Прејди на содржината

Светска турнеја на UCI 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светска турнеја на UCI 2020
Дванаесетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми21 јануари – 8 ноември
МестаАвстралија, Европа и Среден Исток
Трки21
2019
2021


Светска турнеја на UCI 2020 — низа трки предвидени во сезоната 2020, кои првично вклучувале триесет и шест друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2020.[1] Меѓутоа, некои од нив биле откажани поради избувот на коронавирусот ковид-2019 во светот.[2] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 21 јануари[1] и завршило со последната етапа на Вуелта а Еспања на 8 ноември.[3][4]

Календарот за 2020 бил првично објавен во јуни 2019 година.[1] Во октомври 2019 година, календарот бил официјално претставен од UCI.

Имало две промени од Светска турнеја 2019, обете отстранувања од календарот.

Поради пандемијата на коронавирусот која се појавила пролетта, бројни трки биле одложени, вклучувајќи ги сите три големи трки и четири од петте годишни монументи. Поради тоа, организаторите на трките побарале нови датуми од Меѓународниот велосипедистички сојуз за многу од овие трки. На 5 мај 2020 година бил објавен нов ревидиран календар од UCI, па така 25 трки ќе бидат одржани помеѓу 1 август и 8 ноември; неколку трки се предвидени да се поклопат, како што се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[7] Од овие 25, Трката околу Франкфурт и Јуроајс Класик требале да добијат потврдени датуми во календарот.[8] Други измени во календарот биле направени во јуни, кога уште две трки биле откажани, неколку други добиле нови датуми, а Јуроајс Класик бил закажан за октомври.[3]

Трки во Светската турнеја на UCI 2020[1][3][8]
Трка Датум Победник Втор Трет
Австралија Тур Даун Андер 21–26 јануари  Ричи Порт (АВС)  Диего Улиси (ИТА)  Зимон Гешке (ГЕР)
Австралија Голема океанска друмска трка 2 февруари  Дрис Девенинс (БЕЛ)  Павел Сиваков (РУС)  Дарил Импи (ЈАР)
ОАР Трка ОАЕ 23-27 февруари[б 1]  Адам Јејтс (ВБР)  Тадеј Погачар (СЛО)  Алексеј Луценко (КАЗ)
Белгија Омлоп Хет Ниусблад 29 февруари  Јаспер Стејвен (БЕЛ)  Ив Ламперт (БЕЛ)  Серен Краг Андерсен (ДАН)
Франција Париз-Ница 8–14 март[б 2]  Максимилијан Шахман (ГЕР)  Тиш Бенот (БЕЛ)  Серхио Игита (КОЛ)
Италија Страде Бјанке 1 август[б 3]  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Давиде Формоло (ИТА)  Максимилијан Шахман (ГЕР)
Полска Трка околу Полска 5–9 август[б 4]  Ремко Евенепул (БЕЛ)  Јакоб Фуглсанг (ДАН)  Сајмон Јејтс (ВБР)
Италија Милано-Санремо 8 август[б 5]  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Жилијан Алафилип (ФРА)  Мајкл Метјус (АВС)
Франција Критериум ди Дофине 12–16 август[б 6]  Даниел Мартинес (КОЛ)  Тибо Пино (ФРА)  Гијом Мартен (ФРА)
Италија Џиро ди Ломбардија 15 август[б 7]  Јакоб Фуглсанг (ДАН)  Џорџ Бенет (НЗЛ)  Александар Власов (РУС)
Франција Класик Бретања 25 август[б 8]  Мајкл Метјус (АВС)  Лука Мезгец (СЛО)  Флоријан Сенешал (ФРА)
Франција Тур де Франс 29 август– 20 септември[б 9]  Тадеј Погачар (СЛО)  Примож Роглич (СЛО)  Ричи Порт (АВС)
Италија Тирено-Адријатико 7–14 септември[б 10]  Сајмон Јејтс (ВБР)  Герајнт Томас (ВБР)  Рафал Мајка (ПОЛ)
Белгија[б 11] БинкБенк Тур 29 септември – 3 октомври[б 12]  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Серен Краг Андерсен (ДАН)  Штефан Кинг (ШВА)
Белгија Флеш Валон 30 септември[б 13]  Марк Хирши (ШВА)  Беноа Конфруа (ФРА)  Мајкл Вудс (КАН)
Италија Џиро д’Италија 3–25 октомври[б 14]  Тео Гејган Харт (ВБР)  Џеј Хиндли (АВС)  Вилко Келдерман (ХОЛ)
Белгија Лиеж-Бастоњ-Лиеж 4 октомври[б 13]  Примож Роглич (СЛО)  Марк Хирши (ШВА)  Тадеј Погачар (СЛО)
Белгија Гент-Вевелгем 11 октомври[б 15]  Мадс Педерсен (ДАН)  Флоријан Сенешал (ФРА)  Матео Трентин (ИТА)
Белгија Трка околу Фландрија 18 октомври[б 15]  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Александер Кристоф (НОР)
Шпанија Вуелта а Еспања 20 октомври – 8 ноември[б 16]  Примож Роглич (СЛО)  Ричард Карапас (ЕКВ)  Хју Карти (ВБР)
Белгија Три дена Брухе-Де Пане 21 октомври[б 17]  Ив Ламперт (БЕЛ)  Тим Деклерк (БЕЛ)  Тим Мерлир (БЕЛ)

