Тор Хушовд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тор Хушовд

Хушовд на Трката околу Калифорнија 2011
Лични податоци
Цело име Тор Хушовд
Прекар Бог на грмотевицата,
Бикот од Гримстад
Роден 18 јануари 1978 (1978-01-18) (36 г.)
Гримстад,  Норвешка
Висина 1,83 м
Маса 79 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2000–2008
2009–2010
2011
2012–
Кредит Агрикол
Сервело ТестТим
Гармин-Сервело
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Jersey green.svg Бодовен пласман (2005, 2009)
10 индивидуални етапи[1], 2 ТТТ
Вуелта а Еспања
Jersey blue-yellowfish.svg Бодовен пласман (2006)
3 индивидуални етапи
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа

Еднодневни трки и Класици

MaillotMundial.PNG Светски друмски првак (2010)
Гент-Вевелгем (2006)
Омлоп Хет Ниувсблад (2009)
MaillotNoruega.PNG Норвешки друмски првак (2004, 2010)
MaillotNoruega.PNG Норвешки хронометарски првак (2004, 2005)
MaillotMundial.PNG Светски хронометарски првак под 23 години (1998)
Последна промена
20 јануари 2014
Тор Хушовд ја носеше жолтата маичка од втората до деветтата етапа на Тур де Франс 2011.
Хушовд во последните метри пред победата на прологот на Тур де Франс 2006.

Тор Хушовд (норвешки: Thor Hushovd; р. 18 јануари 1978) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим[2]. Тој е познат по спринтањето и хронометрите и бил норвешки и светски друмски првак во 2010. Тој бил првиот Норвежанец, кој водел на Тур де Франс и првиот Скандинавец, кој победил на друмската трка во велосипедизам на Светското друмско првенство. Исто така, тој е Скандинавец со најмногу етапни победи на големите трки. Тој е сметан како најголем норвешки велосипедист на сите времиња.

Личен живот[уреди]

Хушовд моментално престојува во Монте Карло,[3][4] со неговата жена Сузана,[5] и нивната ќерка Изабела (р. 2009).[6] Меѓутоа, семејството поседува и куќа во Гримстад, Норвешка.[7]

„Кога ќе се преселиш во место каде не треба да плаќаш данок на приход, нема потреба да криеш дека тоа многу значи. Но, не е само поради даноците... туки и поради динамичните друштвени настани и исправно“.

Кариера[уреди]

Хушовд станал светски хронометарски првак за под 23 години и ги освоил верзиите на Париз-Рубе и Париз-Тур за под 23 години пред што станал професионалец во 1998. Тој бил норвешки шампион во хронометар во 2004 и 2005 и друмски првак во 2004 и 2010. Во 2006, тој освоил седум UCI ProTour-трки и две етапи на Тур де Франс. Тој го освоил прологот во Стразбур и водел по првиот ден и покрај исеченицата на раката. Тој продолжил со шавови и повторно ја стекнал жолтата маичка по втората етапа со третото место. Тој ја освоил последната етапа, победувајќи го Роби Мекјуан во спринт. На Вуелта а Еспања 2006 тој ја освоил шестата етапа, ја облекол златната маичка на три етапа и победил во бодовниот пласман.

На Тур де Франс 2008, Хушовд ја освоил втората етапа во масовен спринт во завршницата.[9]

2009[уреди]

Во 2009, Хушовд возел за Сервело ТестТим.[10] Тој ја освоил првата екипна победа во сезоната на третата етапа на Трката околу Калифорнија. На Тур де Франс, тој ја освоил зелената маичка за бодовен пласман по вторпат, пред Марк Кевендиш. Обично спринтерите со најмногу етапни победи го освојуваат бодовниот пласман, но Хушовд имал победа само на една етапа, етапата 6, додека Кевендиш победил на шест. По контроверзната 14. етапа, каде Кевендиш бил потиснат во задниот дел од групата поради попречување на Хушовд, Хушовд нападнал сам на етапата 17, планинска етапа, освојувајќи два средни спринта.[11][12] Хушовд ја освоил третата етапа на Трката околу Мисури – 183 км на ридеста етапа – во септември 2009, во завршен спринт.

