Боб Марли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Роберт Неста „Боб" Марли (6 февруари 1945 година - 11 мај 1981 година) беше јамајкански пејач-текстописец и музичар. Тој е лидер, текстописец и гитарист на ска, rocksteady и реге бендовите Wailers (1964-1974) и Bob Marley & The Wailers (1974-1981). Марли остана познат и почитуван изведувач на реге музика, и е заслужен за помагање во ширењето на Јамајканската музика и движењето Rastafari ширум светот.

Најголеми хитови на Марли се: "I Shot the Sheriff", "No Woman, No Cry", "Could You Be Loved", "Stir It Up", "Jamming", "Redemption Song", "One Love" и, заедно со The Wailers, "Three Little Birds", како и постхумно објавените "Buffalo Soldier" и "Iron Lion Zion". Албумот Legend (1984), објавен три години по неговата смрт, е најдобро-продаван реге албум кој достигна 10 кратен платински (дијамантски) тираж во САД и продажба над 20 милиони копии ширум светот.


Живот и кариера

Боб Марли беше роден во малото село Nine Mile во Saint Ann Parish, Јамајка како Неста Роберт Марли. Подоцна некој службеник во Одделението за пасоши по грешка ќе го замени неговото средно име. Неговиот татко, Норвал Синклер Марли (Norval Sinclair Marley), беше Јамајканец со англиско потекло, чие семејство потекнува од Есекс, Англија. Норвал беше капетан во Кралската морнарица, како и надзорник на плантажи, кога се оженил со Cedella Booker, Афро-Јамајканка, тогаш на возраст од 18 години. Норвал финансиски ги обезбедуваше неговата сопруга и детето, но ретко се гледаше со нив бидејќи често патуваше. Во 1955 година, кога Марли имаше 10 години, неговиот татко почина од срцев удар на возраст од 60 години. Марли, како мал, често беше предмет на исмевање поради неговото мешано потекло и се соочуваше со прашања во врска со неговиот идентитет низ целиот живот. Тој еднаш рекол: „Јас немам предрасуди кон себе си. Татко ми беше бел, а мајка ми црна. Нека ме викаат полу-каста или како им е мило. Јас не сум на ничија страна. Нити сум на страна од црнците, ниту пак од страна на белците. Јас сум од страна на Бог, оној кој ме создаде и кој е причина да водам потекло од белец и црнкиња.“ Иако Марли го призна неговото мешано потекло, во текот на неговиот живот и поради неговите верувања, тој се само-идентификува како црнец од Африка. Во песните како “Black Survivor", "Babylon System", и "Blackman Redemption", Марли пее за борбата на црнците и Африканците против угнетувањето од Западот.

Марли се спријатели со Neville "Bunny" Livingston (подоцна познат како Bunny Wailer), со кого започнал да свири. Тој го напуштил училиштето на 14 годишна возраст за да започне да свири со Joe Higgs, локален пеjач и посветен Rastafari. На една сесија за џез импровизадија со Higgs и Livingston, Марли го сретна Peter McIntosh (подоцна познат како Peter Tosh), кој имаше слични музички амбиции. Во 1962 година, Марли ги сними своите први два сингла, "Judge Not" и " One Cup of Coffee ", со локалниот музички продуцент Leslie Kong. Овие песни, објавени на етикетата на Беверли под псевдонимот Боби Мартел, привлекоа малку внимание. Песните подоцна беа повторно ре-издадени во сетот Songs of freedom, постхумна колекција од музиката на Марли.

Музичка кариера The Wailers

Во 1963 Боб Марли, Bunny Wailer, Peter Tosh, Junior Braithwaite, Beverley Kelso и Cherry Smith ја формираа ска и rocksteady групата The Teenagers. Подоцна го променија нивното име во "The Wailing Rudeboys", потоа во "The Wailing Wailers", кога беа откриени од продуцентот Coxsone Dodd, и конечно во "The Wailers". До 1966, Braithwaite, Kelso и Smith ги напуштија The Wailers, оставајќи го триото Bob Marley, Bunny Wailer, and Peter Tosh. In 1966, Maрли се ожени со Рита Андерсон и за кратко се пресели во близина на куќата на неговата мајка во Вилмингтон, Делавер, САД, за кратко време за кое работеше како помошник во лабораторијата на DuPont и на лентата за берба на плантажата Крајслер, под името Доналд Марли.

