Метју Гос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Метју Гос

Гос на Џејко Беј Критс 2013
Лични податоци
Цело име Метју Харли Гос
Прекар Госи, Шефот (The Boss)
Роден 5 ноември 1986 (1986-11-05) (28 г.)
Лонсестон, Тасманија, Австралија
Висина 1,77[1]
Маса 70 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Друмски велосипедист
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2006 South Australia.com-AIS
Професионални клубови
2007–2009
2010–2011
2012–
Тим ЦСЦ
Тим ХТЦ-Колумбија
ГринЕЏ
Значајни победи
;Друмски

Гранд Тур

Тур де Франс
1 ТТТ (2013)
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2010, 2012)
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2010)

Еднодневни трки и класици

Милано-Сан Ремо (2011)
ГП Уест-Франција (2010)
Париз-Брисел (2009)
Велодромски
Jersey rainbow.svg Светски првак во екипна потера (2006)
MaillotAustralia.PNG Национален првак во екипна потера (2005, 2006)
Последна промена
8 октомври 2014

Метју Харли Гос (англиски: Matthew Harley Goss; р. 5 ноември 1986) — австралиски професионален друмски и велодромски велосипедист и моментално вози за UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[2] Првично настапувал во велодромскиот велосипедизам пред да се префрли на друмскиот. Го освоил златниот медал во екипна потера на Светските велодромски првенства UCI 2006 и второто место на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011. Исто така ги има освоено ГП Уест-Франција 2010, Милано-Сан Ремо 2011, како и две етапи на Џиро д’Италија, помеѓу другите победи.

Кариера[уреди]

Гос најпрвин започнал со велодромскиот велосипедизам. Освоил бронзен медал во екипен пласман на Светското велодромско првенство во Лос Анџелес во 2005, заедно со Ешли Хачинсон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ. Потоа, следната година го освоил златниот медал во Бордо со Питер Досон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ.

Напоредно со успесите на велодромите, тој ја започнал и неговата кариера во друмскиот велосипедизам со австралиската екипа Southaustralia.com-AIS, која учествувала во бројни трки, кои биле наменети за велосипедисти помлади од 23 години, вклучувајќи ги Либерасион ГП и Трката околу регионите.

Во 2007, станал професионалец со Тим ЦСЦ. Во првите две години како професионалец, освоил две етапи на Трката околу Британија, една во 2007 и една во следното издание и две етапи на Хералд Сан Тур во 2008. Гос завршил втор на Меѓународното првенство Комерцбанк и трет на Делта Профронде. Со ЦСЦ, исто така го освоил екипниот хронометар Ејндховен 2008, екипниот хронометар во UCI ProTour, вклучен во календарот.

На овие трки станал познат по неговата карактеристична брзина, но исто така ги покажал и квалитетите во другите дисциплини, докажувајќи се силен на калдрмата, завршувајќи трет на полукласичната белгиска трка Курне-Брисел-Курне во 2008, потврдувајќи се во 2009 со освојувањето на Париз-Брисел, две етапи на Трката околу Валонија и завршувајќи трет на Гент-Вевелгем.

Метју Гос, освојувајќи го Заливскиот класик во 2011

2010[уреди]

Во 2010, започнал да вози за Тим ХТЦ-Колумбија. На 16 мај 2010 ја освоил деветтата етапа на Џиро д’Италија[3] и се откажал од трката на 23 мај поради болест. Во август го освоил ГП Уест-Франција, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Исто така, победил во Америка на меѓународното првенство Филаделфија[4] и две етапи на Трката околу Данска.

2011[уреди]

Сезоната 2011 ја започнал во Австралија, победувајќи на критериумот Заливски Класик, со победи во првиот и четвртиот круг и во финалето на сите тасмански екипи. Исто така бил втор на Националното првенство. Ја продолжил неговата победничка серија со класикот Кансер Кансил и првата етапа на Тур Даун Андер, бодовниот пласман и завршувајќи втор во генералниот пласман. Потоа ја остварил неговата најголема победа во кариерата, возбудливиот класик Милано-Сан Ремо 2011. Победата се случила кога го поминал последното искачување на трката со водечката група и го отспринтал Фабијан Канчелара од екипата Леопард Трек за освојување на трката.[5]

На 6 септември 2011, било објавено дека Гос ќе се придружи на екипата ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[6]

2012[уреди]

