Андреј Амадор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андреј Амадор

Амадор на Тур де Романди 2009
Лични податоци
Цело име Андреј Амадор Биказакова
Роден 29 август 1986 (1986-08-29) (27 г.)
Сан Хозе, Костарика
Висина 1,80 м
Маса 73 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2005–2006
2006
2007–2008
БКР-Пица Хат-КХС
Виња Мања-Кропу
Лицарте
Професионални клубови
2009– Кејс д’Епарњ
Значајни победи
Џиро д’Италија
1 етапа (2012)
Последна промена
22 ноември 2013

Андреј Амадор Биказакова (шпански: Andrey Amador Bikazakova; р. 29 август 1986 во Сан Хозе) — костарикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1] Неговата прабаба од таткова страна е Шпанка, додека неговата мајка е Русинка, имигрант која пристигнала во земјата откако го сретнала и се омажила за неговиот татко, Костариканец. Започнал со велосипедизам на возраст од 20 во 2006.[2] Амадор бил избран да го носи знамето за Костарика на церемонијата за отворање на Панамериканските игри 2011.[3] Најголема специјалност на Амадор е искачувањето, но исто така тој е добар спустач. Тој е првиот Костариканец кој некогаш возел на Тур де Франс. Во 2012, Амадор ја освоил планинската етапа 14 на Џиро д’Италија, каде завршил како 29. во генералниот пласман. Во 2013, завршил на осмото место на Тирено-Адријатико.

Достигнувања[уреди]

2007
1. Етапа 5 Трка околу Навара
2008
1. Пролог Тур де л’Авенир
1. Вуелта ал Бидасоа
2011
4. Вуелта а Ла Риоха
2012
1. Етапа 14 Џиро д’Италија
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2013
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
10. Гент-Вевелгем

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 41 29
Jersey yellow.svg Тур 166 54
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]