Кога се врати во Јамајка, Марли стана член на Rastafari движењето и започна да го носи она по што стана препознатлив, неговите суканици. После недоразбирањето со Дод, Марли и неговиот бенд се соединија со Lee "Scratch" Perry и неговиот студио бенд, The Upsetters. Иако сојузот траеше помалку од една година, тие, според многумина, ги снимија најдобрите хитови на The Wailers’. Марли и Пери се разделија по несогласувањето во односот на правата за снимање, но тие ќе останат пријатели и ќе работат повторно заедно помеѓу 1968 и 1972 година. Боб и Рита Марли, Питер Тош и Бани Вејлер издадоа некои стари снимки од JAD Records, во Кингстон и Лондон, во обид да го комерцијализираат звукот на The Wailers'. Бани подоцна тврдеше дека овие песни „никогаш не требаше да се објават во албум… тие беа само демо снимки кои продуцентските компании ги слушаа." Во 1968, Боб и Рита го посетија Бронкс за да се видат со текстописецот на Џони Неш, Џими Норман. Тридневната сесија за џез импровизација со Норман и останатите, вклучувајќи го и ко-авторот на Норман, Al Pyfrom, резултираше со 24 минутна снимка на која Марли изведуваше неколку негови и композиции од Норман и Pyfrom, што според Реге архиварот Роџер Стефенс е ретко тоа што беше под влијание на поп наместо на реге, како дел од обидот Марли да се пробие на Американските топ листи. Според една статија во The New York Times, Марли на таа снимка експериментираше со различни звуци, приспособувајќи го doo-wop стилот на "Stay With Me" и „бавниот стил на артистите од 1960-тите" на "Splish for My Splash". Првиот албум на The Wailers, Catch a Fire, беше издаден во 1973 год. и добро се продаваше. Година подоцна беше издаден Burnin', во кој се наоѓаа песни како: "Get Up, Stand Up" и "I Shot the Sheriff". Ерик Клептон направи хит сингл од "I Shot the Sheriff" во 1974, подигнувајќи го на повисоко ниво интернационалниот профил на Марли. The Wailers се растурија во 1974, секој од трите главни членови тргна во своја соло кариера. Има повеќе претпоставки за причините за распадот на гурпата; некои веруваат дека имаше несогласувања помеѓу Бани, Пиетри Боб околу нивните изведби, додека други тврдат дека Бани и Питер едноставно сакаа да започнат соло кариери.

Боб Марли & The Wailers

И покрај распадот, Марли продолжи да снима под името " Bob Marley & The Wailers". Неговиот нов бенд кој го придружуваше на настапите ги вклучуваше браќата Carlton и Aston "Family Man" Barrett на тапани и бас, односно Џуниор Марвин и Ал Андерсон како гитарист, Tyrone Downie и Earl "Wya" Lindo на клавијатури и Alvin "Seeco" Patterson на ударни инструменти. "I Threes", во состав Judy Mowatt, Marcia Griffiths и сопругата на Марли, Рита, беа придружни вокали. Во 1975 година, Марли се проби на интернационална сцена со својот прв хит надвор од Јамајка, "No Woman, No Cry", песна од „Тhe Natty Dread“ албумот. Ова беше проследено со неговиот деби албум во САД, Rastaman Vibration (1976), кој беше четири недели на Billboard Hot 100. Во декември 1976 година, два дена пред „Насмевни се Јамајка", бесплатен концерт организиран од Премиерот на Јамајка, Michael Manley, во обид да се намали тензијата меѓу две завојувани политички групи, Марли, неговата сопруга, и менаџерот Дон Тејлор беа повредени во напад од непознати вооружени лица врз домот на Марли. Тејлор и сопругата на Марли се здобиле со сериозни повреди, но подоцна се опоравиле. Боб Марли се здоби со помали рани во градите и раката. Нападот се смета дека беше политички мотивиран, бидејќи многумина мислеа дека концертот всушност беше за поддршка на Manley. Сепак, концертот продолжил, а повредениот Марли имаше настап и два дена после концертот. Кога го прашале зошто го направил тоа, Марли одговорил: „Луѓето кои се обидуваат да се направи овој свет уште полош не земаат слободен ден. Како јас да го направам тоа?" Членовите на групата Zap Pow, кои немаа радикални религиозни или политички убедувања, се појавија како бенд во придружба на Боб Марли пред фестивалска публика од 80.000, додека членовите на The Wailers се уште се водеа за исчезнати или се криеја. Марли ја напушти Јамајка на крајот на 1976 година и замина во Англија, каде што помина две години во свој наметнат егзил. Додека беше таму ги сними албумите Exodus и Kaya. Exodus остана на Британските листи за најпопуларен албум 56 непрекинати недели. Од тој албум имаше четири хит синглови во тоа време во Велика Британија: "Exodus", "Waiting in Vain", "Jamming", и "One Love" (препев на хитот на Curtis Mayfield, "People Get Ready"). За време на неговиот престој во Лондон, тој беше уапсен и доби пресуда за поседување на мало количество на канабис. Во 1978 година, Марли се врати во Јамајка и настапи на друг политички концерт, “One Love Peace Concert”, повторно во обид да се смират завојуваните страни. Кон крајот на концертот, по барање на Марли, Michael Manley (лидер на тогаш владејачката Национална народна партија) и неговиот политички противник Edward Seaga (лидер на спротивната Јамајканска Лабуристичка партија), се качија на сцената и се ракуваа Под името Bob Marley & Wailers беа издадени единаесет албуми, четири албуми од живи настапи и седум студиски албуми. Во издадените спаѓаат: Babylon by Bus, двоен албум во живо со 13 песни, беше издаден во 1978 година. Овој албум, а особено последната песна "Jammin” со побеснетата публика во позадина, го опфати интензитетот на настапи во живо на Марли. Survival, дрзок и политички нападнат албум, беше издаден во 1979 година. Преку песните како " Zimbabwe", "Africa Unite", "Wake Up and Live", и "Survival” се гледа поддршката на Марли за борбата на Африканците. Со неговото појавување на Амандла фестивалот во Бостон, јули 1979 година, го покажа своето силно спротивставување на аперхејдот во Јужна Африка, што веќе го имаше прикажано во неговата песна "War" од 1976 година. Во почетокот на 1980 година, бил поканет да настапи на прославата на Денот на независноста на Зимбабве (17 април). Uprising (1980) е последниот студиски албум на Боб Марли и е една од неговите најистакнати верски продукти, вклучувајќи ги и "Redemption Song" и "Forever Loving Jah. Confrontation, објавен постхумно во 1983 година, се состои од необјавени материјали снимени во текот на неговиот живот, вклучувајќи го и хитот "Buffalo Soldier" и нови миксови на синглови претходно достапни само во Јамајка.

