Ромен Феји

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ромен Феји

Феји на Четири дена Денкерк 2009
Лични податоци
Цело име Ромен Феји
Роден 16 април 1984 (1984-04-16) (30 г.)
Шатоден, Франција
Висина 1,74 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Бретањ-Сеше Енвиронемент
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2005 Агритубел-Лудан (стажант)
Професионални клубови
2006–2009
2010–2013
2014–
Агритубел
Вакансолел
Бретањ-Сеше Енвиронемент
Последна промена
27 јануари 2014

Ромен Феји (француски: Romain Feillu; р. 16 април 1984 во Шатоден) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Бретањ-Сеше Енвиронемент.[1] Тој е постар брат на Брис Феји, кој исто така е друмски велосипедист.

Во август 2005, Феји му се приклучил на Агритубел како стажант и ги воодушевил неговите менаџери на екипата, што го довело до потпишување на професионален договор. Во текот на сезоната 2006 победил на ГП Тур и го освоил генералниот пласман на Тур де ла Сом. Во 2007 освоил етапа на Трката околу Луксембург и Сиркут де л’Олн. Истата година прв пат настапил на Тур де Франс, завршувајќи три пати во првите десет на масовните спринтови. Се повлекол по етапата 8, која била втора планинска етапа. Подоцна, истата година победил на Трката околу Британија и на Париз-Бурж.

На крајот на сезоната 2009 победил на ГП де Фурмие. Повторно ја освоил трката во 2010.

Феји се приклучил на Бретањ-Сеше Енвиронемент за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[2]

Достигнувања[уреди]

2005
7. Краен пласман Тур де ла Сом
8. Париз-Бурж
8. Париз-Тур
2006
1. Краен пласман Тур де ла Сом
1. Гран при Тур
2. Светско друмско првенство под 23 години
2. Ла Кот Пикард
4. Краен пласман Џиро дела Тоскана
5. ГП де ла Вил де Лијер
10. Краен пласман Тур де Норманди
2007
1. Краен пласман Трка околу Британија
1. Букл де л’Олн
1. Париз-Бурж
4. Коле-По де Лоара
4. Шатору Класик
7. ГП д’Исберг
8. Краен пласман Тур де Пикарди
8. Краен пласман Букл де ла Мајена
10. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 3
10. Париз-Тур
2008
1. Букл де л’Олн
3. Шатору Класик
7. Краен пласман Букл де ла Мајена
8. ГП Уест-Франција
2009
1. ГП де Фурмие
1. Етапа 4 Тур ду Лимузен
2. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
2. Париз-Камемберт
2. Шатору Класик
3. Рут Адели
5. Букл су Суд Ардеш
5. ГП де Валони
7. Тур ду Финистер
7. ГП де ла Сом
8. Париз-Брисел
9. Коле-По де Лоара
10. Париз-Бурж
2010
1. ГП де Фурмие
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
Вуелта а Бургос
1. Етапа 4
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Шатору Класик
2. Париз-Брисел
2. Париз-Бурж
3. ГП д’Исберг
4. Кампиуншап ван Вландерен
5. Коле-По де Лоара
6. Париз-Тур
10. ГП д’Увертир Ла Марселеза
10. ГП Уест-Франција
2011
1. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 2
1. Тур ду Финистер
Медитеранска трка
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5 Сиркут де Лорен
1. Етапа 5 Трка околу Луксембург
2. ГП де Денен
3. ГП д’Увертир Ла Марселеза
7. ГП Пино Черами
7. ГП де Фурмие
7. ГП д’Исберг
8. Париз-Бурж
2012
2. ГП Пино Черами
3. Букл де л’Олн
4. Шелдепрејс
5. Класик Лоара Атлантик
6. Коле-По де Лоара
7. Ле Самин
9. Тро-Бро Леон
9. ГП де Плимелек-Морбијан
2013
2. Гран при Пино Черами
8. Фландриско првенство
9. Шелдепрејс
9. Гран при д’Исберг
10. Тур де Вандеја

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]