Ларс Бак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ларс Бак

Бак на Џиро д’Италија 2012.
Лични податоци
Цело име Ларс Итинг Бак
Роден 16 јануари 1980 (1980-01-16) (34 г.)
Силкеборг,  Данска
Висина 1,90 м
Маса 76 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Белисол
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
1996–1999
2000–2001
2001
2001
Силкеборг
Хамел
Диферданге
Тревиџани-Мапеи
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005–2009
2010–2011
2012–
Тим Факта
БанкЏироЛотери
Тим ЦСЦ
Тим ХТЦ-Колумбија
Лото-Белисол
Значајни победи
Париз-Бурж (2005)
Jersey yellow.svg Тур де л’Авенир (2005)
MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак (2007, 2008, 2009)
MaillotDinamarca.svg Национален друмски првак (2005)
Џиро д’Италија, 1 етапа (2012), 1 TTT (2011)
Вуелта а Еспања, 1 TTT (2010)
Гран При де Фурмие (2012)
Последна промена
22 октомври 2014

Ларс Итинг Бак (дански: Lars Ytting Bak; р. 16 јануари 1980 во Силкеборг) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Белисол.[1] Тој станал професионалец во 2002 за Тим Факта, каде возел со сонародникот Алан Јохансен. Во 2004 обајцата се префрлиле во БанкЏироЛотери, каде Ларс Бак ја остварил својата прва професионална победа, но бидејќи екипата се распаднала по сезоната 2004, обајцата Бак и Јохансен морале да се префрлат во Тим ЦСЦ во 2005.

Бак го освоил данското друмско првенство и подоцна во сезоната ја покажал неговата сила и талент како надежен воза, бидејќи Бак освоил етапа и генералниот пласман на трката Тур де л’Авенир. Го освоил генералниот пласман спринтајќи за победа во група од четворица возачи на првата етапа, место кое го бранел следните девет етапи, вклучувајќи и хронометар и бројни ридесто-планински етапи.

Во 2011, конечно го остварил своето деби на Тур де Франс, каде работел силно за „возот“ на Марк Кевендиш и завршил со бегство на последната етапа. Бак се придружил на Лото-Белисол за сезоната 2012.[1]

Достигнувања[уреди]

2004
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
2005
1. MaillotDinamarca.svg Национален друмски првак
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Париз-Бурж
2006
1. Ајндховен Екипен хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Баварија
2007
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
1. Етапа 5 Тур де Валони
2008
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 1 (ТТТ)
2009
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
6. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
1. Етапа 5
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2011
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
3. ГП Хернинг
5. Париз-Рубе
2012
1. Гран При де Фурмие
1. Етапа 12 Џиро д’Италија
10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2013
2. Краен пласман Трка околу Данска

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Бак се надева дека конечно ќе ги најде негогите шанси со Лото-Ридли“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 октомври 2011 (конс. 5 јануари 2012).

Надворешни врски[уреди]