Андреас Кледен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андреас Кледен

Кледен во 2013
Лични податоци
Цело име Андреас Кледен
Прекар Кледи
Роден 22 јуни 1975 (1975-06-22) (39 г.)
Митвајда, Источна Германија
Висина 1,83 м[1]
Маса 63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
1998–2006
2007–2009
2010–2011
2012–2013
Тим Телеком
Астана
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 ТТТ (2009)

Етапни трки

Париз-Ница (2000)
Трка околу Баскија (2000, 2011)
Тирено-Адријатико (2007)
Тур де Романди (2008)

Еднодневни трки и класици

MaillotAlemania.PNG Национален друмски првак (2004)
Последна промена
12 јануари 2014

Андреас Кледен (германски: Andreas Klöden; р. 22 јуни 1975) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој настапувал помеѓу 1998 година и 2013 година.[2] Неговите поголеми достигнувања се бронзениот медал на Олимписките игри во 2000 и второто место на Тур де Франс 2004 и Тур де Франс 2006. Кледен е висок, лесно граден возач со доволно сила да се пласира високо во конечните пласмани на големите трки, но неговите настапи биле проследени со повреди.

Биографија[уреди]

Кледен е роден во Митвајда во 1975.[3] Пред да стана професионалец, освоил бронзен медал на светското хронометарско првенство во 1996 за возачи под 23 години и две етапи на меѓународната Трка околу Рајнската област-Пфалц во 1997.

Годините во T-Mobile (1998–2006)[уреди]

Кледен потпишал со Тим Телеком (подоцна T-Mobile Team) во 1998 и во првата негова професионална сезона да го освоил генералниот пласман во Трката околу Долна Саксонија и прологот на Тур де Норманди.[4] Во 1999, освоил етапа во португалската Трка околу Алгарве. Но, првата од неговите успешни сезони доаѓа во 2000, каде по постигнувањето на две важни победи на Париз-Ница и Вуелта ал Паис Васко, го освоил и бронзениот медал на Олимпијадата во Сиднеј, веднаш за Германецот Јан Улрих и Казахстанецот Александар Винокуров, два возачи со кои ќе помине неколку сезони во T-Mobile.

Потоа, доаѓаат три повреди во текот на сезоната, така што не постигнува ниедна победа. Бил принуден да го напушти Тур де Франс 2003 поради фрактура на долниот дел на ’рбетниот столб.[5] 2004 го видел неговата повторно велосипедско раѓање, откако го освоил германското национално друмско првенство и така ја продолжил победничката низа на тимот T-Mobile/Team Telekom, кој започнала уште во 1993 со Бернд Грене на овие првенства. Кледен ја држил неговата висока форма до Тур де Франс, кој почнал една недела подоцна. На таа Трка, која ја започнал како работник за Улрих, не освоил ниедна етапа, но завршил втор во крајниот пласман од Италијанецот Иван Басо во последниот хронометар.[6] Улрих, кому Кледен бил задолжен да го поддржува, завршил четврти таа година, единствениот случај кога завршил надвор од првите тројца на Тур де Франс. Завршувајќи пред Улрих го направило Кледен меѓународно познат и почнале да кружат гласини дека ќе оди во Геролштајнер или Илес Балеарс-Банесто, каде ќе го предводи тимот, но наместо тоа тој остана во T-Mobile со Улрих.

Тур 2004: Андреас Кледен по втората етапа до Намур

Во сезоната 2005, освоил етапа на Bayern-Rundfahrt. Кледен како си совозачите Улрих и Винокуров се сметале за предводниците во конечниот пласман на Тур де Франс 2005, со Улрих како најсилен од нив. Кледен придонел за тимскиот успех на T-Mobile во трката, каде Улрих завршил трет, а Винокуров петти. На осмата етапа во Возегите, тој го нападнал последниот врв од тој ден на половина пат и освоил бодови, достигнувајќи го предводникот на етапата Питер Вининг на врвот. На патот до целта во Герадмер, го загубил спринтерскиот крај во најтесниот крај на Трката на сите времиња - (9,6 милиметри или 0,0002 секунди).[7] Подоцна, се повлекол од Трката на 17.а етапа во Ревел, откако имал несреќа во текот на 16. и скршил коска на неговата десна рака.