Во април, Гос го освоил бодовниот пласман на Трката околу Турција.[7] Тој не победил на ниедна етапа, но бил близу на етапата 4, каде Марк Реншо (Рабобанк) го победил на целта за екстремно мала разлика.[8] Тој постигнал победа на Џиро д’Италија, ја освоил третата етапа откако Роберто Ферари предизвикал несреќа, во која голем број велосипедисти паднале на асфалтот, вклучувајќи го возачот на Тим Скај Марк Кевендиш.[9] Се откажал од Џиро откако завршил на шестото место на етапата 13, објаснувајќи дека сака да се подготви за двете главни цели во сезоната, Тур де Франс и олимписката друмска трка во Лондон.[10] На Тур де Франс 2012, Гос се борел со возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган за зелената маичка, доделувана за најдобар спринтер. Меѓутоа, неговите шанси биле прилични намалени на етапата 12, кога добил казна од 30 бода за опасниот спринт, допирајќи го Саган со неговото лево тркало откако двајцата се бореле до целта.[11] На крај, го освоил третото место во бодовниот пласман зад Саган и Андре Грајпел.[12]

Личен живот[уреди]

Гос го поддржува развојот на младинците и ги помага програмите на велосипедските екипи во неговата држава, каде тој израснал и ги стекнал велосипедските вештини како јуниор и постепено ја презел улогата на советник на менаџерскиот комитет и екипен амбасадор на велосипедската екипа RECAB во Тасманија од 2009.

Гос се појавил на рекламни паноа во Австралија за Тошиба со колегите од Комонвелтските игри 2006.

Живее во Монте Карло, Монако.[13]

Достигнувања[уреди]

2004
1. Jersey rainbow.svg Светски првак во екипна потера под 19 години
1. Jersey rainbow.svg Светски медисон првак под 19 години
2005
1. MaillotAustralia.PNG Национален првак во екипна потера
1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
2006
1. Jersey rainbow.svg Светски првак во екипна потера
1. MaillotAustralia.PNG Национален првак во екипна потера
1. ГП Либерационе
1. Етапа 1 Џиро деле Реџионе
1. Етапа 2 Вуелта а Навара
1. Етапа 3 Вуелта а Навара
1. Етапа 3 Џиробио
2. Silver medal blank.svg Екипна потера Комонвелтски игри 2006
2007
1. Етапа 3 Трка околу Британија
1. Екипен хронометар Ајндховен
3. Делта Профронд
2008
1. Етапа 2 Трка околу Британија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Хералд Сан Класик
1. Етапа 1 Хералд Сан Тур
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Курне-Брисел-Курне
2009
1. Париз-Брисел
Трка околу Валонија
1. Етапа 3
1. Етапа 5
3. Гент-Вевелгем
2010
1. Етапа 9 Џиро д’Италија
1. ГП Уест-Франција
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Меѓународно првенство Филаделфија
1. Етапа 1 Трка околу Данска
2011
1. Милано-Сан Ремо
1. Етапа 3 Париз-Ница
1. Етапа 8 Трка околу Калифорнија
1. Етапа 2 Трка околу Оман
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Заливски класик
1. Етапа 1
1. Етапа 4
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство UCI 2011
2012
1. Етапа 3 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Бодовен пласман Трка околу Турција
2013
1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2. Кансер Кансил Хелплајн Класик
2014
1. Етапа 2 Беј Класик Серија

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Метју Гос“. „Орика-ГринЕЏ“. GreenEDGE Cycling. http://www.greenedgecycling.com/team/matthew-goss. конс. 3 јануари 2014. 
  2. „Орика-ГринЕЏ (OGE) - АВС“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/2997. конс. 3 јануари 2014. 
  3. Метју Гос од ХТЦ-Колумбија ја освои етапата 9 со спринт на Џиро д’Италија 2010; Винокуров остана во водство“, „VeloNews.com“, 17 мај 2010 (конс. 24 јули 2011).
  4. Фратини, Кирстен. „Гос стана лидер во Филаделфија“, „Cyclingnews“, 5 јуни 2010 (конс. 24 јули 2011).
  5. Milan-San Remo 2011: Matt Goss outsprints Fabian Cancellara to win opening one-day spring classic“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited 2012, 20 март 2011 (конс. 17 август 2012).
  6. Мекграт, Енди. „Гос потпиша за ГринЕЏ“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 6 септември 2011 (конс. 8 мај 2012).
  7. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  8. Џејмс Фиш. „Renshaw Edges Goss by Razor-Thin Margin in Tour of Turkey Stage Four“, „TheEpochTimes“, TheEpochTimes, 29 април 2012 (конс. 17 август 2012).
  9. Даниел Бенсон. „Goss wins crash-marred sprint in Horsens“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 мај 2012 (конс. 17 август 2012).
  10. Бери Рајан. „Гос го напушта Џиро д’Италија со јули во мислите“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 17 август 2012).
  11. Samuel Petrequin. „Tour de France: Goss docked points as Millar wins stage, Wiggins retains yellow jersey“, „The Montreal Gazette“, Canada.com.
  12. Сузан Вестемајер. „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 јули 2012 (конс. 17 август 2012).
  13. http://www.cyclingtribe.com/speaker/main/show/id/10181-Matt-Goss

Надворешни врски[уреди]