Руј Кошта победи на осмата етапа, додека Хушовд води во генералниот пласман“. Velonews.competitor.com. 9 јули 2011. http://velonews.competitor.com/2011/07/news/rui-da-costa-wins-stage-8-as-thor-hushovd-holds-lead-in-2011-tour-de-france_182845. конс. 29 април 2012. 
  11. „Руј Кошта победи во Монтреал“. Cyclingtime.com. http://cyclingtime.com/en/1483/article/Rui-Costa-Wins-in-Montreal-. конс. 29 април 2012. 
  12. Вигинс победи на Тур де Романди“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 април 2012 (конс. 9 јули 2012).
  13. „Кошта победи на Тур де Свис“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-suisse-2012/stage-9/results. конс. 23 јуни 2012. 
  14. Френк Шлек нападна, Руј Кошта ја одбрани победата на Тур де Свис 2012“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 17 јуни 2012 (конс. 12 декември 2012).
  15. Прекрасна недела за Мувистар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 јуни 2012 (конс. 12 декември 2012).
  16. Повеќе лоша среќа за Валверде на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 јули 2012 (конс. 12 декември 2012).
  17. Поредок по етапата 20“, „Le Tour de France“, Amaury Sport Organisation (конс. 12 декември 2012).
  18. Преглед на ГП Уест Франција-Плуе“, „Velo Voices“, Word Press, 26 август 2012 (конс. 12 декември 2012).
  19. Геранс победи на ГП Квебек“, „Eurosport“, YAHOO! EUROSPORT, 8 септември 2012 (конс. 12 декември 2012).
  20. Резултати 2012“, „Grand Prix Cyclistes“, Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010–2011 (конс. 12 декември 2012).
  21. Руј Кошта победи Класика Примавера, Контадор трет“, „Eurosport“, 7 април 2013.
  22. Кошта ја прослави последователната победа на Тур де Свис“, „Cyclingnews.com“, 16 јуни 2013.
  23. Рајан, Бери. „Rui Costa repaid with Tour de France stage victory in Gap“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 16 јули 2013 (конс. 17 јули 2013).
  24. Рајан, Бери (29 септември 2013). „Руј Кошта ја освои друмската трка за мажи на Светското првенство“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/uci-road-world-championships-2013/elite-men-road-race/results. конс. 30 септември 2013. 
  25. „"Este é o maior êxito da minha carreira" - Rui Costa“. „A Bola“. 29 септември 2013. http://www.abola.pt/nnh/ver.aspx?id=430951. конс. 2 октомври 2013. 
  26. „Мувистар Тим (MOV) – ШПА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=NA&RefDate=08.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 8 јануари 2013. 
  27. „Волта ао Алгарве 2014“. „steephill.tv“. http://www.steephill.tv/volta-ao-algarve/. конс. 22 јуни 2014. 
  28. „Париз-Ница 2014“. „steephill.tv“. http://www.steephill.tv/paris-nice/. конс. 22 јуни 2014. 
  29. „Тур де Романди 2014“. „steephill.tv“. http://www.steephill.tv/tour-de-romandie/. конс. 22 јуни 2014. 
  30. „Кошта победи на Тур де Свис“. „cyclingnews.com“. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-suisse-2014/stage-9/results. конс. 22 јуни 2014. 
  31. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/rui-costa-tour-de-france-overall-battle-bronchitis-130475
  32. http://www.washingtonpost.com/sports/tour-de-france-heads-to-pyrenees-in-stage-16/2014/07/22/c7affd84-1182-11e4-ac56-773e54a65906_story.html

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Филип Жилбер
Светски друмски првак
2013
Наследник
актуелен
Награди
Претходник
Елдер Родригез
Португалски спортист на годината
2012, 2013
Наследник
актуелен