Откажани настани

[уреди | уреди извор]

Вкупно петнаесет настани не биле повторно закажани да се одржат во сезоната 2020 или пак биле целосно откажани. Стогодишната Волта а Каталуња (23–29 март),[14] Трка околу Баскија (6–11 април),[15] Тур де Романди (28 април – 3 мај),[16] Тур де Свис (7–14 јуни),[17] и Класика де Сан Себастијан (25 јули) биле откажани пред обновениот календар да биде објавен од UCI.[15] По обновата на календарот во мај, Е3 БинкБенк Класик (27 март)[8] и Класик Лондон-Сари (16 август) биле откажани;[18] при обновата на календарот во јуни, Трката околу Франкфурт (првично закажана за 1 мај) и Дварс дор Вландерен (претходно презакажана за 14 октомври) биле исто така откажани.[3] Во јули, ЈуроАјс Класик (првично закажана за 16 авгист, а потоа презакажана за 3 октомври),[19] и двете канадски трки во Квебек и Монтреал (закажани за 11 и 13 септември) биле откажани.[20]

По започнувањето со трките на 1 август, завршната трка во сезоната Трка околу Гуангси (првично закажана за периодот 15-20 октомври, а потоа закажана за 5-10 ноември) била откажана на 10 август.[4] На 30 септември, дента откако холандските етапи биле отстранети од БинкБенк Тур, Амстел Голд Рејс (првично закажана за 19 април, а потоа презакажана за 10 октомври), била откажана по избувот на нови случаи од коронавирусот во Холандија.[12][21] На 9 октомври, Париз-Рубе (првично закажана за 12 април, а потоа презакажана за 25 октомври) била откажана по растот на случаи на коронавирусот во Франција.[22]

