Густав Леонхарт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Густав Леонхарт

Густав Леонхарт (холандски: Gustav Leonhardt, р. 30 мај 1928 во 'с-Гравеланд) е истакнат холандски клавијатурист, диригент, музиколог, наставник и уредник. Бил истакнат поборник во движењето за автентична музичка изведба. Како клавијатурист, изведувал и снимал на чембало, оргули, клавиорганум (комбинација од чембало и оргули), клавикорд и фортепијано.

Од 1947 до 1950, Густав Леонхарт учел оргули и чембало во класата на Едуард Милер при школата Скола Канторум во Базел. Како чембалист за прв пат настапил во Виена во 1950 и таму учел музикологија. Потоа бил професор по чембало на Музичката академија од 1952 до 1955 и Амстердамскиот конзерваториум од 1954. Бил и црковен органист.

Леонхарт за прв пат ги снимил делата за чембало на Јохан Себастијан Бах во раните 1950-ти. Овие плочи му помогнале да се прослави како одличен чембалист и извонреден Бахов интерпретатор. Во 1954 го водел Леонхартовиот барокен ансамбл со прочуениот англиски контратенор Алфред Делер и за прв пат снимил две Бахови кантати. Во ансамблот учествувала и жена му, Мари Леонхарт и Едуард Мелкус (виолини), Алис Хофелнер (виола), Николаус Харнонкорт (виолончело) и Мајкл Пигет (обоа).

Иако Леонхарт има диригирано и изведувано најразлична музика од барокниот и класицистичкиот период, најпознат е по низа снимки (во соработка со Харнонкорт) на сите Бахови кантати направени низ временски период од 20 години, од 1971 до 1990.

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици