Хајле Селасие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хајле Селасие во 1923 г.

Хајле Силасие (гиз: ቀዳማዊ ኃይለ ሥላሴ qädamawi haylä səllasé)[1]цар на Етиопија на 23 јули 1892 г. Роден е како Лиј Тафари Маконен во покраината Харар. Неговиот татко се викал Рас Маконен. Рас е титула исто како принц, кнез и сл. Неговото потекло се врзува за царот Менелик I, кој пак води потекло од библискиот цар Соломон. Со еден збор тафари потекнува од царска лоза. Тафари потекнува од една христијанско-православна фамилија и како таков тој е крстен уште во првиот ден од својот живот. На крштевањето го добива името Хаиле Селасие I. Хајле Селасие во превод знаци сила на светото тројство.

Додека неговиот роднина Менелик I управувал со Етиопија, Селасие бил поставен за гувернер на градот Басо, а со неполни 18 год бил назначен за гувернер на најзначајната област во Етиопија, Харар.

По смртта на царот Менелик на негово место доаѓа неговиот внук Лиј Ијасу. Под притисок на својот татко Рас Михаел, Ијасу започнува да ги проучува исламските обичаи, а ваквата постапка изразила незадоволство кај етиопскиот народ кој е христијански веќе 1600 години. Затоа Ијасу е симнат од престолот, а на негово место доаѓа ќерката на Менелик, Заудиту. Рас Тафари добива малку позначајно место од гувернер. Тој се бори против исламскиот притисок во државата и во 1916 год го поразува Рас Михаел, а во 1921 и неговиот син Ијасу.

Потоа следуваат реформи и Етиопија се издигнува на првото место во Друштвото на народите во Африка (1923). Во 1924 конечно е укината трговијата со робови, а 1928 год Рас Тафари е крунисан за цар (негус). Царицата Заидиту заплашена од големата популарност на Рас Тафари стравува за престолот. Таа ја свртува војската на својот маж против Тафари, но војската е поразена а нејзиниот маж е убиен. Во 1930 Рас Тафари е крунисан за цар под името Хајле Селасие, со титулата Цар на Царевите, Господар на Господарите, Освојувачки лав на племето Јудејско, Избраник од Господ, Светлината на овој свет. Овие епитети наидувале на различни реакции кај луѓето односно светот, зошто како такви му се препишуваат на Спасителот на светот, господ Исус Христос.

Во 1931 година Италија ја колонизира Етиопија и се отвара нова војна. На чело на Етиопија е Селасие и во 1935 тој е приморан да побара помош од Англија. Ова доведува до протест во Друштвото на народите проследен со зборовите: „Иако го потпаливте огнот во Африка, Европа е таа што ќе гори.“ Во 1940-41 Селасие успева да ја ослободи земјата потпомогнат од Англија.

По ослободувањето Етиопија станува членка на Обединетите Нации. Царот донесува нов устав и го стега обрачот во царството. Во 1960 избива неуспешен државен удар. Во 1961 год во Етиопија доаѓа Растафаријанска мисија, а во 1966 год Селасиe оди на Јамајка каде е срдечно дочекан, а тој датум 21 април растафаријанците и денес го слават. Меѓутоа Селасие не ја признавал ниту пак ја поддржувал растафаријанската вера.

Во 1974 год Селасие е приморан да ја предаде власт на воениот комитет. Во 1975 умира. Пред само неколку години се рашири веста низ светот дека Селасие е сурово убиен.

Етиопија до денес останува единствена африканска земја која никогаш не била освоена од никој. Голема заслуга за тоа има и Хајле Селасие кој и денес живее во срцето на секој Раста, како Јах Растафари, цар над царевите.

Меѓу неговите многубројни почести, Хајле Селасие бил и почесен државјанин на СФРЈ.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Gates, Henry Louis and Appiah, Anthony. Africana: The Encyclopedia of the African and African American Experience. 1999, стр. 902.


Шаблон:Emperors of Ethiopia