На Тур де Франс 2006, Кледен станал еден од фаворитите за победа кога Улрих, Винокуров и Басо не возеле на трката.[8] Винокуров не учествувал поради допинг-скандалот на неговите совозачи, што причинил неговиот тим Астана да падне под минимумот од шест возачи за старт. По слабите настапи во првите планински етапи, Кледен бил во добра форма на Алпите, качувајќи се за генерален пласман. Кледен бил многу силен во последниот хронометар, кога завршил втор по неговиот колега Сергеј Хончар, искачувајќи се од четвртото на третот место во генералниот пласман, поминувајќи го Карлос Састре. На 11. етапа на Пла д’Берет, Кледен бил отфрлен од водечката група и изгубил околу 90 секунди, кои го чинеле многу. На 15. етапа, настапил силно, поминувајќи го секого, освен севкупниот победник Флојд Ландис. На 16-та етапа, Кледен повторно настапил добро, меѓутоа на 17. етапа повторно крахирал на Кол де Жу План, но се повратил, благодарејќи на помошта, која му ја дал неговиот колега Патрик Синкевиц.[9]

Годините во Астана (2007–2009)[уреди]

На 27 август 2006, Кледен објавил дека ќе вози за Астана во сезоната 2007, и покрај тоа што Александар Винокуров бил негов тимски лидер.[10] Оваа објава дошла како изненадување во велосипедскиот свет, бидејќи Кледен, и покрај неговиот талент и достигнување, скоро сигурно не би бил лидер на тој тим, кој бил организиран околу Винокуров. Во текот на Тур де Франс, возел добро, но морал да му помага на лидерот Винокуров и загубил неколку минути. Една несреќа скоро ја повтори неговата повреда од 2003 на трката, но овој пат не бил ‘рбетниот столб туку само обична фрактура и тој бил во можност да продолжи.[5] Астана службено се повлекла од Тур де Франс 2007 на 24 јули, кога допинг-тестот на Винокуров бил позитивен.[11]

Неговото возење во септеври било нарушено од повреда, следејќи по инцидент кога кола го попречила неговото движење и го приморала да скршне, завршувајќи во ендек. Иако рендгентскиот снимки не покажале скршени коски, тој ги пропуштил ГП де Плуе и Трка околу Полска.[12][13]

На 2 октомври 2009, било потврдено дека Кледен ќе се придружи на Тим РадиоШек за сезоната 2010 season[14]

Допинг-обвинувања 2009[уреди]

Во 2009, се појавија обвинување дека Андреас Кледен користен нелегална трансфузија на крвата на универзитетската болнива во Фрајбург, во текот на Тур де Франс 2006.[15]

Годините во Тим Радиошек (2010-2011)[уреди]

Кледен има слаба сеозна во 2010. Завршил на Тур де Франс 2010 на 14. место, веднаш зад Контадор. Неговите поголеми успеси бил 8. место на Тур де Свис и Енеко Тур.

2011 повторно доживеал успеси во кариерата, кога го освоил Вуелта ал Паис Васко 2011, а исто така завршил и втор во Париз-Низа, воедно остварувајќи етапна победа. Тој имал две победи во индивидуална хронометри на Џиро дел Трентино и Критериум Дофине. Бил во добра форма за Тур де Франс 2011, доживеал несреќа и се повлекол. Подоцна настапил и на Вуелта со неговиот колега Брајкович, но се повлекол од трката.

РадиоШек-Нисан-Трек (2012-)[уреди]

Во 2012, Кледен потпишал со РадиоШек-Нисан-Трек. Го завршил Тур де Франс 2012 на 11. место, 17'54" зад победникот Бредли Вигинс. Исто така, завршил 4. на трката САД Про Сајклинг Челинџ.

Кледен продолжил да вози за РадиоШек во 2013. Завршил на деветтото место на Волта ао Алгарве 2013 и Париз-Ница 2013 на почетокот на сезоната. На првите пет места се нашол на Трката во Белгија 2012, каде завршил четврти. Рано изгубил време во Пиринеите на Тур де Франс 2013, што го натерало да ги промени целите од генерален пласман во етапна победа. Бил во бегство на етапата 15 до Гап и завршил на петтото место. Повторно се обидел на етапата 19. Откако завршил втор зад Тур де Франс 2004 зад Ленс Армстронг; повторно бил втор за етапна победа, но овој пат зад Руј Кошта. Ја завршил трката на 30. место, со еден час, две минути и четириесет и три секунди зад победникот Крис Фрум.