Подоцнежни години Болест

Во јули 1977 година, кај Марли беше откриен acral lentiginous melanoma, форма на малигна меланома, појавена во една негова рана, која наводно ја здобил во пријателски фудбалски натпревар. По албумот Uprising, издаден во мај 1980 година, групата завршува голема турнеја низ Европа , каде што го имаа најголемиот концерт во нивната кариера, пред сто илјади луѓе во Милано. По турнејата Марли отиде во Америка, каде што имаше два настапи во Madison Square Garden како дел од Uprising турнејата. Набргу потоа неговото здравје се влошува и тој прилично многу се разболе, ракот веќе се прошири низ неговото тело. Остатокот од турнејата е откажана и Марли беше на лечење во Бавариската клиника Josef Issels, каде што доби контроверзен вид на терапија делумно базирана врз избегнување на одредени видови храна, пијалоци и други супстанции. По осуммесечната борба против ракот, без успех, тој изнајми авион за неговото враќање во Јамајка. Смрт и постхумна репутација

Додека летаат дома од Германија до Јамајка, прифаќајќи дека ќе умре, виталните функции на Марли се влошија. Слетаа во Мајами, каде беше однесен во болница за да добие итна медицинска помош. Тој почина во болницата Cedars of Lebanon, во Мајами, утрото на 11 мај, 1981година, на возраст од 36. Ширењето на ракот на неговите бели дробови и на мозокот ја предизвикаа смртта. Неговите последни зборови до неговиот син Ziggy беа: „Парите не можат да купат живот." Марли доби државнички погреб во Јамајка на 21 мај 1981 година, комбиниран со елементи од Етиопското Православие и Rastafari традицијата. Тој беше погребан во капела во близина на родното место со неговата црвена Fender Stratocaster - гитара (некои тврдат дека тоа беше Gibson Les Paul). Еден месец пред неговата смрт, беше награден со Орден за заслужност од неговата татковина Јамајка.

Во 1994 година Марли беше примен во Rock and Roll Hall of Fame, а во 1999 година магазинот Time го избра албумот на Боб Марли & The Wailers "Exodus” за најдобар албум на 20-тиот век. Во 2001 година, тој беше постхумно награден со Греми за животно дело, беше снимен и документарен филм за неговиот живот под наслов Rebel Music, кој освои различни награди на доделувањето на Grammys. Со придон еси од неговата сопруга Рита, од Wailers, и од љубовниците и децата на Марли, исто така, поголемиот дел од приказната ја раскажува со неговите сопствени зборови. Во негова чест беше поставена и статуа веднаш до националниот стадион Arthur Wint Drive во Кингстон. Во 2006 година, државата Њујорк преименува дел од црквата Avenue од Remsen Avenue во East 98th Street, во источниот дел на Flatbush „Булевар Боб Марли.”

