Друштво на народите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Друштвото на народите (Лига на народи) била меѓународна организација основана за време на Париската мировна конференција по завршувањето на Првата Светска војна. Беше првата постојана меѓународна организација чијашто основна мисија била да одржува мир во светот. Нејзините примарни цели вклучуваа спречување војна преку колективна безбедност и разоружување и решавање на меѓународните спорови преку преговори и арбитража. Други прашања во овој и во други сродни договори вклучувало работни услови, правично постапување со домородното население, трговија со дрога и луѓе, трговија со оружје, глобално здравје, воени заробеници и заштита на малцинства во Европа. Најголемо проширување достигна од 28 септември 1934година до 23 февруари 1935 година, кога имаше 58 членови.

Дипломатската филозофија на Друштвото на народите претставува фундаментална промена на мислења за претходните сто години. Лигата немала свои вооружени сили и зависеше од Големите Сили за спроведување на своите одлуки, да се држи до своите економски санкции, или да обезбеди восјка кога е потребно. Меѓутоа, Големите Сили често се противеа да го направат тоа. Санкции можат да им наштетат на членовите на Друштвото, па затоа тие беа подготвени да се усогласат со нив. За време на Втората италијанско-абисинска војна, Друштвото обвини италијански војници нишанеле на медицински шатори на Црвен Крст, Бенито Мусолини на тоа одговори вака: Друштвото е многу добро кога врапчиња викаат, но не е воопшто добра кога орлите паѓаат.


По одреден број на значајни успеси и некои рани неуспеси во текот на 1920-тите години, се покажа дека Друштвото е неспособно да заштити од агресијата на Сили на Оската во текот на 1930-тите години. Германија се повлече од Друштвото како и Јапонија, Италија, Шпанија и други. Почетокот на Втората светска војна покажа дека Друштвото не успеа во својата примарна цел, а тоа е спречување на идните светски војни. По крајот на Втората светска војна Обединетите Нации (ОН) го замени Друштвото при што наследи неколку организации и агенции основани од него.


Потекло[уреди]

Концептот за мирна заедница на народи беше предложен уште во 1975 година, во делото на Имануел Кант, Вечен Мир: Филозофска скица, кадешто ја истакна идејата за друштво на народи да контролира конфликт и да промовира мир помеѓу државите. Кант ? за основањето на мирна светска заедница, а не во смисла на глобална влада, но со надеж дека секоја држава ќе се прогласи за слободна држава која ги почитува своите граѓани и им посакува добредојде на странските посетители како блиски рационални суштества, со што се промовира мирно општество во целиот свет. Меѓународна соработка за промовирање на колективната безбедност потекнува од Концерт на Европа кој се разви по Наполеоновите војни во 19 век, во обид да се задржи статус кво меѓу европските држави и така да се избегне војната. Во овој период исто така, се забележа развојот на меѓународнот право, со првите Женевски конвенции кои воведоа закони за хуманитарна помош за време на војна и со меѓународните Хашки конвенции од 1899 година и 1907 година кои ги регулираа правилата за војна и мирното решавање на меѓународни спорови.

Мировните активисти Вилијам Рандал Кремер и Фредерик Паси во 1889 година ја формираа Интерпарламентарната унија (ИПУ), која е претходник на Друштвото на народите. Во домен организацијата беше меѓународна, со една третина од членовите на парламентите (во 24 земји кои имаа парламенти) кои служеа како членки на ИПУ од 1914 година. Нејзините цели беа да ги охрабри владите да ги решат меѓународни споровина мирен начин. Беа одржани годишни конференции за да им помогнат на владите да го подобрат постапката за меѓународна арбитража. Структурата на организацијата се состоеше од совет на чело со прецедател, што подоцна се одрази во структурата на Друштвото.

На почетокот на 20-от век, две ПОВЕР БЛОКС произлегоа од сојузништвата на европските Големите Сили. Токму овие сојузништва ,на почетокот на Првата светска војна во 1914 година, ги повлече во конфликт сите поголеми Европски сили. Ова беше првата голема војна во Европа помеѓу индустријализираните земји, а прв пат во Западна Европа каде што последиците од индустријализација (на пример, масовното производство) беа посветени на војна. Резултатот од оваа индустријализирана војна беше на досега невидено ниво на жртви губитоци: осум и половина милион војници загинаа, се проценува дека 21 милион се повредени и околу 10 милиони цивилни жртви.

Се до завршувањето на војната во Ноември 1918 година, таа имаше големо влијание врз социјалните, политичките и економските системи во Европа и нанесе физичка и психичка штета.

Се зголеми анти-воено расположение низ светот; Првата Светска војна беше опишана како "војна за да стави крај на сите војни", а нејзините можни причини беа интензивно истражувани.

Утврдените причини беа трка во вооружување, сојузи, тајна дипломатија, како и слободата на суверени држави да влезат во војна од сопствена корист. Предложено решение беше беше создавањето на меѓународна организација чија цел беше да ги спречи идните војни преку разоружување, отворена дипломатија, меѓународна соработка, ограничувањата на правото за водење војна и казните кои ја направија војната непривлечна.