Во октомври 2013, Кледен го објавил своето повлекување од велосипедизмот по шеснаесетгодишна професионална кариера.[2]

Достигнувања[уреди]

1998
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
1. Етапа 3а
1. Пролог Тур де Норманди
1999
1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
2000
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа Б
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 7
1. Етапа 7 Мировна трка
3. Bronze medal.svg Бронзен медал Олимписка друмска трка
12. Олимписки хронометар
2001
5. ЕнБВ ГП
8. Гран при Еди Меркс
2002
2. Краен пласман Реџо-Тур
5. Краен пласман Трка околу Саксонија
2003
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
2004
1. MaillotAlemania.PNG Национално друмско првенство
2. Краен пласман Тур де Франс
2005
1. Етапа 5 Трка околу Баварија
2006
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Реџио-Тур
2. Краен пласман Тур де Франс (поместен поради исклучувањето на Флојд Ландис)
2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Сиркут Сиклист Сарт
1. Етапа 2
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де Свис
2009
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
6. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 4 (ТТТ)
2010
8. Краен пласман Тур де Свис
8. Краен пласман Енеко Тур
2011
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
1. Етапа 3 (ITT) Критериум Дофине
1. Етапа 1 (ITT) Џиро дел Трентино
2012
4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2013
4. Краен пласман Трка околу Белгија
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур 26 СО 2 СО 2 СО 6 14 СО 11 30
Jersey gold.svg Вуелта СО 62 СО СО 20 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Андреас Кледен“. 
  2. 2,0 2,1 Андреас Кледен се повлекува по 16-годишна кариера вклучувајќи два подиума на Тур де Франс“, „Sky Sports“, BSkyB, 24 октомври 2013 (конс. 19 декември 2013).
  3. „Андреас Кледен: АСТАНА“. Yahoo Euro Sport. http://uk.eurosport.yahoo.com/cy/profiles/177.html. конс. 11 септември 2008. 
  4. „Биографија: Андреас Кледен“. Velo News. http://www.velonews.com/bio/detail/70664/andreas-kl%C3%B6%3Bden. конс. 11 септември 2008. 
  5. 5,0 5,1 „Војниците на Винокуров“. Cycling News. 13 јули 2007. http://www.bike-zone.com/news.php?id=news/2007/jul07/jul13news3. конс. 11 септември 2008. 
  6. „Армстронг прави историја“. BBC Sport. 24 јули 2004. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/other_sports/cycling/3924353.stm. конс. 11 септември 2008. 
  7. „Победничкиот напад на Казахстанецот“. Тур де Франс. 13 јули 2005. http://www.letour.fr/2005/TDF/LIVE/us/1100/index.html. конс. 11 септември 2008. 
  8. Крис Хамер (22 јули 2007). „Тур де Франс - Возачи“. Sporting Life. http://www.sportinglife.com/others/news/story_get.cgi?STORY_NAME=others/07/06/22/CYCLING_Tour_Contenders.html. конс. 11 септември 2008. 
  9. „Победа за Ландис...!“. Tour de France. 20 јуни 2006. http://www.letour.fr/2006/TDF/LIVE/us/1700/index.html. конс. 11 септември 2008. 
  10. Сузан Вестемајер (27 август 2006). „Кледен во Астана“. Cycling News. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/aug06/aug27news. конс. 11 септември 2008. 
  11. „Винокуров паднал на допинг-тестот“. BBC SPORT. 24 јули 2007. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/other_sports/cycling/6914301.stm. конс. 11 септември 2008. 
  12. „Кледен се откажува од Полска“. Cycling News. 3 септември 2007. http://www.bike-zone.com/news.php?id=news/2007/sep07/sep03news2. конс. 11 септември 2008. 
  13. „Нема Полска за Кледен“. Cycling News. 6 септември 2007. http://www.bike-zone.com/news.php?id=news/2007/sep07/sep06news. конс. 11 септември 2008. 
  14. Сузан, Вестемајер. „Армстронг бара силен тим за Тур де Франс“, Cycling News, 2009-10-02. Retrieved on 2009-10-03.
  15. Кледен именуван во извештај од Фрајбург

Надворешни врски[уреди]