2010[уреди]

На 9 мај 2010, Хушовд ја скршил клучната коска на тренинг по судир со млада девојка.[13] На Тур де Франс, Хушовд ја освоил третата етапа, која била необична по возењето на калдрма. Бил подобар во спринтот од пет други возачи.[14] Оваа победа му ја донела зелената маичка, но на крајот ја изгубил од Алесандро Петаки од екипата Лампре-Фарнезе Вини.

На 3 октомври 2010, Хушовд го освоил светското друмско првенство, кое започнало во Мелбурн и завршило во Гилонг, Австралија. Тој бил првиот Норвежанец што го освоил.[15][16] VeloNews напишал: „Хушовд...доминантен на завршниот спринт на крајот на возбудливата трка од 267 километри, победувајќи го Данецот Мати Брешел и Австралиецот Алан Дејвис.“ Фаворитот, Филип Жилбер, бил фатен на три километри пред крајот.[17]

2011[уреди]

Во текот на Тур де Франс 2011, Хушовд ја носел жолтата маичка и на изненадување на сите ја задржал низ неколку ридести етапи, за кои не се очекувало да ги издржи и второпласираниот Кедел Еванс не можел да ја надополни предноста од 1 секунда, која Хушовд ја имал. Хушовд повторно ги изненадил неговите обожаватели на етапата 13, кога бил еден од првите возачи преку врвот од екстра категорија Кол д’Обиск и користејќи ги неговите супериорни вештини за спуштање (едно време се спуштал со брзина од 69 км/ч) ги стигнал и поминал лидерите Давид Монкутие и Жереми Роа, со што ја освоил етапата. Тој повторно ги користел неговите вештини за спуштање на етапата 16, кога тој, Едвалд Боасон Хаген и неговиот совозач Рајдер Хесједал заминале први на спустот по Кол де Манс (спуст, кој за возачот во генерален пласман Енди Шлек изгледал преопасно за трката) и го победил Боасон Хаген во последниот спринт, со што ја освоил неговата втора етапа на Трката.

2012[уреди]

Хушовд, страдајќи од тогашен недијагностициран медицински проблем, морал да ја напушти Џиро д’Италија 2012 и да го откаже учеството на Тур де Франс и олимписката друмска трка.[18] Подоцна, медицинското ослабување било опишано како „вирус и воспаление на мускулите“ од тим на доктори.[19] Хушовд едвај да постигнал некој забележлив резултат во сезоната освен 14. место на Париз-Рубе. Во октомври, тој изјавил дека се надева дека ќе ја остави лошата година и вирусот зад него и дека е оптимист и мотивиран за сезоната 2013.[20]

2013[уреди]

Хушовд ја освоил својата прва победа по Трката околу Британија 2011 пред Том-Јелте Слагтер од {{{име на тимот-2013}}} на првата етапа на Тур ду Хаут Вар во февруари. Тоа било негова прва победа со БМЦ Рејсинг Тим.[21]

Достигнувања[уреди]

1998
1. Jersey rainbow.svg Светски првак во хронометар под 23 години
1. Париз-Рубе под 23 години
2000
7. Индивидуален хронометар на Летната Олимпијада
2001
1. Етапа 5 (ТТТ) Тур де Франс
1. Краен пласман Тур де Норманди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Краен пласман Трка околу Шведска
1. Краен пласман Париз-Корез
2002
1. Етапа 18 Тур де Франс
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
2003
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 Вуелта а Кастила и Леон
2004
1. MaillotNoruega.PNG Национален првак во хронометар
1. MaillotNoruega.PNG Национален друмски првак
1. Етапа 8 Тур де Франс
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине
1. Краен пласман Француско првенство во друмски велосипедизам
1. Класик Харибо
1. Гран При де Денен
1. Тур де Вандеја
2005
1. MaillotNoruega.PNG Национален првак во хронометар
Волта а Каталуња
1. Етапа 7
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман на Тур де Франс
1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
3. Милано-Сан Ремо
2006
Тур де Франс
1. Пролог
1. Етапа 20
Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Гент-Вевелгем
1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
Волта а Каталуња
1. Етапа 3
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Четири дена на Денкерк
2007
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 Тур де Франс
2008
1. Пролог Волта а Каталуња
1. Етапа 1 Волта а Каталуња
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Пролог Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1 Медитеранска трка
1. Етапа 6 Четири дена на Денкерк
1. Етапа 2 Тур де Франс
2009
1. Етапа 6 Тур де Франс
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Етапа 17 Награда за борбеност
Трка околу Мисури
1. Етапа 3
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3 Трка околу Калифорнија
1. Омлоп Хет Ниувсблад
Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 4 Тур ду Поату Шарент
3. Париз-Рубе
3. Милано-Сан Ремо
2010
1. Jersey rainbow.svg Светски друмски првак
1. MaillotNoruega.PNG Национален друмски првак
1. Етапа 3 Тур де Франс
1. Етапа 6 Вуелта а Еспања
2. Париз-Рубе
2011
Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 13
1. Етапа 16
Ја носел жолтата маичка Jersey yellow.svg од етапа 2 до етапа 9
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Етапа 4 Трка околу Британија
8. Париз-Рубе
2013
1. MaillotNoruega.PNG Национално друмско првенство
1. Jersey blue.svg Краен пласман Арктичка трка Норвешка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Трка околу Полска
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Трка околу Австрија
1. Етапа 1 Трка околу Пекинг
2. Национално хронометарско првенство
4. Гран при д’Исберг
5. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Етапа 1
6. ГП Уест-Франција
8. Ватенфал Класик

