Критериум ду Дофине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Критериум ду Дофине
Critérium du Dauphiné 2011 - Départ Pontcharra.JPG
Детали за трката
Датум почеток на јуни
Регион Дофине (Франција)
Локално име Critérium du Dauphiné (француски)
Прекар Дофине Либере
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Организатор Amaury Sport Organisation
Историја
Прво издание 1947 (1947)
Изданија 66 (до 2014)
Прв победник  Едуард Клабински (ПОЛ)
Најмногу победи
Неодамнешен победник  Ендру Талански (САД)

Критериум ду Дофине (пред 2010 позната како Критериум ду Дофине Либере) — годишна велосипедска друмска трка, која се вози на 8 етапи низ областа Дофине во Франција во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, Дофине Либере, преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и Amaury Sport Organisation (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со Тур де Свис, Дофине е важна трка во рамките за подготовка на Тур де Франс во јули и е дел од календарот на Светската турнеја.

Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од Тур де Франс, како Мон Ванту, Алп д’Ез, Кол ду Галибие или Кол де ла Шартрос, кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќе пати, исто така имаат победено на Дофине Либере.

Првиот Дофине Либере бил одржан во 1947, кога Едуард Клабински од Полска бил победник. Нело Лореди, Луис Окања, Шарли Моте и Бернар Ино го делат рекордот за најмногу победи, по три секој од нив.

Историја[уреди]

По Втората светска војна, кога велосипедизмот се повратил по општиот петгодишен прекин, весникот Дофине Либере одлучил да основа и организира велосипедска етапна трка низ регионот Дофине. Трката е поставена во јуни, пред Тур де Франс. Од нејзините почетоци, трката била користена како подготовка за Тур де Франс од француските велосипедисти, вклучувајќи ги Луисон Бобе и Џон Робик. Исто така, служела како тест патека за напредната опрема за велосипедистите.

Моменталната форма на критериум е последица на спојувањето со „Трката на шесте провинции во Дофине“ во 1969.

Критериумот е единствената друга трка, која е освоена од сите петократни победници на Тур де Франс (Анкетил, Меркс, Хино, Индуран и Армстронг). Седум возачи ја имаат освоено Дофине Либере и Тур де Франс во истата година: Луисон Бобе во 1955, Жак Анкетил во 1963, Еди Меркс во 1971, Луис Окања во 1973, Бернар Тевене во 1975, Бернар Хино во 1979 и 1981, Мигуел Индуран во 1995 и Ленс Армстронг во 2002 и 2003.

Градови, кои најмногу пати биле домаќини на некој почеток или крај се: Гренобл (44 пати), Авињон (32 пати), Сент-Етјен (23 пати), Анеси (22 пати), Шамбери (21 пат), Гап (21 пат), Лион (19 пати), Екс ле Бен (18 пати), Валенс (16 пати), Бријансон (15 пати) и Вал ле Бен (15 пати).

Маички[уреди]

Лидерот на генералниот пласман носи жолта маичка со сина лента, со што се разликува од другите возачи. На почетокот на 1948 била доделена црвената маичка со бели точки на водачот во планинскиот пласман на трката, додека во 1955 била доделена зелената маичка за најдобриот спринтер.

Победници[уреди]

