Хосе Хоакин Рохас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хосе Хоакин Рохас

Рохас на Тур де Франс 2013.
Лични податоци
Цело име Хосе Хоакин Рохас Гил
Роден 8 јуни 1985 (1985-06-08) (29 г.)
Сеза,  Шпанија
Висина 1,78 м
Маса 69 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2005 ONCE (стажант)
Професионални клубови
2006
2007–
ONCE
Кејс д’Епарњ
Значајни победи
Национален друмски првак (2011)
Последна промена
16 март 2014

Хосе Хоакин Рохас Гил (шпански: José Joaquín Rojas Gil; р. 8 јуни 1985 во Сеза, Мурсија) — шпански професионален друмски велосипедист, моментално вози за UCI World Tour Мувистар Тим.[1] Станал професионалец во 2006 со тимот ONCE. Неговиот постар брат Маријано исто така бил професионален велосипедист и возел за ONCE до 1996. Загинал истата година во сообраќајна несреќа.[2]

Рохас бил избран да вози на Тур де Франс 2012, но доживеал несреќа на етапата 3, кога се здобил со фрактура на левата клучна коска, второ повлекување на Тур 2012, по возачот од Тим Скај Канстанцин Сивцов.[3][4]

Рохас бил повторно избран да вози на Тур де Франс 2013 и завршил на 79. место, еден од највисоките пласмани помеѓу спринтерите, пред Саган, Грајпел, Кевендиш, Кител и Кристоф. Завршил на седмото место во бодовниот пласман со 156 бода. Негови најдобри резултати биле на третата етапа, на која се натпреварувал во масовен спринт и четврти на четинаесеттата етапа, каде бил дел од долго бегство, кога победил Матео Трнетин.

Достигнувања[уреди]

2003
1. MaillotEspaña.PNG Хронометарски првак под 17 години
2005
2. Краен пласман Вуелта а Екстрамадура
2006
1. Jersey red.svg Планински пласман Тирено-Адријатико
2007
1. Етапа 1 Вуелта а Мурсија
9. Гент-Вевелгем
9. Краен пласман Трка околу Полска
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
2008
1. Трофео Поленка
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. Ватенфал Класик
7. Гент-Вевелгем
2009
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2010
2. ГП Инсубрија-Лугано
3. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
2011
1. MaillotEspaña.PNG Национален друмски првак
1. Етапа 6 Волта а Каталуња
1. Вуелта а Мајорка
2. Класика де Алмерија
3. Етапа 3 & 5 Тур де Франс
4. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
4. Трофео Палма де Мајорка
5. Ватенфал Класик
7. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
7. ГП Уест-Франција
8. Кансер Кансил Класик
10. Трофео Кала Милор
2012
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
2013
3. Трофео Кампос-Сантани-Сес Салинес
4. Ватенфал Класик
5. Трофео Платха де Муро
6. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
6. Трофео Палма де Мајорка
8. Класик Кансер Кансил Хелплајн
2014
4. Краен пласман Париз-Ница
5. Вуелта а Мурсија
6. Класика де Алмерија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур 84 68 80 СО 79
Jersey red.svg Вуелта СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Иван Гутиерез
Шпански национален друмски првак
2011
Наследник
Франсиско Вентосо