Јохан Вансумерен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јохан Вансумерен

Вансумерен на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Јохан Вансумерен
Прекар Суми[1]
Роден 4 февруари 1981 (1981-02-04) (33 г.)
Ломел, Белгија
Висина 1,97 м
Маса 76 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2004
2005–2009
2010–
Релакс-Бодисол
Давитамон-Лото
Гармин-Транзишанс
Значајни победи
Париз-Рубе (2011)
Jersey yellow.svg Трка околу Полска (2007)
Jersey green.svg Бодовен пласман
Трка околу Британија (2006)
Последна промена
8 јануари 2014

Јохан Вансумерен (холандски: Johan Vansummeren; р. 4 февруари 1981 во Ломел) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[2][3]

Улогата на Вансумерен е главно како помошник, меѓутоа на класиците настапува самостојно и како предводник на својата екипа.[4] Во 2011, Вансумерен ја освоил најголемата трка во неговата кариера со победата на Париз-Рубе. Вансумерен го направил победничкиот потег по одвојувањето од другите тројца возачи на 15 километри пред крајот, одржувајќи ја разликата на 19 секунди на велодромот во Рубе.[5][6] Ја освоил трката и покрај тоа што завршните пет километри од трката ги поминал со дупната задна гума.[5] Вансумерен е роден, пораснал и живее во Ломел, Фландрија, Белгија.[2] Со 1,97 метри, Вансумерен е меѓу највисоките велосипедисти во групата.

Достигнувања[уреди]

2003
1. Лиеж-Бастон-Лиеж за под 23 години
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство за под 23 години
3. Краен пласман Бевербек Класик
2004
10. ГП Еди Меркс
2005
4. Краен пласман Тур Даун Андер
2006
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Трка околу Британија
2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 7
1. Етапа 1б (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационале Копи-Бартали
2008
8. Париз-Рубе
17. Амстел Голд Рејс
2009
5. Париз-Рубе
12. Краен пласман Тирено-Адријатико
2011
1. Париз-Рубе
1. Дуо Норман (со Томас Декер)
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
9. Париз-Рубе
10. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 136 109 62 86 90 29 147
Jersey red.svg Вуелта 35 70 79 88

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Декалуве, Брехт. „Двојна прослава за Вансумерен на Париз-Рубе“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 април 2011 (конс. 11 април 2011).
  2. 2,0 2,1 Профил на Јохан Вансумерен“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  3. „Гармин-Шарп (GRS) – САД“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(w5xmkdwzp1ikhgqxfrrp2qvv))/Teams/detail/en/ROA/3011. конс. 2 јануари 2014. 
  4. Декалуве, Брехт. „Двојна прослава за Ван Сумерен на Париз-Рубе“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 април 2011 (конс. 11 април 2011).
  5. 5,0 5,1 Вансумерен го освои Париз-Рубе“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 10 април 2011 (конс. 11 април 2011).
  6. Меклери, Џон. „Јохан Вансумерен победи пред Фабијан Канчелара“, „Дејли Телеграф“, Telegraph Media Group, 10 април 2011 (конс. 11 април 2011).

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Штефан Шумахер
Трка околу Полска
2007
Наследник
Јенс Фојгт
Претходник
Фабијан Канчелара
Победник на Париз-Рубе
2011
Наследник
Том Бонен