Религија

Боб Марли беше член на движењето Rastafari, чија култура беше клучен елемент во развојот на регето. Боб Марли стана водечки проповедник на Rastafari, издвојувајќи ја нивната музика надвор од социјално осиромаштените области на Јамајка и претставувајќи ја на меѓународната музичка сцена. Според неговите биографи, тој се поврзува со дванаесетте племиња на Мансион. Тој беше именуван како „Племето на Јосиф", бидејќи е роден во февруари (секоја од дванаесетте секти бише составена од членови родени во различен месец). Како вистински Rastas кој практикува диета без месо, позната како Ital, Марли беше вегетаријанец. Тој го претстави ова во белешките во неговиот албум, цитирајќи дел од генезата која го вклучува благословот на Јаков на неговиот син Јосиф. Марли бил крстен од страна на Архиепископот на Етиопската православна христијанска црква во Кингстон, Јамајка, на 4 ноември 1980 година.


Жена и деца

Боб Марли имаше многу деца: три со неговата сопруга Рита, две посвоени од претходните врски на Рита, и неколку други со различни жени. На официјалниот веб-сајт на Боб Марли, признати се единаесет деца.

Наведени се:

1. Sharon, родена 23 ноември 1964 година, од претходната врска на Рита

2. Cedella родена 23 август 1967 година, со Рита

3. David "Ziggy", роден 17 октомври 1968, со Рита

4. Stephen, роден 20 април 1972, со Рита

5. Robert "Robbie", роден 16 мај 1972 година, со Пет Вилијамс

6. Rohan, роден 19 мај 1972 година, со Janet Hunt

7. Karen, роден/а 1973 со Janet Bowen

8. Стефани, родена 17 август 1974; според Cedella Booker таа е ќерка на Рита и човек наречен Итал со кого Рита била во љубовна врска; сепак, таа беше признаена како ќерка на Боб

9. Julian, роден 4 јуни 1975 година, со Lucy Pounder

10. Ky-Mani, роден 26 февруари1976 година, со Anita Belnavis

11. Damian, роден 21 Јули 1978, со Cindy Breakspeare


Makeda, која е родена на 30 мај 1981 година, од Yvette Crichton, по смртта на Марли, е наведена како дете на Марли, но таа не е во листата на официјалниот вебсајт на Боб Марли.

Различни веб сајтови, (како на пример "Bob Marley's Children". Chelsea's Entertainment Reviews. http://chelseasreviews.wordpress.com/2006/12/07/bob-marleys-children/) исто јо наведуваат Imani Carole, родена 22 мај 1963 година од Cheryl Murray, но таа не се појавува на официјалниот веб-сајт.

Турнеи

• Apr–Jul 1973: Catch a Fire Tour (England, USA)

• Oct–Nov 1973: Burnin' Tour (USA, England)

• Jun–Jul 1975: Natty Dread Tour (USA, Canada, England)

• Apr–Jul 1976: Rastaman Vibration Tour (USA, Canada, Germany, Sweden, Netherlands, France, England, Wales)

• May–Jun 1977: Exodus Tour (France, Belgium, Netherlands, Germany, Sweden, Denmark, England)

• May–Aug 1978: Kaya Tour (USA, Canada, England, France, Spain, Sweden, Denmark, Norway, Netherlands, Belgium)

• Apr–May 1979: Babylon by Bus Tour (Japan, New Zealand, Australia, Hawaii)

• Oct 1979–Jan 1980: Survival Tour (USA, Canada, Trinidad/Tobago, Bahamas, Gabon)

• May–Sep 1980: Uprising Tour (Switzerland, Germany, France, Norway, Sweden, Denmark, Belgium, Netherlands, Italy, Spain, Ireland, England, Scotland, Wales, USA)

Награди и почести

• 1976: Band of the Year (Rolling Stone)

• June 1978: Awarded the Peace Medal of the Third World from the United Nations

• February 1981: Awarded Jamaica's third highest honour, the Jamaican Order of Merit

• March 1994: Inducted into the Rock and Roll Hall of Fame

• 1999: Album of the Century for Exodus (Time)

• February 2001: A star on the Hollywood Walk of Fame

• February 2001: Awarded Grammy Lifetime Achievement Award

• 2004: Rolling Stone ranked him #11 on their list of the 100 Greatest Artists of All Time

• "One Love" named song of the millennium by BBC

• Voted as one of the greatest lyricists of all time by a BBC poll.

• 2006: A plaque dedicated to him by Nubian Jak community trust and supported by Her Majesty's Foreign Office.

• 2010 "Catch a Fire" inducted into the Grammy Hall of Fame (Reggae Album).