Тајлер Фарар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тајлер Фарар

Тајлер Фарар на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Тајлер Фарар
Роден 2 јуни 1984 (1984-06-02) (29 г.)
Веначи, САД
Висина 1,83 м
Маса 74 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2003
2004–2005
2006–2007
2008–
Џели Бели
ЈунајтедХелткер
Кофидис
Слипстрим-Чипотл
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2011), 1 ТТТ (2011)
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапиетапи, (2010), 1 ТТТ (2012)
Вуелта а Еспања
3 индивидуални етапи (2009, 2010)

Етапни трки

Jersey yellow.svg Сиркут Франко-Белж (2009)
Jersey yellow.svg Делта Тур Зеланд (2009, 2010)

Еднодневни трки и класици

Ватенфал Класик (2009, 2010)
Гроте Шелдепријс (2010)
Последна промена
6 јануари 2014

Тајлер Фарар (англиски: Tyler Farrar; р. 2 јуни 1984) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[1]. Негови најголеми достигнувања ги вклучуваат победите на Сиркут Франко-Белж во 2009 и еднодневната трка Ватенфал Класик во изданијата од 2009 и 2010. На големите трки освоил шест индивидуални етапи, како и учествувал во две победи во екипен хронометар.

Велосипедска кариера[уреди]

Фарар започнал да вози на 13 и возел за Џели Бели во 2003, ЈунајтедХелткер во 2004 и Кофидис во 2006 и 2007. Во април 2006 паднал близу крајот на Сиркут де ла Сарт и ја скршил клучната коска и го пропуштил поголемиот дел од сезоната. За сезоната 2008, се префрлил во Слипстрим-Чипотл.

Има освоени етапи на Џиро д’Италиа,[2] Вуелта а Еспања, Три дена Де Пане, Тур де Франс и САД Про Сајклинг Челинџ. Ја носел жолтата маичка на третата етапа на Трката околу Калифорнија 2008 по добивање на бодовите за спринт во текот на втората етапа.

Фарар е многу популарен во Фландрија, бидејќи течно го говори холандскиот јазик и живее во белгискиот град Гент. Во 2012 бил прогласен за почесен граѓанин на Гент.[3]

Во мај 2011, Фарар заедно со целата екипа Леопард Трек, се повлекле од Џиро д’Италија како знак на почит за неговиот пријател и тренинг-партнер Ваутер Вајлант, кој загинал во несреќа на третата етапа од трката.[4]

На 4 јули 2011, Фарар ја освоил неговата прва етапа на Тур де Франс, Етапа 3 од Олон сир Мер до Редон, станувајќи првиот Американец кој освоил етапа на трката на 4 Јули.[5]

Фарар паднал четири пати на Тур де Франс 2012,[6] вклучувајќи пад при спринтерска завршница, по кој беснеел по автобусот на екипата Аргос-Шимано, барајќи да се соочи со Том Велерс, кого го обвинил за несреќата. На САД Про Сајклинг Челинџ 2012, Фарар ја освоил својата прва победа во сезоната. На воведната етапа, Фарар изјавил дека бил изненаден дека преживеал на планинскиот терен и можел да се натпреварува во спринтот. Пристигнувајќи во Теларајд, Колорадо во група од 57 возачи, тој бил најбрзиот член на целта.[7] Повторно победил на петтата етапа на трката, посветувајќи ја победата на неговиот медисон партнер Мајк Крид, кој собирал пари за жртвите во пожарите кои се случиле во Колорадо Спрингс.[8] Поради двете победи успеал да собере доволно бодови за освојување на зелената маичка. Подоцна во сезоната, Фарар доживеал страшна несреќа во текот на првата етапа на Трката околу Британија 2012, забележувајќи силен потрес на мозокот.[9] Во октомври, на Фарар му било дозволено да почне со тренинзите од докторот на екипата, Прентис Стефен, кој изјавил: „Здравјето на спортистот е секогаш наш врвен приоритет“.[10]

Достигнувања[уреди]

