Растафаријанство
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Растафара движењето е монотеистичко, Авраамско, ново религиозно движење кое проникнува во Христијанската култура во Јамајка во 1930. Приврзаниците чиј култ е Свети Селеси 1-ви од Етиопија, поранешен Император на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974), се наречени Растафариани, или Расти. Движењето понекогаш е и нарекувано “Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката “изам“
Растафара движењето не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е “религија“, туку “Начин на Живеење“.
Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.
Името Растафара е превземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Свети Селеси 1-ви, составено од Амхарик Рас (буквално “Глава“, Етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селеси, Тафари. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селеси 1-ви, поранешниот, и последен, Етиопски Император, е друга инкарнација на Христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селеси 1-ви како Џа или Џа Растафари, кој е второ доаѓање на Исус Христот на Земјата.
Растафара движењето вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на Христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на Месопотамската град-држава). Ја прокламира Африка (исто така наречена “Зајон“) како родно место на човечкиот вид.
Денес, сознанието за Растафара движењето е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на Јамајканскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајканците се идентификуваат како Растафаријани.
Содржина |
Светски гледишта и верувања [уреди]
Бог [уреди]
Растафаријаните се монотеисти, се поклонуваат на еден единствен Бог кој го нарекуваат Џа. Растите го гледаат Џа како битие во форма на Светото Тројство, тоа е, Бог кој е Таткото, Синот и Светиот Дух.Растите велат дека, во форма на Светиот Дух (инкарнацијата), живее меѓу луѓето, и токму затоа тие често себе си се нарекуваат “Јас и Јас“. Освен тоа, “Јас и Јас“ го користат наместо “Ние“, и се користи на овој начин за да се изрази еднаквост помеѓу луѓето, признавајќи дека Светиот Дух внатре во нас, сите не прави исти и во суштина едно.
Некои Растафаријани го прифаќаат Христијанското верување дека Бог се инкарнирал на Земјата во формата на Исус Христос, за да го пренесе своите учења на човештвото. Како и да е, тие често велат дека неговите учења биле изопачени од Бабилон.
Светото Тројство [уреди]
Раста верувањето го опфаќа Светото Тројство вклучувајки потенцирање на „Свети Селеси“ , значењето на “Моќта на Тројството“ или “Силата на Тројството“ во Ге’ез- името кое му е дадено на Рас Тафари по неговото крштевање, и подоцна се сметало за дел од неговото владеечко име со кое се здобил на 2 Ноемри 1930 на неговото крунисување од страна на Етиопската Православна Црква.
Зајон наспроти Бабилон [уреди]
Растафаријаните тврдат дека Зајон (односно Африка, посебно Етиопија) е земјата која Џа ним им ја ветил. За да го достигнат ова, тие го отфрлаат модерното западно општество, кое го нарекуваат Бабилон, кое го гледаат како бесконечно корумпирано.
Лавот [уреди]
Лавот е знак на Свети Селеси. Исус Христос во библијата е опишан како “Лавот на Јуда“, и поради таа причина, Свети Селеси го гледаат како реинкарнација на Исус.
Ганџа/Канабис [уреди]
За растите, пушењето канабис, често познат како “трева“, “грас“, “синсемила“ е спиритуален чин, често придружуван од Библиски учења, кој се смета за причестување кое го прочистува телото и умот, лекува душата, носи задоволство, и ги доближува до Џа.
Наводи [уреди]
- Dread, The Rastafarians of Jamaica, by Joseph Owens ISBN 0-435-98650-3
- Experience, by Lincoln Thompson
- Soul Rebels: The Rastafari, by William F Lewis
- Rastafari: A Way of Life, by Tracy Nicholas ISBN 0-948390-16-6
- Book of Memory: A Rastafari Testimony, composed by Prince Elijah Williams and edited by Michael Kuelker ISBN 0-9746021-0-8
- Complete Idiot's Guide to World Religions, by Toropov, Brandon ISBN 0-7865-8840-5
Надворешни врски [уреди]
- Rastafarianism Scholarly profile at the Religious Movements Homepage (University of Virginia)