Дарил Импи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарил Импи

Импи на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело име Дарил Импи
Роден 6 декември 1984 (1984-12-06) (29 г.)
Јоханесбург, Јужна Африка
Висина 1,81 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Друмски велосиепдист
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2008–2009
2010
2011
2011
2012–
Барловорлд
Тим РадиоШек
МТН Кубека
Тим НетАп
ГринЕЏ
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 ТТТ етапа (2013)

Етапни трки

Трка околу Турција (2009)
Трка околу Алберта (2014)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2011, 2013, 2014)
Последна промена
18 септември 2014

Дарил Импи (англиски: Daryl Impey; р. 6 декември 1984 во Јоханесбург) — јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[1] Во 2010 возел за Тим РадиоШек.[2] Негова најголема победа била на Трката околу Турција 2009, и покрај контроверзниот инцидент, кога тој бил отфрлен во бариерите од Тео Бос.[3]

Првично, Импи за 2011 потпишал со австралиската екипа Пегасус, но бил присилен да бара друга екипа, откако Пегасус не успеал да добие лиценце од UCI.[4] По возењето за МТН Кубека и Тим НетАп во 2011, Импи му се приклучил на ГринЕЏ за првата сезона на екипата во 2012.[1] Тој освоил етапа на Трката околу Баскија во април оваа година, пред да го направи своето деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија во мај.[5] Во 2013 станал првиот јужноафрикански предводник на Тур де Франс.[6]

Во јули 2014 година, Импи објавил дека се покажал позитивен на забранетото средство пробенецид на јужноафриканските друмски првенства во февруари, иако отфрлил било какви престапки.[7] Импи подоцна бил прогласен за виновен од обвиненијата на сослушувањето во август 2014 година, на кое било прифатено неговото објаснување дека пробенецидот влегол во неговиот систем преку капсули кои ги купил од аптека.[8] По неговото враќање, ја освоил Трката околу Алберта со една секунда предност благодарение на победата во последната етапа, која му донеле доволно бонус секунди да ја освои трката пред Том Димулен.[9] Импи ја потврдил неговата добра форма неколку денови подоцна, завршувајќи на четвртото место на Гран при Квебек.[10]

Достигнувања[уреди]

2004
1. Етапа 5 Џиро дел Капо
6. Краен пласман Трка околу Тунис
2006
3. Африкански хронометарски првенства
2007
Џиро дел Капо
1. Пролог
1. Етапа 2
1. Етапа 10 Тур ду Марок
7. Дом2Дом Сајклинг Спектакулар
2008
1. Етапа 6 Хералд Сан Тур
6. Меморијал Вивијана Мансервиси
9. Светски Вју Челинџ 1
9. Светски Вју Челинџ 2
2009
1. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 4
2. Национално друмско првенство
3. Џиро дел Капо II
7. Џиро дел Капо IV
2011
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур ду Марок
1. Етапа 7
3. Краен пласман Трка околу Јужна Африка
9. Краен пласман Трка околу Азербејџан
2012
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 2 Трка околу Словенија
2013
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 2 Трка околу Баварија
Тур де Франс
1. Етапа 4 (ТТТ)
2. Светско првенство во екипен хронометар
5. Краен пласман Енеко Тур
5. Вуелта а Ла Риоха
2014
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 3 Трка околу Баварија
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 5
2. Национално друмско првенство
4. Гран при Квебек
7. Краен пласман Тур Даун Андер

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 ГринЕЏ го добива Импи и Мајер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 октомври 2011 (конс. 1 јануари 2012).
  2. Импи му се придружил на Армстронг во РадиоШек
  3. UCI го казни Тео Бос по несреќата на Импи
  4. „Импи и Ван Голен пронајдоа нови екипи“. Velonation.com. 25 јануари 2011. http://www.velonation.com/News/ID/7208/Impey-and-Van-Goolen-find-new-teams.aspx. 
  5. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  6. Импи стана првиот Јужноафриканец во жолта маичка, cyclingnews.com
  7. „Дарил Импи: Јужноафриканскиот велосипедист падна на допинг тест“. 2 јули 2014. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/28127539. конс. 2 јули 2014. 
  8. „Дарил Импи: Јужноафриканскиот велосипедист прогласен за невин“. 29 август 2014. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/28978636. конс. 30 август 2014. 
  9. Пет Малак. „Impey wins Tour of Alberta“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 септември 2014 (конс. 11 септември 2014).
  10. Геранс го освои Гран при Квебек“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 септември 2014 (конс. 12 септември 2014).

Надворешни врски[уреди]