Џони Хогерланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џони Хогерланд

Хогерланд на Е3 Харелбеке 2009
Лични податоци
Прекар Бикот од Бевеланд, Хулиган
Роден 13 мај 1983 (1983-05-13) (31 г.)
Јерсеке, Холандија
Висина 1,79 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Андрони Џакатоли-Венецуела
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Панчер
Аматерски клубови
2003 Квик Степ-Давитамон
Професионални клубови
2004–2005
2006
2007–2008
2009–2013
2014–
Ван Хермет-Еурогифтс
Џартази-7Мобајл
Ван Влит-ЕБХ Адвокатен
Вакансолел
Андрони Џокатоли-Венецуела
Значајни победи
Национално друмско првенство (2013)
Последна промена
29 јануари 2014

Џони Хогерланд (холандски: Johnny Hoogerland; р. 13 мај 1983) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Андрони Џакатоли-Венецуела.[1] Поради познатата тетоважа од бик на неговата рака и неговото потекло од полуостровот Зејд-Бевеланд го има добиено прекарот „Бикот од Бевеланд“.[2][3] Има углед на агресивен возач, кој сака да учествува во долги бегства.[4] Негова најголема победа е освојувањето на генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија во 2009, каде освоил една етапа.[5]

Кариера[уреди]

Во 2009, Хогерланд го освоил Три дена околу Западна Фландрија.[6] Тој завршил на 12. место на Трката околу Фландрија и во генералниот пласман на Вуелта.[7] Тој бил највисоко пласиран Холанѓанец во машката друмска трка на Светското првенство 2009, завршувајќи на 14. место.[8]

На Тур де Франс 2011 Хогерланд ја носел планинската маичка на шестата етапа. Откако ја изгубил на осмата етапа, тој повторно успеал да ја поврати на деветтата етапа. Во истата етапа, тој потоа бил инволвиран во драматична несреќа заедно со возачот од тимот Тим Скај Хуан Антонио Флеча (со кого заедно бил во бегство), откако Флеча бил удрен од автомобилот на Француската телевизија, предизвикувајќи Хогерланд да заврши во бодликавата жичена ограда. И покрај длабоките исеченици на неговиот грб, добивајќи 33 шава,[9] Хогерланд ја завршил етапа, губејќи скоро 17 минути како последица на несреќата.[10] Заеднички на Флеча и Хогерланд им била доделена наградата за издржливост за тој ден.[11]

На почетокот на февруари 2013, Хогерланд се судрил со автомобил додека тренирал во Шпанија, подготвувајќи се за Медитеранската трка.[4] Тој бил примен во болница и било објавено дека имал пет скршени ребра, проблеми со црниот дроб и скршен пршлен во неговиот ’рберт. Се верувало дека ќе ја пропушти целата сезона на класиците.[12] На 23 јуни 2013 неочекувано го освоил националното првенство на Холандија.

Хогерланд му се приклучил на Андрони Џокатоли-Венецуела за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ[13], се распаднала на крајот на сезоната 2013.[1]

Достигнувања[уреди]

