II Зимски олимписки игри се одржале од 11 до 28 јануари 1928 година во Сент Мориц, Швајцарија. Тоа биле првите Зимски олимписки игри, кои не се одржале во склоп на Летните олимписки игри. Претходните Зимски олимписки игри, додатно биле именувани како „зисмки“, отакако биле организирани како дел од биле одржане као дел од Летните олимписки игри во 1924.
Краток преглед [уреди]
- Соња Хени од Норвешка освоила злато во уметничко лизгање во женска конкуренција, со само 15 години. Таа освоила златни медали и на следните две Олимписки игри.
- Лизгачот Гилис Графстром од Шведска го освоил треттото последователно злато во уметничко лизгање во машка конкуреција.
- Клас Дунберг од Финска освоил две златни медали во брзо лизгање (во трките на 500 и 1500 m), додека Ивар Балангруд од Норвешка победил во трката на 5000 m и освоил бронза во трката на 1500 m, со што го започнал успешното учество на Зимските олимписки игри.
- Хокејарската репрезентација на Канада ја потврдила доминацијата во спортот, освојувајќи го златниот медал без примен гол, со гол разлика 38-0.
Спортови [уреди]
Медали биле доделени во 14 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и еден вид на тркачки спорт со санки, влечени од кучиња, при што возачот бил на скии, а не на санката.
Распоред на натпревари [уреди]
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
| ● |
Церемонија на отворање |
● |
Квалификациски натпревари |
● |
Финални натпревари |
● |
Церемонија на затворање |
Земји-учеснички [уреди]
*
сино = земји кои за прв пат учествуваат
*
зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите
На игрите учествувале 464 спортисти од 25 земји. Своето прво учество го забележале: Аргентина (прва земја од јужната хемисфера којашто учествувала на Зимските олимписки игри), Германија, Естонија, Јапонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Романија и Холандија.
Освојувачи на медали [уреди]
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]