2002
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски индивидуален национален првак
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски екипен национален првак
1. MaillotUSA.PNG Јуниорски олимписки спринтерски национален првак
1. Жолта маичка Краен пласман Тур л’Абитиби
1. Етапа 4
1. Жолта маичка Краен пласман Три дена Аксел
2004
1. Етапа 7 Тур де л’Авенир
2005
1. MaillotUSA.PNG Национален првак во критериум
1. Етапа 2 Тур де л’Авенир
2007
1. Етапа 2 Кореиос де Португал
9. Курне-Брисел-Курне
2008
1. Жолта маичка Краен пласман Трка околу Бахами
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур ду Поату-Шарент
4. Унивест Гран при
5. Париз-Тур
6. Меѓународно првенство Филаделфија
9. Гран при д’Исберг
2009
1. Жолта маичка Краен пласман Сиркут Валони-Пикард
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Зелена маичка Бодовен пласман
1. Жолта маичка Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Пролог
1. Зелена маичка Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
Енеко Тур
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Ватенфал Класик
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. Етапа 11 Вуелта а Еспања
2010
1. Жолта маичка Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Зелена маичка Бодовен пласман
Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 10
Вуелта а Еспања
1. Етапа 5
1. Етапа 21
1. Етапа 3A Три дена Де Пане
1. Ватенфал Класик
1. Шелдепрејс
2. ГП Уест-Франција
3. Омлоп Хет Ниувсблад
5. Трка околу Фландрија
9. Гент-Вевелгем
2011
Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
1. Трофео Палма де Мајорка
1. Трофео Кала Милор
3. Дварс дор Вландерен
3. Гент-Вевелгем
4. Курне-Брисел-Курне
10. Светско друмско првенство UCI
2012
САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
2. Краен пласман, Трка околу Катар
1. Етапа 2 (ТТТ)
2. Гроте Шелдепрајс
5. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
2013
1. Етапа 4 Трка околу Калифорнија
2. Трофео Палма де Мајорка
2. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
3. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 3
4. Париз-Тур
6. Шелдепрејс

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро СО СО СО СО
Jersey yellow.svg Тур 151 СО 159 151
Jersey red.svg Вуелта СО 142 СО 124

СО = се откажал

Рекламирање[уреди]

Фарар се појавувал на воведните најави за утринската временска прогноза на ITV London. Прогнозите биле спонзорирани од Transitions Lenses, кој исто така е спонзор и на тимот на Фарар.[11][12]

Наводи[уреди]

  1. Тим Гармин-Шарп-Баракуди го обелодени составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. Џиро д’Италиа 2010: Тајлар Фарар ја заврши етапата откако го преземе водството од светскиот шампион Кадел Еванс Телеграф, 9 мај 2010
  3. „Тајлер Фарар почестен од градот Гент“. 22 февруари 2012. http://www.bikeworldnews.com/2012/02/22/tyler-farrar-honored-city-ghent-belga/. 
  4. „Џиро му оддава почит на Вајлант со неутрална етапа“. http://velonews.competitor.com/2011/05/news/giro-honors-weylandt-with-neutral-stage-peloton-vows-to-race-wednesday_172304. 
  5. „Тајлер Фарар спринташе до победа на третата етапа“. „Гардијан“. 4 јули 2011. http://www.guardian.co.uk/sport/2011/jul/04/tour-de-france-2011-tourdefrance. конс. 4 јули 2011. 
  6. „Fourth Tour Crash for Farrar“. Cycling Weekly, 6 јули 2012. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/tour-de-france/533760/fourth-tour-crash-for-farrar.html. 
  7. Питер Химас. „Фарар победи на воведната етапа во Теларајд“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  8. Pat Malach. „Фарар спринтал за победа на етапата 5 во Колорадо“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  9. Farrar’s worlds’ preparation affected by Tour of Britain concussion“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 10 септември (конс. 17 октомври 2012).
  10. Шејн Стоукс. „Farrar fully recovered from concussion and given green light to resume training“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 17 октомври 2012 (конс. 17 октомври 2012).
  11. Спонзорство The Inner Ring, 12 март 2010
  12. Тајлер Фарар реклами Bike Radar

Надворешни врски[уреди]