2001
1. Јуниорска Трка околу Фландрија
2003
8. Краен пласман Трка Олимпија
2004
1. Етапа 2 Рубан Гранитие Бретон
2005
2. Париз-Рубе под 23 години
3. Брисел-Ингоигем
7. ГП Џеф Шеренс
8. Краен пласман Трка Олимпија
2006
10. Ронде ван Дренте
2007
2. Друвенкурс Оверејсе
8. Краен пласман Трка околу Словачка
1. Етапа 2
2008
1. Етапа 3 Класико Сиклистико Банфоандес
3. Краен пласман Трка Олимпија
3. Краен пласман Рингерика ГП
3. Друвенкурс Оверејсе
4. Краен пласман Тур де Бретања
4. Вламсе Пејл
4. Хел ван хет Мергеланд
5. Краен пласман Тур де Норманди
6. Краен пласман Трка околу Хокаидо
6. Ронде ван Дренте
7. Шал Селс-Мерксем
2009
1. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија
1. Етапа 1
4. Краен пласман Етоал де Бесеже
5. Гран при д’Увертур ла Марселеза
5. Џиро ди Ломбардија
8. Трка околу Франкфурт
12. Краен пласман Вуелта а Еспања
14. Светско друмско првенство UCI
2010
Трка околу Полска
1. Jersey violet.svg Планински пласман
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
2. Гран при д’Увертур ла Марселеза
3. Краен пласман Медитеранска трка
4. Друвенкурс Оверејсе
5. Краен пласман Трка околу Британија
1. Jersey red.svg Планински пласман
6. Хале-Ингоигем
2011
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
4. Брабант Пејл
Тур де Франс
Ја носел точкастата маичка Jersey polkadot.svg на етапите 6-7 и 9-11
Jersey red number.svg Етапа 9
2012
3. Друвенкурс Оверејсе
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
8. ГП де Валони
8. Бинше-Турне-Бинше
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
2013
1. MaillotHolanda.PNG Национално друмско првенство
1. Амстел Курасао Рејс

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Фаранд, Стивен. „Хогерланд потпиша со Андрони Џокатоли за 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 октомври 2013 (конс. 21 декември 2013).
  2. Вилијам Фотерингем (14 септември 2010). „Мајкл Албасини на Трката околу Британија ќе го предводи водството на Vacansoleil“. „The Guardian“. http://www.guardian.co.uk/sport/2010/sep/14/tour-of-britain-stage-four-michael-albasini. конс. 18 август 2011. 
  3. „Muzikale ode aan Johnny 'B. Goode' Hoogerland“ (на холандски). „ad.nl“. AD Nieuwsmedia BV. 13 јули 2011. http://www.ad.nl/ad/nl/1063/Tour-de-France/article/detail/2803036/2011/07/13/Muzikale-ode-aan-Johnny-B-Goode-Hoogerland.dhtml. конс. 18 август 2011. 
  4. 4,0 4,1 Џони Хогерланд примен во болница откако беше удрен во тренинг“, „VeloNation“, Velo Nation LLC, 3 февруари 2013 (конс. 4 февруари 2013).
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име big_win.
  6. „Hoogerland wint West-Vlaanderen, Weylandt pakt slotrit“ (на холандски). „Wielerupdate“. 8 март 2009. http://www.wielerupdate.nl/wielernieuws/10476/hoogerland-wint-west-vlaanderen-weylandt-pakt-slotrit/. конс. 18 август 2011. 
  7. „Хогерланд импресионира на неговото деби во Гранд Тур“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/hoogerland-impresses-in-grand-tour-debut. конс. 21 октомври 2000. 
  8. Ричард Тајлер (8 октомври 2009). „Хогерланд изгубил дел од неговата форма“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/hoogerland-relishes-his-end-of-season-form. конс. 18 август 2011. 
  9. Жилиен Прето. „Возачи на Тур де Франс повредени по небезбедно возење“, „National Post“, Postmedia Network Inc., 10 јули 2011 (конс. 18 август 2011).
  10. „Етапа 9 – Исоар до Сен Флор – Поредок по етапата“. „LeTour.fr“. Amaury Sport Organisation. 10 јули 2011. http://www.letour.fr/2011/TDF/LIVE/us/900/classement/index.html. конс. 18 август 2011. 
  11. Брехт Декалуве (10 јули 2011). „Хогерланд е среќен што е жив по несреќата во етапата 9“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/hoogerland-happy-to-be-alive-after-crash-in-stage-9. конс. 18 август 2011. 
  12. Шејн Стоукс. „Hoogerland injuries updated, also diagnosed with back fractures and bruising to his liver“, „VeloNation“, Velo Nation LLC, 4 февруари 2013 (конс. 4 февруари 2013).
  13. „Вакансолел-ДКМ Про Сајклинг Тим (VCD) – NED“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MjgxOA&RefDate=16.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 16 јануари 2013. 

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Ники Терпстра
Холандски национален друмски првак
2013
Наследник
актуелен