  1. Трката ОАЕ првично била предвидена да трае до 29 февруари, но била откажана по петтата етапа откако двајца учесници биле позитивни на коронавирусот ковид-2019.[9]
  2. Париз-Ница била првично закажана да трае до 15 март, но последната етапа била откажана поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.[10]
  3. Страде Бјанке била првично закажана за 7 март, но била одложена поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  4. Трката околу Полска била првично закажано да се одржи од 5 до 11 јули.
  5. Милано-Санремо бил првично закажан за 21 март, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  6. Критериум ди Дофине бил првично закажан да се одржи од 31 мај до 7 јуни, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.
  7. Џиро ди Ломбардија бил првично закажан за 10 октомври. Трката првично била презакажана за 31 октомври при промената на календарот во мај, а подоцна на 15 август со обновувањето на календарот во јуни.
  8. Класик Бретања бил првично закажан за 23 август, но бил префрлен бидејќи датумот бил подоцна одреден за државното првенство.
  9. Тур де Франс бил првично закажан да се одржи од 27 јуни до 19 јули, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.[11]
  10. Тирено-Адријатико бил првично закажан да се одржи од 11 до 17 март, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  11. Холандските етапи на БинкБенк Тур биле откажани поради избув на нови случаи на пандемијата на коронавирус во Холандија 2020.[12]
  12. БинкБенк Тур бил првично закажан да се одржи од 31 август до 6 септември.
  13. 13,0 13,1 Флеш Валон (22 април) и Лиеж-Бастоњ-Лиеж (26 април) биле префрлени откако биле одложени поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020.
  14. Џиро д’Италија бил првично закажан да се одржи од 9 до 31 мај, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  15. 15,0 15,1 Гент-Вевелгем (29 март), Дварс дор Вландерен (1 април) и Трка околу Фландрија (5 април) првично предвидено да се одржат во октомври, откако биле одложени поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020. Дварс дор Вландерен на крајот бил откажан во јуни.
  16. Вуелта а Еспања била првично закажана да се одржи од 14 август до 6 септември. Воведните три етапи на трката, кои требало да се одржат во Холандија, биле откажани; намалувајќи ја трката на 18 етапи.[13]
  17. Три дена Брухе-Де Пане биле првично закажани за 25 март, но била одложена поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020.
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „UCI reveals the calendars for the 2020 UCI WorldTour and UCI Women's WorldTour“. UCI. Посетено на 10 октомври 2019.
  2. „Calendrier International UCI / UCI International Calendar - Route / Road - Situation dans le contexte actuel de la pandémie du coronavirus (Covid-19) / Situation in the current context of the coronavirus (Covid-19) pandemic“ (PDF). UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. 31 март 2020. Посетено на 1 април 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Il Lombardia moves to August 15 in revised 2020 calendar“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 јуни 2020. Посетено на 12 јуни 2020.
  4. 4,0 4,1 „Tour of Guangxi cancelled due to coronavirus pandemic“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 August 2020. Посетено на 10 August 2020.
  5. „Tour de France a week earlier in 2020, Turkey out of WorldTour“. 26 јуни 2019.
  6. „Amgen Tour of California placed on hiatus for 2020“. Los Angeles Times. 30 октомври 2019.
  7. „Tour de France to start in August as Giro & Vuelta overlap“. BBC Sport. BBC. 5 May 2020. Посетено на 5 May 2020.
  8. 8,0 8,1 8,2 „The UCI unveils the revised 2020 calendars for the UCI WorldTour & UCI Women's WorldTour“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. 5 May 2020. Посетено на 5 May 2020.
  9. „2020 UAE Tour's remaining rounds cancelled after two coronavirus cases confirmed“. WAM.ae. Emirates News Agency. 28 февруари 2020. Посетено на 28 февруари 2020.
  10. „Coronavirus: Paris-Nice race to finish on Saturday“. BBC Sport. BBC. 13 март 2020. Посетено на 13 март 2020.
  11. „Tour de France to go ahead at end of August after coronavirus delay“. BBC Sport. BBC. 15 April 2020. Посетено на 16 April 2020.
  12. 12,0 12,1 „Dutch BinckBank Tour stages cancelled due to coronavirus surge“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 September 2020. Посетено на 30 September 2020.
  13. „La Vuelta 20 will consist of 18 stages and will take off from the Basque Country“. Вуелта а Еспања. Unipublic. 29 April 2020. Посетено на 5 May 2020.
  14. Fletcher, Patrick (27 April 2020). „No room for Volta a Catalunya in revised 2020 calendar“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 April 2020.
  15. 15,0 15,1 „Clásica San Sebastián, Tour of Basque Country cancelled for 2020“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 April 2020. Посетено на 29 April 2020.
  16. Farrand, Stephen (16 March 2020). „Coronavirus: Race cancellations expand into late April and May“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 March 2020.
  17. „Coronavirus: 2020 Tour de Suisse cancelled“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 April 2020. Посетено на 3 April 2020.
  18. Ballinger, Alex (20 May 2020). „RideLondon 2020 has been cancelled“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 20 May 2020.
  19. „Cyclassics Hamburg cancelled due to coronavirus“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 July 2020. Посетено на 20 July 2020.
  20. Ryan, Barry (23 July 2020). „Québec and Montréal GPs cancelled due to coronavirus“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 July 2020.
  21. „Amstel Gold races cancelled due to Dutch coronavirus restrictions“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 September 2020. Посетено на 30 September 2020.
  22. Fletcher, Patrick (9 October 2020). „Paris-Roubaix cancelled after COVID-19 cases rise in northern France“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 October 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]