Возач Тим
1947 Полска Клабински, ЕдуардЕдуард Клабински (ПОЛ)
1948 Франција Фахлајтнер, ЕдуардЕдуард Фахлајтнер (ФРА)
1949 Франција Лазаридс, ЛусиенЛусиен Лазаридс (ФРА)
1950 Франција Лореди, НелоНело Лореди (ФРА)
1951 Франција Лореди, НелоНело Лореди (ФРА)
1952 Франција Дото, ЖанЖан Дото (ФРА)
1953 Франција Тесаир, ЛусиенЛусиен Тесаир (ФРА)
1954 Франција Лореди, НелоНело Лореди (ФРА)
1955 Франција Боне, ЛуисонЛуисон Боне (ФРА)
1956 Белгија Клосе, АлексАлекс Клосе (БЕЛ)
1957 Франција Рорбах, МарселМарсел Рорбах (ФРА)
1958 Франција Ростолан, ЛујЛуј Ростолан (ФРА)
1959 Франција Англад, АнриАнри Англад (ФРА)
1960 Франција Дото, ЖанЖан Дото (ФРА)
1961 Велика Британија Робинсон, БрајанБрајан Робинсон (ВБР)
1962 Франција Мастрото, РајмонРајмон Мастрото (ФРА)
1963 Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил (ФРА)
1964 Шпанија Уриона, ВалентинВалентин Уриона (ШПА)
1965 Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил (ФРА)
1966 Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор (ФРА)
1969 Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор (ФРА)
1970 Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања (ШПА)
1971 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Молтени
1972 Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања (ШПА)
1973 Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања (ШПА)
1974 Франција Санти, АленАлен Санти (ФРА)
1975 Франција Тевене, БернарБернар Тевене (ФРА) Пежо БП Мишелин
1976 Франција Тевене, БернарБернар Тевене (ФРА) Пежо БП Мишелин
1977 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Џитане-Кампањоло
1978 Белгија Полентие, МишелМишел Полентие (БЕЛ)
1979 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Рено-Елф-Џитане
1980 Холандија Велде, Јохан ван дерЈохан ван дер Велде (ХОЛ) ТИ-Рели
1981 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Рено-Елф-Џитане
1982 Франција Лорен, МишелМишел Лорен (ФРА) Пежо-Есо-Мишелин
1983 САД Лемон, ГрегГрег Лемон (САД) Рено-Елф-Џитане
1984 Колумбија Рамирез, МартинМартин Рамирез (КОЛ) Системе У
1985 Австралија Андерсон, ФилФил Андерсон (АВС) Панасоник
1986 Швајцарија Цимерман, УрсУрс Цимерман (ШВА) Карера-Инокспран
1987 Франција Моте, ШарлиШарли Моте (ФРА) Системе У-Џитане
1988 Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера (КОЛ) Кафе де Колумбија
1989 Франција Моте, ШарлиШарли Моте (ФРА) РМО
1990 Велика Британија Милар, РобертРоберт Милар (ВБР) З
1991 Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера (КОЛ) Постобон
1992 Франција Моте, ШарлиШарли Моте (ФРА) РМО
1993 Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо (ШВА) ONCE
1994 Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо (ШВА) ONCE
1995 Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин (ШПА) Банесто
1996 Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин (ШПА) Банесто
1997 Германија Белтс, УдоУдо Белтс (ГЕР) Тим Телеком
1998 Франција де Лас Куевас, АрманАрман де Лас Куевас (ФРА) Банесто
1999 Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров (КАЗ) Казино-Аг2р Превојанс
2000 САД Хамилтон, ТајлерТајлер Хамилтон (САД) Дискавери Канал
2001 Франција Моро, КристофКристоф Моро (ФРА) Фестина
2002 САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг (САД) Дискавери Канал[1][2]
2003 САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг (САД) Дискавери Канал[1][2]
2004 Шпанија Мајо, ИбанИбан Мајо (ШПА) Еускалтел-Еускади
2005 Шпанија Ландалуз, ИњигоИњиго Ландалуз (ШПА) Еускалтел-Еускади
2006 САД Лајпхајмер, ЛевиЛеви Лајпхајмер (САД) Геролштајнер
2007 Франција Моро, КристофКристоф Моро (ФРА) Аг2р Превојанс
2008 Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Кејс д’Епарњ
2009 Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Кејс д’Епарњ
2010 Словенија Брајкович, ЈанезЈанез Брајкович (СЛО) Тим РадиоШек
2011 Велика Британија Вигинс, БредлиБредли Вигинс (ВБР) Тим Скај
2012 Велика Британија Вигинс, БредлиБредли Вигинс (ВБР) Тим Скај
2013 Велика Британија Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) Тим Скај
2014 САД Талански, ЕндруЕндру Талански (САД) Гармин-Шарп

Победи по земја[уреди]

Држава Победи
 Франција 30
 Шпанија 10
 Велика Британија 5
 Белгија 3
 Колумбија 3
Flag of the United States.svg САД 3
 Швајцарија 3
Австралија Австралија 1
 Германија 1
 Казахстан 1
 Холандија 1
 Полска 1
 Словенија 1

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]