Јурген ван ден Брук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јурген ван ден Брук

Ван ден Брук на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Јурген ван ден Брук
Прекар VDBke, JVDB
Роден 1 февруари 1983 (1983-02-01) (31 г.)
Херенталс, Белгија
Висина 1,83 м[1]
Маса 68 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Белисол
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за планини
Професионални клубови
2004–2006
2006–
Дискавери Канал
Давитамон-Лото
Значајни победи
Критериум ду Дофине, 1 етапа
Последна промена
13 октомври 2014

Јурген ван ден Брук (холандски: Jurgen Van Den Broeck; р. 1 февруари 1983 во Херенталс) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Белисол.[2] Тој е специјализиран за хронометри, станувајќи светски јуниорски првак во хронометар во 2001. Формата најпрвин прикажана на помалите етапни трка, како што се Тур де Романди и Енеко Тур, подоцна била потврдена и со завршувањето во првите десет возачи на сите три Гранд Тур трки: Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања.

Велосипедска кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Ван ден Брук го освоил светското јуниорско првенство во хронометар во 2001 и го направил неговото прво деби како професионалец во 2003 како практикант за екипата Квик Степ-Давитамон-Латексо.

УС Постал/Дискавери: 2004-2006[уреди]

Меѓутоа, наместо да остане во Белгија, тој потпишал со американската екипа Американска пошта п/б Бери Флор на Ленс Армстронг за неговата прва целосна сезона како професионалец во 2004. Неговиот единствен забележан резултат таа година било шестото место во крајниот пласман на Трката околу Белгија.

Ван ден Брук останал со екипата на Јохан Брујнел во 2005, кога Дискавери Ченел го презел спонзорството и продолжил со Американците во 2006, откако Армстронг се пензионирал. Во текот на тој период, тој завршил на подиум во етапи на Трката околу Германија и Трката околу Белгија (каде исто така го освоил и планинскиот пласман) и влегол во првите 20 возачи во генералниот пласман на Тур де Романди. Меѓутоа, во јуни, Ван ден Брук ја објавил намерата дека сака да се врати во Белгија, кога се согласил со двегодишен договор со тогашната екипа Давитамон, која подоцна била преименувана како Предиктор-Лото во 2007. Следниот месец Ван ден Брук ја забележал неговата прва победа како професионалец, освојувајќи ја Шрик-Дерни во Белгија пред Ервин Вервекен и идниот велокрос светски првак Нилс Албер.[3] (Претходни победници биле Ник Нијенс, Дејв Брулантс, Жо Планкерт и Свен Нис).[4]

Лото: 2007-денес[уреди]

Ван ден Брук на Енеко Тур 2009

Со само 24 години, Ван ден Брук успеал да заврши во првите 10 возачи во генералниот пласман на Енеко Тур 2007 со неговата нова екипа, иако тој исто така го освоил и бронзениот медал на белгиското национално хронометарско првенство.[5] По завршувањето на неговиот прв Гранд Тур на анонимното 74-то место на Џиро д‘Италиа 2007, Ван ден Брук конечно покажува дека има талент како етапен тркач, кога се враќа следната година во Италија и доаѓа до седмото место во генералниот пласман на Џиро д‘Италиа 2008.

Покажувајќи извонредна форма на Тур де Франс 2009, Ван ден Брук се искачувал со лидерите низ Алпите. И иако тој имал страшна несреќа на четвртата етапа и загубил повеќе од шест минути, неговата постојаност го довела до 15-то место во генералниот пласман и на деветто место во пласманот за точкастата маичка. Бидејќи резултати дошле на крајот на договорот на Сајленс-Лото со Кедел Еванс, белгиската екипа решила дека Ван ден Брук е доволно способен и сигурен да стане нивниот лидер за генерален пласман.

Така, следната сезона тој вози за важното и сè уште изненадувачко петто место на Тур де Франс 2010, станувајќи првиот Белгиец во првите пет возачи од Клод Крикелион во 1986. По Тур де Франс, Ван ден Брук освоил два критериуми: еден во Пер и другиот во неговиот роден град Херенталс.

На Тур де Франс 2011, по поттикнувачката прва недела и целта за подиум во генералниот пласман, Ван ден Брук ја напуштил трката заедно со другата надеж за генерален пласман, Александар Винокуров, по масовната и спектакуларна спуст-несреќа, која му нанела пневмоторакс, скршени ребра и фрактура на рамото.[6] Меѓутоа, Ван ден Брук не се заплашил и се повратил од неговите повреди на време за да учествува на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил осми во генералниот пласман.

Во 2012, Ван ден Брук завршил трет на Волта а Каталуња и петти на Критериум ду Дофине, покажувајќи добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На етапата 7 на Тур де Франс, Ван ден Брук изгубил над две минути откако се здобил со пукање на гумата. Меѓутоа, Ван ден Брук потоа ја покажал неговата одлична форма на планините и се сместил на четвртото место во генералниот пласман на крајот на трката.

Во 2013, Ван ден Брук го напуштил Тур де Франс 2013 по падот на петтата етапа.

Достигнувања[уреди]

2001
Arc en ciel.svg Светски јуниорски хронометарски првак
2002
1. Краен пласман Трка околу Лимбург
2003
1. Зелик-Галмарден
2. ГП Истра 1
2. ГП Крка
2. Национално хронометарско првенство
2004
5. Краен пласман Редландс Класик
6. Краен пласман Трка околу Белгија
2005
8. Краен пласман Енеко Тур
2006
8. Курне-Брисел-Курне
2007
3. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Енеко Тур
2008
7. Краен пласман Џиро д’Италија
2009
1. Критериум Херенталс
4. Краен пласман Енеко Тур
2010
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум ду Дофине
4. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Трка околу Баскија
2011
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
2012
3. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
5. Краен пласман Критериум ду Дофине
10. Краен пласман Флеш Валон
2013
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Тур де Сан Луис
7. Краен пласман Тур де Романди
9. Краен пласман Волта а Каталуња
2014
3. Краен пласман Критериум ду Дофине

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 74 7
Jersey yellow.svg Тур 15 4 СО 4 СО 13
Jersey red.svg Вуелта 8 СО СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]