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Тур ДНФ 112 118 104 116 120 138 96 106 111 68 ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 0 1 0 1 0 2 1 1 1 1 2
Планински пласман 36 28 80 26
Бодовен пласман 7 4 2 1 3 4 2 1 3 5
Џиро ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНФ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНФ ДНЕ
Освоени етапи 1
Планински пласман
Бодовен пласман
Вуелта ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНФ 82 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНФ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 1 1 1
Планински пласман 26
Бодовен пласман 1
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Наводи[уреди]

  1. Службена статистика
  2. Светскиот шампион Тор Хушовд потпиша тригодишен договор со BMC Racing Team“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 август 2011 (конс. 1 јануари 2012).
  3. NBC athlete profile
  4. Hushovd frustrert over Contador-avgjørelse
  5. Hushovd flytter til Monaco
  6. Ќерка за Хушовд
  7. Susanne Hushovd har alltid akseptert at syklingen er førsteprioritet for ektemannen.
  8. Vi sparer veldig mye på å bo i Monaco
  9. Хушовд среќен по победата на Тур де Франс, Афтенпостен 7 јули 2008
  10. „Тор Хушовд потпиша со новиот Сервело ТестТим“ (9 септември, 2008) VeloNews.com. Retrieved 10-3-2010
  11. Посрамениот Кевендиш се извинува за изливот“, ББС Спорт, 24 јули 2009 (конс. 25 јули 2009).
  12. Грегор Браун (23 јули 2009). „Хушовд нападна сам за зелената маичка“. Сајклинг Њус. http://www.cyclingnews.com/news/hushovd-attacks-solo-for-green-jersey-respect. конс. 26 јули 2009. 
  13. http://velonews.competitor.com/2010/05/news/hushovd-sidelined-with-broken-collarbone_115218
  14. Тур де Франс: Хушовд победи, но Томас е втор“, „BBC Sport“, BBC © 2012, 6 јули 2010 (конс. 28 ноември 2012).
  15. „Тор Хушовд стана првак во светското друмско првенство“ (3 октомври, 2010) VeloNews.com. Retrieved 10-3-2010
  16. CyclingNews.com
  17. „Тор Хушовд ја освои виножито-маичката за Норвешка“. „Сајклинг Викли“. 3 октомври 2010. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/501751/thor-hushovd-wins-the-rainbow-jersey-for-norway.html. конс. 4 октомври. 
  18. „Олимписки игри Лондон 2012: Тор Хушовд надвор од Игрите“. „Daily Telegraph“. 16 јули 2012. http://www.telegraph.co.uk/sport/olympics/cycling/9403939/London-2012-Olympics-Thor-Hushovd-ruled-out-of-Games.html. конс. 21 јули 2012. 
  19. BMC doc blames virus, muscle inflammation for Hushovd’s poor season“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 7 септември 2012 (конс. 17 октомври 2012).
  20. Хушовд мотивиран за иднината по изгубената сезона 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 октомври 2012 (конс. 17 октомври 2012).
  21. Hushovd wins Tour du Haut Var opener“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 16 февруари 2013 (конс. 17 февруари 2013).

Надворешни врски[уреди]

Награди
Претходник
Петер Нортхуг
Норвешки спортист на годината
2010
Наследник
Александер Дале Оен