Ватенфал Класик 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ватенфал Класик
Светска турнеја UCI 2011, трка 22 од 27
Vattenfall Cyclassics 2011 Sieger Edvald Boasson Hagen.JPG
Боасон Хаген ја прославува неговата победа
Детали за трката
Датум 21 август
Должина 215 km (133.6 mi)
Време 4ч 49' 40" (27,67 mph/44.53 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Едвалд Боасон Хаген (НОР) (Тим Скај)
Втор  Гералд Чолек (ГЕР) (Квик Степ)
Трет  Борут Божич (СЛО) (Вакансолел-ДКМ)
2010
2012

Ватенфал Класик 2011 беше 16. издание на Ватенфал Класик, едновневна велосипедска трка. Се одржа на 21 август 2011, на растојание од 215 километри, почнувајќи и завршувајќи во Хамбург, Германија. Тоа беше 22. настан во сезоната на Светската турнеја.

Свеж од неговата победа на Енеко Тур една недела пред Класик, возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген – кој, во 2010, беше втор по Тајлер Фарар, кој избра да се натпреварува во конкурентната Вуелта а Еспања во 2011 – ја однесе победата во завршниот спринт од голема група на возачи.[1] Боасон Хаген нападна на 250 метри пред крајот,[2] и го помина Гералд Чолек, кој го зема второто место за Квик Степ, додека Борут Божич го комплетираше подиумот за Вакансолел-ДКМ.[3]

Резултати[уреди]

[4]

Место Велосипедист Тим Време Светска турнеја UCI
Бодови[5]
1  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 4ч 49' 40" 80
2  Гералд Чолек (ГЕР) Квик Степ и.в. 60
3  Борут Божич (СЛО) Вакансолел-ДКМ и.в. 50
4  Симоне Понци (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в. 40
5  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мувистар Тим и.в. 30
6  Јирген Рулантс (БЕЛ) Омега Парма-Лото и.в. 22
7  Сајмон Кларк (АВС) Астана и.в. 14
8  Мануел Антонио Кардосо (ПОР) Тим РадиоШек и.в. 10
9  Грега Боле (СЛО) Лампре-ИСД и.в. 6
10  Михел Кредер (ХОЛ) Гармин-Сервело и.в. 2

Наводи[уреди]

  1. Боасон Хаген победи на Ватенфал Класик“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 21 август 2011 (конс. 22 август 2011).
  2. Тарнер, Џонатан. „Боасон Хаген ги победи ривалите“, „Sky Sports“, British Sky Broadcasting, 21 август 2011 (конс. 22 август 2011).
  3. Галагер, Брендан. „Тим Скај победи и на Вуелта а Еспања и на Ватенфал Класик во Хамбург“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 21 август 2011 (конс. 22 август 2011).
  4. Боасон Хаген победи на Ватенфал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2011 (конс. 22 август 2011).
  5. Бодовна поделба